Македонската фудбалска репрезентација го подобри својот пласман на ранкингот на Светската фудбалска федерација и до следниот ќе биде на 67. место. Избраниците на Благоја Милевски во последниот мини циклус од Лигата на нации обезбедија победи против Летонија и Фарски Острови, па покрај првото место во групата заслужија и подобра позиција на ФИФА ранкингот. Македонија напредуваше две места и сега е пред Грузија, односно зад Буркина Фасо меѓу најдобрите седумдесет селекции во светот. На врвот на ранкингот останува Аргентина, со мала предност во однос на Франција, а во Топ 5 уште се и Шпанија, Англија и Бразил. Германија се врати во…
Author: saso
Со израмнет рекорд според бројот на реализирани поени на еден натпревар од промена на форматот во квалификациите за ЕП, Ненад Димитријевиќ е МВП на четвртиот квалификациски круг. Нашиот најдобар кошаркар успеа да го израмни рекордот на евро-квалификациите, откако е воведен овој нов формат. На средбата со Литванија во Клаипеда, реализираше 43 поени, ефект што е во ранг на оној кој пред неколку дена го направи репрезентативецот на Германија, Давид Крамер. За жал, неговиот перформанс не беше доволен за Македонија да ја изненади Литванија на гостински терен, иако Димитријевиќ постигна седум тројки, имаше и шест асистенции, четири скока, и три освоени…
Американскиот спринтер Фред Керли останува непоколеблив во својата намера да го собори светскиот рекорд на 100 метри кој е во сопственост на Усеин Болт. И покрај неуспесите на почетокот на оваа година, светскиот шампион од 2022 година продолжува да зрачи со самодоверба, споделувајќи го своето непоколебливо верување во еден поткаст. Неговиот личен рекорд е 9,76 секунди и е постигнат за време на неговото освојување на златниот медал на Светското првенство во Јуџин во 2022 година. „Врвот во атлетиката е златниот олимписки медал, и ако излезам на стартот, очекувам да победам. Ако зборувате позитивно во вашиот живот, ќе дојдат позитивни работи.…
Денвер синоќа загуби со убедливи 113:145 во дуелот со Њујорк на домашен терен, а новинарите по долго време го видоа разочаран и нервозен тренерот Мејк Мелоун. Тренерот на Нагетс бил лут на своите кошаркари, не толку поради поразот, колку што поради пристапот и начинот на кој се однесувале на теренот. „Нема да го заборавиме овој пораз, не само поради што примивме 145 поени, туку поради тоа што не се трудевме и не игравме добро. Ни беше потребен Јокиќ, ни беше потребен Мареј, потребни ни се лидери меѓу членовите на првата петорка. Вечерва бевме посрамотени, противникот беше мотивиран, а ние веројатно…
Женската репрезентација на Македонија кон крајот на ноември и почетокот на декември ќе одигра два контролни натпревари против селекцијата на Црна Гора. Контролните натпревари ќе бидат одиграни на тренинг центарот „Петар Милошевски” во Скопје. Првата контролна средба е закажана на 30. ноември со почеток во 13. часот. На 3. декември овие две селекции во 12. часот ќе ја одиграат и втората контролна пресметка. Селекторот на женската А репрезентација на Македонија, Александар Андов се одлучи да ги повика следните фудбалерки: ГОЛМАНИ: Берна Кабакчи Карсон У, САД Виктортија Пачурува Тиверија Брера Кристина Павлоска Топ Гол ОДБРАНА: Ана Милчевска Грузија Ане Бошевска Тиверија…
Претседателот на италијанскиот фудбалски клуб Лацио, Клаудио Лотито, изјави дали играчите побарале од него да вклучи бонуси за учинок во нивните лични договори. „Играчите побараа да се додадат бонуси поврзани со перформансите во нивните договори. Ова не одговара на нашиот пристап. Во едно семејство, главата на семејството гледа како се однесуваат луѓето и оценува дали заслужуваат награда. Играчите се платени за нивните настапи. Овде сакаме семејна атмосфера каде сите придонесуваат, сите се обединети, сите се корисни и никој не е незаменлив. Ако се убедени дека Лацио е дестинација, а не отскочна штица или автобуска станица за некаде на друго место,…
Шампионот во Формула 1 од 1978 година, Марио Андрети, ќе стане член на одборот на директори на новиот тим на Кадилак Ф1, кој од 2026 година ќе се приклучи во најсилното натпреварување. „Формула 1 беше мојата прва љубов и сега – 70 години подоцна – падокот во Ф1 е сè уште моето среќно место. Апсолутно сум воодушевен од Кадилак, Формула 1, Марк Волтер и Ден Таурис. За да продолжам да учествувам во оваа фаза од мојот живот, ќе морам да се штипкам за да се уверам дека не сонувам“, изјави Андрети. Формула 1 потврди дека постигнала начелен договор со Џенерал…
Јувентус напредува во трката по потписот на Милан Шкриниар. Јуве е во потрагата по нов дефанзивец откако Глејсон Бремер доби сериозна повреда на коленото. „Бјанконерите“ постигнале вербален договор со поранешниот играч на Интер, а сега се очекува „Старата дама“ да почне преговри и со ПСЖ. И покрај тоа што Словакот не е редовен стартер, францускиот првак бара значителна сума за да се раздели со него. Те инсистираат да го продадат целосно и не сакаат да разговараат за позајмица. Ветеранот собра само пет настапи оваа сезона, но ги започна и ги заврши последните два натпревари во Лига 1.
Менаџерот на Арсенал, Микел Артета за денешниот натпревар против Спортинг Лисабон во Лигата на шампионите, вели дека Португалците не се само Виктор Ѓокерес. „Би сакал да зборувам за тимот. Спортингот не е изграден само од една личност, не е само квалитетот на една личност, туку имаат тимската енергија. Ја разбирам поентата, но тие имаат многу различни квалитети. И на конкретната позиција имаат одлични играчи. Сите овде се целосно подготвени да го започнат натпреварот, а има бонус затоа што Киеран Тиерни сега е со нас по долга повреда. Одлични вести дека се врати и е достапен за игра“, изјавил Артета.
Според последните информации, Милан би можел да стартува без Рафаел Леао на вечерашното гостување против Слован Братислава, иако Пауло Фонсека изјави дека „тој е добро“ за време на неговата прес-конференција пред натпреварот. Леао по се изгледа вечерва ќе остане на клупата за резерви. Според повеќе медиуми во Италија, Милан ќе мора да го одмори Леао, а на негово место во стартните 11 се очекува да се појави Ноа Окафор. Според шпекулациите се очекува да стартуваат и Кристијан Пулишиќ и Самуел Чуквуезе. Фонсека не беше подготвен да даде премногу индиции за неговите почетни 11 против Слован Братислава, навестувајќи дека Леао „можеби…
