Српскиот велемајстор Александар Инѓиќ победи на Европското индивидуално првенство во стандарден шах кое се одигра овој месец во Петровац, Црна Гора, а тоа беше причина плус нашиот веб-портал ДЕРБИ да направи ексклузивно интервју со него. На македонскиот шаховски аудиториом Инѓиќ му е познат како прва табла на ШК Алкалоид за време на последните три државни првенства, каде што секоја екипа има право на двајца странски играчи, при што „фармацевтите“ од година во година се потврдуваат како најдобар клуб во државата. ДЕРБИ: Можеби е клише прашање, но имајќи предвид дека на овој турнир влезе како 33 играч по рејтинг, дали се…
Author: saso
Џорџ Расел со Мерцедес победи на трката за ГН на Лас Вегас во Формула 1, но радоста беше на лицата на луѓето од Ред Бул, затоа што четвртата последователна светска титула отиде кај Холанѓанецот Макс Верстапен. Верстапен на денешната трка заврши на петтата позиција, но зад себе го остави големиот ривал Ландо Норис (Мекларен), што беше доволно и математички да дојде до новата титула. Мерцедес направи двоен триумф со седумкратниот шампион Луис Хамилтон од Велика Британија кој заврши на второто место. Возачите на Ферари, Карлос Саинц (Шпанија) и Шарл Леклер (Монако) завршија на третото и четвртото место.
Манчестер Сити вчера доживеа тежок пораз на домашен терен од лондонски Тотенхем со 0:4 во натпреварот од 12. коло на англиската Премиер лига. Според статистичарите, Манчестер Сити е првиот актуелен првак на Англија кој загубил пет последователни натпревари во сите натпреварувања по лондонски Челзи. Последен пат тоа му се случило со шампионот на лигата во март 1956 година, кога титулата ја бранел тимот на Челзи.
На спортскиот директор на Реал Мадрид, Сантијаго Солари му било кажано дека ќе го преземе клубот доколку менаџерот Карло Анчелоти мора да добие отказ. Внатрешните дискусии околу иднината на Карло Анчелоти се водат по поразот од Барселона. Ситуацијата се влоши по разочарувањето против Милан. Сантијаго Солари беше назначен за фудбалски директор на клубот во 2022 година, а претходно беше тренер на Реал меѓу 2018-19 година пред да се пресели во мексикански клуб.
Кошаркарската репрезентација на Македонија денеска го одработи тренингот пред утрешниот натпревар од четвртото коло во квалификациите за Евробаскетот 2025, во кое ќе играме повторно против Литванија. Натпреварот во Клаипеда се игра во терминот од 18:30 часот. Кошаркарите денеска тренираа во салата „Свитурио“ каде и што ќе се игра средбата. За разлика од првиот натпревар, од денеска во нашиот тим е и нашиот најдобар кошаркар, Ненад Димитријевиќ.
Португалскиот тренер Рубен Аморим, кој неодамна седна на кормилото на Манчестер јунајтед, веднаш почна да прави планови за изгледот на тимот кој го наследи. Аморим сака неколку засилувања во следниот период, а наводно веќе договорил еден фудбалер од Реал Мадрид. Англиските медиуми пишуваат дека „црвените ѓаволи“ почнале преговори со Едуардо Камавинга, кој бил расположен да се пресели на „Олд Трафорд“. Вредноста на Камавинга е околу 100 милиони евра.
Најдобриот кошаркар во Евролигата, Саша Везенков во иднина би можел да настапува за репрезентацијата на Кипар. Кипар кој е еден од домаќините на следниот Евробаскет го посакува Везенков во своите редови. Минатата сезона бугарскиот кошаркар настапуваше во редовите на Сакраменто од каде што пристигна во Олимпијакос. Везенков веќе го носеше дресот на Бугарија, но според правилникот на ФИБА има можност да ја промени земјата.
Ардијан Рустемовски освои сребрен медал на Балканското Првенство во Лозница. По пет бронзени одличја до сега, македонскиот боксерски репрезентативец Ардијан Рустемовски го освои сребрениот медал на Балканското првенство во бокс во Лозница и на Македонија и донесе уште едно големо признание од овој шампионат. Ардијан загуби во финалето од Украинецот Максим Зименко со прекин во третата рунда. Македонија веќе има уште две финалиња, кои можат дани донесат и злато. Денеска во финалето на Балканското првенство ќе настапат сеноирите Ален и Ружди Рустемовски. Финале 57 кг Ален Рустемовски –Денис Роздолски (Украина) Финале 60 кг Ружди Рустемовски – Стефан Чамовиќ (Србија)
Легендарниот играч за врска на Реал Мадрид, Лука Модриќ би можел да го напушти клубот следното лето. На Хрватот му истекува договорот, кој според различни проценки, тешко дека страните ќе го обноват. Мадрид ќе излезе на трансфер пазарот на лето за да ја најде неговата замена. Според изворот, најверојатен кандидат за заменик на Модриќ е ѕвездата на Интер, Никола Барела. Интер сака да добие 80 милиони евра за Барела, но претседателот на клубот Флорентино Перез е убеден дека миланезите можат да бидат убедени да се согласат на трансферот за 60 милиони евра.
Штутгарт неколку месеци ќе биде без својот напаѓач Ел Билал Туре, откако фудбалерот заработи фрактура на ногата, соопшти бундеслигашот. Туре тешката повреда ја доживеа додека играше за репрезентацијата на Мали во текот на неделата и треба да биде опериран. Туре дојде во Штутгарт на позајмица пред оваа сезона од италијанска Аталанта. Тој го постигна победничкиот гол против Јувентус (1:0) во Лигата на шампионите. Штутгарт во петокот објави дека тимот ќе остане и без напаѓачот Денис Ундав во наредните недели откако тој заработи повреда на мускулот на тренинг.
