Откако Интер синоќа го победи Удинезе со 2:0 и се пласираше во четвртфиналето на Купот на Италија, веќе се позјати и комплетните двојки за оваа рунда. Во четвртфиналето на италијанскиот куп, шампионот Интер ќе се сретне со екипата на Лацио на гостински терен, додека Јувентус ќе биде домаќин против Емполи. Милан за ривал ја доби Рома, додека Болоња ќе ја пречека Аталанта. Сите четвртфинални дуели од Купот на Италија според информациите треба да се одиграат на 5 февруари 2025 година, иако конкретните времиња и датуми допрва треба да бидат официјално потврдени.
Author: saso
Центарот на Панатинаикос, Матијас Лесор, синоќа на меч од Евролигата се здоби со скршеница на левата нога. Потврда за тоа стигна на прес-конференцијата веднаш по завршувањето на средбата. „Матијас ќе направи магнетна резонанца. Има скршеница“, изјави тренерот на Панатинаикос. Првите информации велат дека се работи за скршеница на фибулата. Доколку се потврди информацијата, тој би можел да остане надвор од терените и до 3 месеци.
Покрај поразот и елиминацијата од Лига Купот по синоќешниот меч со Тотенхем, дополнителен проблем за тимот на Манчестер Ј. е и новата повреда која ја заработи Виктор Линделоф. Во самиот финиш на првото полувреме, дефанзивецот почувствува непријатност и беше принуден да го напушти теренот. Тој беше заменет со Џони Еванс. Оваа сезона 30-годишниот играч одигра 5 натпревари во Премиер лигата, а засега останува нејасно за каква повреда станува збор.
Легендата на НБА лигата, Чарлс Баркли повторно го критикуваше раководството на НБА лигата за начинот на кој ќе се организира Ол-Стар натпреварот. Годинава НБА воведе полуфинални и финален меч на Ол-Стар викендот, но Баркли вели дека тоа нема да помогне за оваа манифестација да го врати сјајот од минатото. „Сакам да направам се што можам за да помогнам за натпреварот. Видов како Кевин Дурент го критикуваше новиот формат на Ол-Старот. Не разбирам што прават. Сè што правеа во последните години не функционира. Не е забавно. Мислам дека е многу просто, но тие не сакаат да прифатат Отсекогаш сум предлагал натпревар…
Манчестер Јунајтед сериозно размислува за трансфер на бразилскиот играч за врска од екипата на Аталанта, Едерсон. Тоа би можело да биде првото засилување на Рубен Аморим во клубот. Новоназначениот шеф на „црвените ѓаволи“ наскоро ќе биде во позиција да ја започне својата иницијатива за регрутирање нови играчи кога ќе се отвори јануарскиот преоден рок и се очекува да направи некои големи промени. Јунајтед мора да обезбеди свежина во тимот, а Едерсон би бил идеално освежување на средината. Според некои вести, Едерсон беше контактиран од Манчестер Ј. преку претставници на компанијата ИНЕОС која е сопственик на клубот.
Европскиот шампион Реал Мадрид вечерва ќе ги одмери силите со мексиканска Пачука во финалето на Интерконтиненталниот куп. Натпреварот ќе се одигра во Доха, Катар со почеток од 18 часот. Интерконтиненталниот куп ги спротивставува шампионите на сите шест светски конфедерации. Сега победникот на Лигата на шампионите на Стариот континент има предност што оди директно од финалето, додека останатите играат директни елиминациски натпревари. Пачука, која денеска ќе се обиде да направи сензација против фаворизираниот тим на Карло Анчелоти, во полуфиналето го елиминираше јужноамериканскиот првак Ботафого. Мексиканците ги предводи уругвајскиот селектор Гилермо Алмада, непознат во Европа, а ѕвезда на тимот е централниот напаѓач…
Кошаркарите на Милвоки синоќа ја освоија титулата во НБА Купот, откако во финалето во Лас Вегас ја совладаа Оклахома со 97:81. Милвоки го реши натпреварот на крајот од третата и почетокот на четвртата четвртина, кога дојде до серија од 19:5 и до недостижни 19 поени разлика (88:69). Во победничкиот тим, грчкиот центар Јанис Адетокунбо оствари трипл-дабл учинок со 26 поени, 19 скока и 10 асистенции, заедно со три блокади и две украдени топки. Демијан Лилард додаде 23 поени за Милвоки, со по четири скока и асистенции, додека Брук Лопес (девет скока) и Гери Трент Јуниор постигнаа по 13 поени. Најефикасен…
Тренерот на Филаделфија 76ерс, Ник Нурс, изрази оптимизам за враќањето на Џоел Ембид на терените, велејќи дека неговата неодамнешна фрактура на синусот „не е ни приближно толку тешка“ како двете претходни скршеници на лицето кои ги доби најкорисниот играч на НБА од 2023 година во неговата кариера. Ембид се повреди во првата половина од поразот во петокот вечерта од Индијана Пејсерс, кога беше погоден во лицето од Бенедикт Матурин. Клупските информации велат дека Ембид ќе се врати на терен за една недела. „Оваа повреда не е ни приближно толку тешка како тие две претходно. Ќе се врати брзо“, изјавил Нурс.
Нигериската ѕвеза на екипата на Аталанта, Адемола Лукман беше прогласен за најдобар африкански играч за 2024 година на церемонијата одржана во Маракеш синоќа. Лукман го наследува сонародникот Виктор Осимен, кој минатата година стана првиот нигериски освојувач на оваа награда по Нванкво Кану во 1999 година. 27-годишниот Лукман имаше неверојатни настапи во дресот на Аталанта оваа година, а беше и еден од предводниците на составот на Нигерија. Неговите три гола и помогнаа на Нигерија да стигне до финалето на Африканскиот куп на нации, а со Аталанта и минатата и оваа сезона бележи фантастични настапи и резултати.
Менаџерот на Лацио, Марко Барони по шокантниот колапс на неговиот тим дома против Интер и поразот од 6:0 изјави дека комплетно ја презема одговорноста за најлошиот настап на тимот под негово водство. „Жал ми е за тимот и за навивачите, јас ја преземам одговорноста. Одигравме добри четириесет минути, но тоа не беше доволно. Тимот се распадна. Има работи што не можеш да си ги дозволиш против Интер. Не го контролирав тимот од емоционална гледна точка и затоа ја преземам целосната одговорност. Веќе разговарав со играчите. Ова не може да му се случи на тим како нас, би можел да зборувам…
