Денвер синоќа загуби со убедливи 113:145 во дуелот со Њујорк на домашен терен, а новинарите по долго време го видоа разочаран и нервозен тренерот Мејк Мелоун.
Тренерот на Нагетс бил лут на своите кошаркари, не толку поради поразот, колку што поради пристапот и начинот на кој се однесувале на теренот.
„Нема да го заборавиме овој пораз, не само поради што примивме 145 поени, туку поради тоа што не се трудевме и не игравме добро. Ни беше потребен Јокиќ, ни беше потребен Мареј, потребни ни се лидери меѓу членовите на првата петорка. Вечерва бевме посрамотени, противникот беше мотивиран, а ние веројатно мислевме дека треба само да излеземе на терен по победат над Лејкерс“, изјавил Мелоун.

