Лука Дончиќ синоќа ја мина границата од 12.000 поени во НБА. Словенечкиот ас во дресот на Далас ова го направи на мечот против Оклахома, кој стана негов 419-ти меч во кариерата. Дончиќ до вакво постигнување стигна за најкус временски период, па од него побрзо до 12.000 поени стигнал само легендарниот Мајкл Џордан, кој ја стигна оваа граница на својот 368-ми натпревар. На Леброн Џејмс претходно му беа потребни 438 натпревари за да дојде во клубот на кошаркари со 12.000 поени.
Author: saso
Швајцарецот Марко Одермат славеше на денешната велеслаломска трка во Вал д’Изер. Одермат беше најбрзи и по првата трка, па успеа да ја одбрани стекнатата предност и триумфираше со осум стотинки предност пред второпласираниот Австриец, Патрик Форштајн. Третото место му припадна на уште еден Австриец, Стефан Бренштајнер (+0,12), а четвртото сензационално го освои Швајцарецот Лука Аерни (+0,23). Тој почна последен во првото возење, со стартен број 62, но успеа да влезе во најдобрите 30, а потоа со одлично второ возење стигна до четвртото место.
Новиот селектор на Англија, Томас Тухел проговори за можното враќање на Бен Вајт во репрезентацијата на Англија. Дефанзивецот на Арсенал претходно го одби повикот во репрезентацијата под водство на Герет Саутгејт. Фудбалерот нема играно за националниот тим од март 2022 година. „Ќе разговарам со него. Да почнеме одново“, изјави селекторот на Англија, Томас Тухел. Оваа сезона Бен Вајт одигра 9 натпревари во Премиер лигата и направи една асистенција.
„Тутоспорт“ тврди дека директорот на Јувенту Џунтоли и тренерот Тиаго Мота се согласиле околу обидot за ангажирање на Давид Ханко од редовите на Феенорд. Словачкиот репрезентативец игра квалитетно во составот од Ротердам и го привлекол вниманието на Јувентус, а Џунтоли поради него го следел и дуелот на Сити и Феенорд. Од друга страна, медиумот од Торино пренесува дека и агентот на Ханко бил на трибините на „Алијанц“ на неодамнешното соочување меѓу Јувентус и Сити во Лигата на шампионите. Цената на Ханко е најмалку 35 милиони евра, па „бјанконерите“ ќе се обидат да го доведат првично на заем, за инвестицијата да…
Вардар има потреба од засилувања за да ја подобри позицијата на табелата во пролетниот дел од сезоната во Првата македонска фудбалска лига, а раководството денеска веќе промовираше едно ново име во таборот на „црвено-црните“. Се работи за словачкиот интернационалец Михал Пинтер, 30-годишен дефанзивец кој доаѓа од редовите на градскиот ривал Шкупи и ќе го носи дресот на Вардар до крајот на сезоната. Пинтер веќе има солидно искуство во нашето првенство, а претходно има настапувано и за неколку клубови во својата татковина. Вардар го заврши првиот дел од сезоната на претпоследното место и освои само 13 бодови на 18 натпревари.
Новиот Формула 1 тим Кадилак, кој ќе се приклучи во Ф1 шампионатот од 2026 година, ќе добие мотори и менувачи за својот болид од Ферари. Како што објавија двете страни, вчера бил потпишан повеќегодишен договор за соработка. Се очекува дека до 2028 година, Кадилак ќе вози во Ф1 со мотори на Ферари, а потоа ќе почне да користи мотори од свое сопствено производство од брендот на Џенерал Моторс.
Кошаркарите на Милвоки обезбедија полуфинале во НБА Купот, а Демијан Лилард вели дека оваа година Бакси во Лас Вегас се заминати за да го поправат она што не го направија минатата година. „Милвоки имаше тежок почеток на сезоната, но сега го зголемуваме темпото. Минатата година немавме најдобро искуство во полуфиналето на НБА купот во Лас Вегас. Сега се враќаме со решеност да го завршиме она што го започнавме минатата година. Овој пат ќе направиме се како што треба“, вели ѕвездата на Бакс. Во сабота, тимот на Док Риверс во Лас Вегас во битка за место во финалето ќе игра со…
Микаел Артета откри дека Арсенал е подготвен да донесе нови засилувања во претстојниот јануарски преоден рок, откако тимот влезе во криза со повредите. Арсенал би можел да остане без седум играчи на денешното гостување во Лигата на шампионите против Монако што само дополнително создава проблеми да се одржи ритамот на настапи на „топчиите“. Бен Вајт и Томијасу имаат повреди на коленото, додека Габриел, Калафиори, Тимбер, Зинченко и Партеј не се појавија на последниот тренинг, исто така поради повреди. „Прозорецот ни дава можност да го засилиме тимот ако сметаме дека тоа е потребно. Чувствуваме дека имаме капацитет да го направиме тоа,…
Иако пред скоро време стави потпис на нов договор со Манчестер Сити, Пеп Гвардиола призна дека паузата од фудбалот „ќе му дојде добро“. Англиските новинари велат дека Шпанецот по кризата која го зафати тимот се колеба дали навистина треба да продолжи да работи или да си земе одмор како што тоа го направи неговиот колега од Ливерпул, Јирген Клоп. Гвардиола вели дека го сака адреналинот од својата работа во Премиер лигата, но, еден ден ќе мора да заврши со оваа работа. „Ќе дојде време кога ќе почувствувам дека е доволно и тогаш дефинитивно ќе престанам“, изјавил тој. „Нема да раководам…
Турските медиуми утрово објавија дека тренерот на Трабзон, Шенол Ѓунеш, по мечот со Касимпаша кој заврши нерешено (2:2) „целосно полудел“ и одржал 26-минутен говор, во кој ја прогласил сезоната за загубена. Турските медиуми тврдат дека Ѓунеш ќе се обиде да го разбуди тимот со тоа што ќе врати четворица фудбалери и ќе испрати ист број од сегашниот тим надвор од составот. Меѓу четворицата повратници треба да биде и капитенот на нашата фудбалска репрезентација, Енис Барди, кој кон средината на ноември беше отстранет од првиот тим за да тренира одделно и да ја подобри формата. Со него во првиот тим се…
