Според украинскиот весник „Трибуна“, играчот на Челзи и украински репрезентативец Михајло Мудрик, бил позитивен на допинг тест на крајот на октомври. Медиумите пишуваат дека крилниот напаѓач се соочува со суспензија до четири години доколку се покаже дека е резултатите се точни. Сепак, ниту Украинскиот фудбалски сојуз, ниту самиот играч не ја коментираа информацијата. Челзи го ангажираше Михајло Мудрик од Шахтјор Доњецк во зимата 2023 година, но крилниот напаѓач се мачеше со настапите во Англија.
Author: saso
Оваа година Кикбокс Маитаи федерацијата на Македонија може да се пофали со извонреден успех и спортско достигнување од причина што од вкупно 6 номинации кои се однесуваат на индивидуалниот спорт во нашата држава, токму оваа федерација е единствена која што има номинирани спортисти, селектор и самата федерација во сите 6 номинации. Номинации во кои Кикбокс Маитаи федерацијата на Македонија учествува со свои спортисти, селектор и федерација се следните: 1 – Спортист на годината – Бобан Илиоски, 1-во место во категорија -86кг., на ЕП во кикбокс маитаи, одржано во Атина, Република Грција 2 – Спортистка на годината – Леа Бошевска, кикбокс…
Македонската женска ракометна репрезентација го доби противникот во бараж натпреварот за пласман на Светското првенство 2025 година. „Црвено-жолтите“ ќе ги одмерат силите против селекцијата на Полска. Првиот натпревар ќе се одигра на 9/10 април 2025 година, а потоа и реваншот неколку дена подоцна на 12/13 април. Полска ќе биде на домаќин на првата средба, додека вториот меч ќе се игра во Скопје. Репрезентациите на Норвешка, Данска и Унгарија ќе се пласираат директно на СП 2025, а истото важи и за Франција, Германија и Холандија.
Некогашниот фудбалски репрезентативец Бобан Бабунски е нов тренер на прволигашот Беса Добри Дол. Најавената тренерска промена денеска беше официјализирана. Бабунски е искусно тренерско име кое своевремено ги водеше и Вардар и Работнички, а беше и селекторот на репрезентацијата до 21. година. Последен негов ангажман беше на клупата на Шкупи.
По вчерашниот меч од Ла Лига меѓу Рајо Ваљекано и Реал (М) кој заврши нерешено 3:3, тренерот на Рајо, Иниго Перез беше прашан за ситуацијата во која судиите не досудија прекршок за пенал врз Винисиус. „Не сакам да лажам, а мислам дека Винисиус беше шутнат од Мумин. Секогаш се трудам да бидам искрен, а кога го видов тоа реков дека судијата можеше да пресуди во нивна корист, но и не“, изјави Иниго Перез. Реал Мадрид моментално заостанува еден бод зад Барселона на првото место.
Норвежанецот Хенрик Кристоферсен е победник на денешниот слалом кој се возеше во Валд’Изер во рамките на Светскиот куп. Тој за 52 стотинки го победи сонародникот Мекграт. Лидерот по првата трка Стивен Амиез се повлече од втората трка. Клемент Ноел, кој беше најдобар во Леви и Гургл, а денеска пред своите домашни навивачи во Вал д’Изер ќе ја бркаше својата трета победа, го откажа настапот поради непријатен пад. Третото место на крајот му припадна на Швајцарецот Мајлард.
Тимот на Голден Стејт Вориорс преку трејд успеа да го заисли тимот со германскиот репрезентативец Денис Шрудер. Шрудер во тековната сезона го носеше дресот на Бруклин Нетс со просек од 18,4 поени и 6,6 асистенции по натпревар. „Воините“ во размената со Нетс добија втор пик на драфтот, додека пак во спротивна страна го испратија ДиЕнтони Мелтон и три пика од втората рунда на драфтот.
Шефовите на Манчестер Сити контактирале со луѓе блиски до Пол Погба за да ја разгледаат ситуацијата околу играчот, неговата физичка состојба и неговата расположеност да му се приклучи на клубот во наредните недели, објави весникот „Сан“. Англискиот шампион итно бара засилување во средниот ред откако Родри заработи тешка повреда на стартот од сезоната и тоа значително придонесе за извонредното влошување на формата и резултатите на „граѓаните“. Тимот на Пеп Гвардиола забележа седум порази во последните десет натпревари, што е невидено за време на неговиот престој на Етихад. Токму оваа ситуација најверојатно ќе ја натера управата на Манчестер Сити да го…
Британски Телеграф, Скај и неколку други медиуми пишуваат дека Гери О’Нил штотуку добил отказ од менаџерската функција во екипата на Вулверхемптон. Вулверхемптон го запиша и четвртиот последователен порз, што се чини беше пресудно за раководството на „волците“ да бара тренерска замена. Од клубот се уште не го потврдиле отказот, но се очекува тоа да биде објавено денеска. 41-годишниот Гери О’Нил е на чело на Вулверхемптон од август 2023 година и всушност имаше договор до 2028 година.
Ракометарите на Еурофарм Пелистер го совладаа Вардар со 35:33 во дербито на колото во домашниот ракометен шампионат. Вечерва во Битола домашните на полувреме имаа големи +9, но во вториот дел целосно потфрлија, па Вардар во финишот се приближи и на еден гол разлика, но не успеа да направи целосен пресврт. Радивојевиќ постигна 13 гола, Кузмановски осум, а Митревски имаше 12 одбрани. Кај Вардар Крсманчиќ постигна девет гола.
