Author: saso

По 21 сезона и 923 натпревари на теренот, голманот на Баерн (М), Мануел Нојер, синоќа го доби првиот црвен картон во кариерата. На мечот од Купот на Германија, тој беше исклучен по само 17 минути, по што Баер (Л) стигна до победа и се пласираше во четвртфиналето. „Тоа беше одлучувачко за натпреварот. Жал ми е. Му се извинив на тимот. Се надевав на офсајд во ситуацијата. Не можам да го сменам сега. Тоа беше грешка и морам да ја прифатам. За жал, ништо не можам да направам за тоа“, изјавил Нојер.

Read More

Манчестер Сити на домашен терен вечерва го пречекува Нотингем Форест, меч на кој ќе ја брка првата победа по осум натпревари без триумф. На прес-конференцијата пред мечот, меѓу другото, се зборуваше и за се почестото отсуство од првиот тим на една од ѕвездите на тимот, Де Брујне. Гвардиола малку и нервозно одговори на ова прашање од новинарите истакнувајќи дека нема никаков проблем меѓу него и Кевин. „Луѓето велат дека имам проблем со Кевин. Мислите дека ми се допаѓа да не играм со Кевин? Дека не сакам Кевин да игра? Момчето кое има најмногу талент. Дека имам личен проблем со него…

Read More

Комисијата за избори и верификација во рамки на Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) го прифати предлогот на Општинскиот фудбалски Сојуз – Свети Николе за поддршка на кандидатурата на Масар Омерагиќ за претседател на Фудбалската федерација на Македонија на Вонредното изборно Собрание на Фудбалската федерација на Македонија на 22. декември 2024. година. Одлуката на Комисијата за избори и верификација во рамки на ФФМ по предлог на ОФС Свети Николе го одреди Масар Омерагиќ за единствен кандидат за претседател на Фудбалската федерација на Македонија на Вонредното изборно Собрание на ФФМ закажано за 22. декември 2024 година.

Read More

Комисијата за натпревари која работи во рамките на Фудбалската федерација на Македонија ги извести клубовите од ПМФЛ и јавноста за одлуката поврзана со натпреварите од 17. и 18. коло кои се закажани за оваа седмица. По барање на Министерството за внатрешни работи ФФМ донесе одлука сите преостанати натпревари во 2024 година да се одираат пред празни трибини. Освен средбите од одложеното 17. коло кои се закажани за во вторник, дуелите викендот кој следи исто така ќе бидат без публика. Комисијата објаснува дека одлуката е донесена поради проценката на МВР по неодамнешните случувања во Македонија со палењето на државното знаме, а со цел да се…

Read More

Напаѓачот Хари Кејн најверојатно ќе биде надвор од терените за германскиот фудбалски клуб Баерн Минхен до крајот на декември, изјави тренерот на тимот, Винсент Компани. Капитенот на Англија заработи истегнување на тетивата во саботниот натпревар со Борусија Дортмунд (1:1), но има мали шанси да се врати во последниот натпревар од календарската година. „Тешко е да се каже колку долго ќе биде надвор од теренот. Има шанси да игра оваа година, но дефинитивно ќе пропушти неколку натпревари. Не можеме директно да го замениме со друг играч, бидејќи тој е единствен во својот вид. Ќе најдеме поинаков пристап и нема да ни…

Read More

Саво Милошевиќ денеска поднесе оставка на тренерското место во белградски Партизан. Какошто објави агенцијата Танјуг, Милошевиќ решил да поднесе оставка, бидејќи не успеа да се договори со челниците на клубот околу намалувањето на платата. На крајот на септември, по четири години, тој се врати на клупата на Партизан и го замени Александар Станојевиќ како тренер на црно-белиот тим. Партизан моментално е на второто место во Супер лигата на Србија со 31 бод од 15 натпревари.

Read More

Хрватските медиуми утрово пишуваат дека актуелниот селектор на хрватската фудбалска репрезентација може да седне на кормилото на селекцијата на Катар. Веста, наводно, доаѓа од еден катарски новинар, кој тврди дека Златко Далиќ веќе ги договорил условите за соработка со новите работодавци. Засега нема никаква реакција од Хрватската федерација, па медиумите се уште се во исчекување на официјална потврда или демант на оваа информација. Инаку, договорот на Далиќ со Хрватската федерација е до летото 2026 година и се планира тој да ја води репрезентацијата во финалето на Лигата на нации и квалификациите за Светското првенство во 2026 година.

Read More

Фудбалерот на Фиорентина Едоардо Бове, кој колабираше по само 17 минути игра на мечот со Интер синоќа, ноќта ја поминал добро, јавуваат италијанските медиуми. Тој утрово бил екстубиран, буден е, луциден и одговара на прашања. Невролошките и кардиолошките оштетувања се исклучени, како што беше наведено и во соопштението за печатот објавено вчера од Фиорентина и болницата Кареги. Денеска се очекува нов медицински билтен. На Едоардо Бове му се слоши во 17. минута од првото полувреме, падна на земја и изгуби свест. Тој со возило на брзата помош беше пренесен во болницата Кареги во Фиренца, каде што пристигнал стабилен. Мечот беше…

Read More

Според гласините од Островот, раководството на Борнмут очекува да ги разгледа сите понуди кои оваа зима ќе пристигнат за Антоан Семењо. Некои медиуми тврдат дека Борнмут, сепак, нема да го продаде фудбалерот оваа зима, но трансфер на лето е сериозно веројатен. Ливерпул покажува интерес за крилниот напаѓач и „црешите“ нема да му застанат на патот, доколку Семењо одлучи да замине. Сепак, летен трансфер ќе биде најверојатното сценарио, бидејќи Борнмут не сака да го урива тимот на половина од сезоната. Семењо е „едно од имињата“ на радарот на Ливерпул кои потенцијално ќе го заменат Мохамед Салах, бидејќи тој е се поблиску…

Read More

Естебан Окон најверојатно нема да ја заврши сезоната во болидот на Алпин. Како што објави „Моторспорт“, Окон нема да вози за тимот на Големата награда на Абу Даби, туку Џек Дуан, кој се очекува да го има своето деби токму на последната трка од сезоната 2024-та. Францускиот возач не успеа да ја заврши трката во Катар, откако уште во првиот круг се судри со Франко Колапинто и Нико Хулкенберг, и по се изгледа, ова беше неговата последна трка за тимот, пред да му се приклучи на Хаас во 2025 година. Ова ќе му овозможи на тимот да му даде шанса…

Read More