Author: saso

Легендата на Јувентус, Алесандро Дел Пиеро верува дека тимот е во ваква лоша позиција не само поради многуте повреди оваа сезона, туку и поради тоа што ја изгубил стравопочитта кај противниците. Оваа негова изјава дојде по последното реми, 2:2 против Болоња викендов. „Вечерва сигурно не им недостигаше желба, што донесе пресврт. Имаа негатива од 2-0 на домашен терен, па се вратија за реми. Сепак, тие сигурно се во неволја бидејќи ги немаат сите свои играчи. Уште една лоша повреда за нив бидејќи Андреа Камбијасо е одличен играч на Јувентус. Да бидам искрен, тие исто така се во неволја бидејќи на…

Read More

Иако долго време се шпекулира дека Леандро Паредес ќе се врати во Бока Јуниорс на крајот на сезоната, кога ќе му истече договорот со Рома, сепак, работите драстично се променија по назначувањето на Клаудио Раниери, пишува весникот „Газета дело Спорт“. Аргентинецот стартуваше на секој меч од доаѓањето на Раниери, кој очигледно има планови со него во составот на „волчицата“. „Паредес е шампион, што е нешто што никогаш не се менува. Да бев тренер следната година, jaс би го задржал. Неговото продолжување зависи особено од него“, вели Раниери, околу прашањето за неговото место во Рома. Играчот од средниот ред заработува 4,5…

Read More

Швајцарскиот скијач Томас Тамлер победи синоќа на велеслалом кој во рамките на Светскиот куп се возеше во Бивер Крик, САД. Тамлер уште по првото возење беше прв, а трката ја заврши со 2:27.60 минути и ја оствари првата победа во кариерата. Второто место го зазеде Лукас Бротен Пинеиро со заостанување од 0,12 секунди и го обезбеди првиот победнички подиум на Светското првенство за Бразил. Норвежанецот се врати на патеката по една година пауза, а сега се натпреварува за Бразил и го додаде презимето на неговата мајка. Словенечкиот скијач Жан Крањец го освои третото место со заостанување од 0,58 секунди. Тоа…

Read More

Екипата на Ботафого е новиот шампион на Бразил! Титулата за Ботафого стигна по една голема победа над Сао Паоло од 2:1 во последното 38. коло од популарното Бразилеро, што значеше дека освојувачот на Копа Либертадорес освојува уште еден голем трофеј оваа сезона во Јужна Америка. На Ботафого му помогна и „киксот“ на Палмеирас, кој играше во исто време, но загуби од Флуминенсе со 0:1. Триумфот за Ботафого доаѓа нешто повеќе од една недела откако тимот го освои и Копа Либертадорес, а ова за клубот од Рио де Жанеиро е прва титула од 1995 година, како и трета вкупно во историјата…

Read More

Барселона прави значителни чекори кон обезбедување долгорочни договори за двајцата од своите најталентирани играчи од средниот ред, Педри и Гави. Според неодамнешните извештаи на новинарот Хозе Алварез Гаја, клубот е на работ на финализирање на договори кои ќе ги задржат двајцата играчи во Барселона најмалку до 2030 година. Всушност, новинарот тврди дека е „неминовно“ потпишувањето на новите договори на двоецот од средниот ред. Само минатата недела, извештаите покажаа дека разговорите меѓу Барселона и претставниците на Педри веќе се пред крај. Од клубот се уверени дека договорот е блиску и очекуваат наскоро да го објават продолжувањето.

Read More

Напаѓачот на Тотенхем, Ришарлисон, се почесто е поврзуван со потенцијално заминување од Лондон, бидејќи фрустрациите во таборот на Спарс продолжуваат да растат поради повредите на Бразилецот и борбите за место во стартниот тим. Тотенхем потроши огромни 60 милиони фунти за поранешната ѕвезда на Ватфорд и Евертон, кој се сметаше за една од ѕвездите кои треба да ја променат физиономијата на тимот. Но Ришарлисон не е ни бледа сенка од очекувањата на навивачите, затоа што досега има само 16 гола во дресот на тимот. 27-годишниот играч одигра само 88 минути оваа сезона во Премиер лигата и веќе се зборува за негово…

Read More

Официјално, Реал Мадрид и Барселона се единствените страни кои сè уште се поврзани со проектот Суперлига кој беше претставен во 2021 година и останува во мирување. Претседателот на Реал Мадрид, Флорентино Перез и натаму тврди дека Суперлигата останува жива и реална, а компанијата што треба да го организира натпреварувањето се уште останува активна. Минатата година, компанијата А22 лани претстави формат на ѕвездена лига, златна лига и сина лига наместо Лигата на шампионите, со 16 екипи во првите две дивизии и 32 во сината лига, од кои 20 екипи годишно ќе испаѓаат. Два клуба ќе бидат промовирани и исфрлени во лигите,…

Read More
NBA

НБА ќе се врати во Кина за првпат по 2019 година. Во октомври идната година во Макао ќе се одиграат два претсезонски натпревари меѓу Бруклин и Феникс. Враќањето ќе биде кулминација на долгогодишниот процес за поправка на односите меѓу НБА и Кина, откако комесарот Адам Силвер и лигата го поддржаа тогашниот генерален менаџер на Хјустон, Дерил Мори, објавувајќи слика на социјалните мрежи со која ги одобрува протестите во Хонг Конг во октомври 2019 година. Раздорот доведе до губење на профитабилни спонзорски договори и привремена забрана за мечеви од НБА на кинеската телевизија во 2019 година, што ја чинеше лигата стотици…

Read More

Пилотот на Ферари, Шарл Леклер, изјави дека нема за што да жали по резултатите кои ги оствари во тековната година, чие финале ќе се одржи со трката за Големата награда на Абу Даби. Тој вели дека возачите ќе сторат сè што е можно за да му помогнат на Ферари да го освои шампионатот кај конструкторите, за што на италијанскиот тим ќе му бидат потребни 22 бода повеќе од Мекларен. „Веројатно откако дојдов во Формула 1, ова е единствената сезона во која немам речиси за што да жалам. Ако зборуваме за брзината на болидот, првата полусезона беше тешка. Што се однесува…

Read More

Напаѓачот на Фиорентина, Мојс Кин, е прогласен за најдобар играч во италијанската Серија А за изминатиот месец. Во борбата за наградата, 24-годишниот Италијанец ги победи Алесандро Бонџорно (Наполи), Федерико Димарко (Интер), Адемола Лукман (Аталанта), Кефрен Турам (Јувентус) и Матија Закањи (Лацио). Минатиот месец, Кин имаше три настапи во Серија А, постигнувајќи пет гола додека „виолетовите“ победија на сите три меча одиграни во ноември. По 13 одиграни натпревари, Фиорентина има 28 бодови и е на четвртото место во Серија А.

Read More