Претседателот на Барселона, Жоан Лапорта, наводно работи напорно на плановите да го регистрира Дани Олмо за остатокот од сезоната. Како што стојат работите, Олмо е регистриран само до крајот на календарската година, што значи дека е потребно решение – и тоа брзо. „Марка“ сега известува дека Лапорта има голем број идеи да ги собере потребните средства за да се осигура дека Олмо може да игра за првиот тим во 2025 година. Барса веќе потпиша нов договор со „Најк“, иако тоа не е доволно за да се регистрира Олмо. Сепак, Барса „доставува документација за Ла Лига“ за да покаже дека приходот…
Author: saso
Дефанзивецот на Борусија (Дортмунд) Валдемар Антон, се здобил со кинење на мускулните влакна на препоните, поради што го очекува пауза од најмалку еден месец. Антон сигурно ќе ги пропушти претстојните натпревари на „жолто-црните“ против Борусија (Менхенгладбах) во Бундеслигата и против Барселона во Лигата на шампионите. Тој се повреди во првото полувреме на дербито против Баерн (Минхен) и мораше да биде принуден заменет. Од тимот од Дортмунд се надеваат дека дефанзивецот ќе биде на терен кон крајот на годината.
Новиот менаџер на Челзи, Енцо Мареска објасни зошто Челзи се уште не е подготвен да се бори за титулата во Премиер лигата. Тренерот на „сините“ смета дека на тимот му недостига искуство за борба против Ливерпул, Манчестер Сити и Арсенал. „Имаме таков тип на играчи што некои од нив одиграле, можеби, само едно финале во животот. Значи, треба да го искористиме моментот и да станеме подобри, а кога ќе го искористиме тој момент, ќе станеме подобри и ќе можеме да се натпреваруваме. Ќе бидеме во шампионската трка наскоро, но недостигот на искуство е една од причините зошто сè уште не…
Кошаркарите на Кливленд го победија Бостон со 115:111 во големото дерби на врвот во Истокот. Со оваа победа Кавс ја прекинаа серијата од седум победи на Селтикс и повторно покажаа дека се во извонредна форма. Донован Мичел ги предводеше домашните до победа со 35 поени, од кои 20 постигна во четвртата четвртина, а имаше и седум скока, три асистенции и две украдени топки. Тој погоди шест шута од поле во последниот дел од мечот, од кои четири беа тројки. Во победата Дариус Гарланд придонесе со 22 поени, а Џорџ Нианг и Крис Леверт имаа по 13 поени. Во тимот на…
Играчите на кошаркарскиот клуб Работнички, кој од почетокот на сезоната очигледно има огромни проблеми и со финансиите и со организацијата во клубот, денеска се огласија со соопштение за состојбата во клубот. Тие ја објаснија ситуацијата и најавија дека ако нешто не се подобри под знак прашалник е следниот настап на тимот. „Следствено последните збиднувања во клубот, ние, играчите и стручниот штаб на КК Работнички, решивме преку ова соопштение да ја обелодениме немилосрдната ситуација во која се наоѓаме. Последните четири месеци сме буквално оставени на милост и немилост од страна на управата во клубот. Освен Бранко Радевски, ниту еден друг член…
Германски „Спорт Билд“ објави дека РБ Лајпциг ќе бара околу 15 милиони евра за продажба на македонскиот репрезентативец Ељиф Елмас оваа зима. Елмас дојде во редовите на „биковите“ минатата зима од Наполи за 24 милиони евра, но не успеа да се наметне на Ред Бул Арената. 25-годишниот Елмас забележа само една асистенција на 22 натпревари за Лајпциг. Нашиот репрезентативец моментално е надвор од терените поради повреда на тетивата што ја заработи за време на неодамнешната репрезентативна пауза. Повредата најверојатно ќе го оддалечи до крајот на годината, што значи дека можеби веќе го одиграл и последниот натпревар за Лајпциг. „Продажбата на…
Фудбалските фанови од целиот свет сега можат да го дадат својот глас во трката за најдобар играч за 2024 година во изборот на ФИФА наречен „The Best“. ФИФА денеска го објави потесниот список на номинирани за престижното признани. Гласањето е отворено на FIFA.com во голем број категории на награди, а навивачите ќе имаат клучна улога во изборот на победниците. Гласањето за сите категории ќе биде подеднакво вклучено меѓу навивачите, актуелните капитени и тренери на сите женски/машки репрезентации и претставниците на медиумите. Во финалниот избор на 11 номинации за „Најдобар фудбалер за 2024 година“ се најдоа: Дани Карвахал (Шпанија), Реал Мадрид…
Менаџерот на Манчестер Јунајтед, Рубен Аморим, беше трогнат од специјалниот пречек што му го приредија навивачите на Олд Трафорд за време на неговата прва победа на кормилото на „црвените ѓаволи“ со 3-2 над норвешки Бодо/Глимт во Лига Европа. 39-годишниот Португалец за првпат го предводеше тимот пред својата публика и веднаш ги освои срцата на навивачите. “Тоа беше посебно затоа што половина стадион се уште не ме познава. Доаѓам од Португалија и на многумина сè уште не сум им познат. Се уште не сум направил ништо за овој клуб, но начинот на кој ме пречекаа на почетокот почувствував дека не сум…
Дефанзивецот Матео Габија го обнови договорот со Милан до јуни 2029 година, информира италијанскиот фудбалски гигант. Габија, кој и се приклучи на Академијата на росонерите на 12-годишна возраст, се наметна во првиот тим откако се врати од позајмица во Виљареал во јануари. 25-годишниот фудбалер забележа 25 настапи во сите натпреварувања во втората половина од минатата сезона и одигра осум натпревари оваа сезона, откако пропушти неколку недели поради повреда. Во септември, Габија постигна незаборавен гол во победата од 2-1 над Интер во Дерби дела Мадонина.
Некогашниот напаѓач на Баерн (М) и ПСЖ, Ерик-Максим Чупо-Мотинг, ќе биде нов фудбалер на Њујорк Ред Булс во МЛС лигата. Тој заминува во САД како слободен агент. 35-годишниот напаѓач ќе потпише договор со клубот на најмалку две години. Камерунецот веќе го поминал лекарскиот преглед и од јануари 2025 година ќе игра за Ред Булс. Техничкиот директор на групацијата клубови кои се под брендот Ред Бул, Марио Гомез, инаку поранешен напаѓач на германската репрезентација, одиграл клучна улога во трансферот. Последниот клуб на Чупо-Мотинг беше Баерн, кој го напушти на крајот на минатата сезона.
