Author: saso

Рубен Аморим му испрати остри критики на Бруно Фернандеш откако беше исклучен во вчерашниот болен пораз на Манчестер Јунајтед против Вулверхемптон. Јунајтед доживеа трет последователен пораз во сите натпреварувања. Фернандеш сега беше исклучен трипати на 27 настапи во сите натпреварувања оваа сезона и неговата недисциплина полека сериозно го нервира тренерот Аморим. Запрашан за црвениот картон на Фернандеш, Аморим рече: „Мислам дека не може да оди на топката. Тој се обидува да ја достигне топката и некои момци не ја ни гледаат топката, но јас не сакам да се фокусирам на тоа. Мислам дека добрата работа е што бевме блиску до…

Read More

Италијанскиот стручњак Карло Анчелоти, кој го предводи Реал Мадрид, е прогласен за најдобар тренер за 2024 година според американската спортска телевизија ESPN. Во 2024 година, Реал Мадрид, под водство на Анчелоти, стана победник на Лигата на шампионите, победник на Интерконтиненталниот куп, Суперкупот на УЕФА, победник на шпанското првенство и националниот Суперкуп. Претходно, Карло Анчелоти го освои својот 15-ти трофеј додека го водеше Реал Мадрид, со што стана најуспешниот тренер во историјата на клубот. Италијанецот беше прогласен и за најдобар тренер во 2024 година на церемонијата на „The Best“ од ФИФА.

Read More

Македонската триатлон федерација ги објавИ добитниците на признанијата за најдобрите триатлонци и клубови за 2024 година. Овие признанија се доделуваат врз основа на официјалната ранг-листа и бодовите собрани во триатлон лигата, која опфаќа три натпревари одржани во Скопје, Дојран и Струга. Во сениорска конкуренција, најдобар триатлонец за 2024 година е Иван Трпчевски, додека најдобра триатлонка е Блерта Хани Кај јуниорите признанијата заминаа кај Здравко Здравев и Матео Мачоски, додека кај кадетите најдобри се Јосиф Малински и Бистра Груевска. Најдобар триатлон клуб за 2024 година е клубор Триоги Рејсинг Церемонијата за доделување на овие престижни признанија се одржа на годишниот завршен…

Read More

Лидерот во италијанската Серија А, екипата на Аталанта постигна 124 гола во календарската 2024 година во сите натпреварувања, соборувајќи го нивниот историски рекорд. Претходното најдобро достигнување на клубот беше поставено во 2021 година, кога клубот постигна 123 гола во една година. Вчера составот од Бергамо го победија Емполи (3:2) и по 17 кола остана лидер на табелата во Серија А. Интересно е што веќе на 28 декември Аталанта може да го подобри својот гол-рекорд на меч со Лацио.

Read More

Искусниот дефанзивец на Манчестер Ј., Хари Мегваер на крајот од сезоната би можел да се пресели во Наполи или Галатасарај. Италијанците и Турците ја следат ситуацијата со договорот на дефанзивецот на Манчестер Јунајтед, кој истекува во јуни 2025 година. Од јануари 31-годишниот Англичанец има право да преговара со други клубови, додека „црвените ѓаволи“ имаат опција да го продолжат договорот на една година.

Read More

Една од првите ѕвезди на Арсенал, крилниот напаѓач Букајо Сака се плаши дека ќе се соочи со подолга пауза, откако се здоби со пореда на тетивата за време на победата од 5-1 над Кристал Палас во саботата. На Сака ќе му биде извршена магнетна резонанца за се утврди степенот на штетата, но првите прогнози не се позитивни. Станува збор за повреда која и претходно му правеше проблеми додека играше за Англија на почетокот од оваа сезона. Менаџерот на Арсенал, Микел Артета ја изрази својата загриженост за повредата по натпреварот и се очекува денеска да ги соопшти вестите за тежината на…

Read More

Иако во првиот дел од сезоната Ливерпул покажа неверојатна форма, а резултатите сосема заслужено го држат на врвот во Премиерлигата, менаџерот Арне Слот се подготвува за овезведување ново освежување во јануарскиот преоден рок. Според информациите од Англија, холандскиот менаџер сака да ја засили позицијата лев бек каде Енди Робертсон се мачи со формата и настапите оваа сезона. Поради лошата форма на Робертсон и проблемите со подготвеноста на Костас Цимикас, челниците во клубот веќе се во потрага по лев бек. Легендата на Ливерпул, Џејми Карагер, тврди дека кога станува збор за трансфер целите на Ливерпул за претстојниот преоден рок, дефанзивецот на…

Read More

Формула 1 тимот Ред Бул не му дозволи на Јуки Цунода да замине кај некој од нивните конкуренти, тврди јапонскиот печат. Пилотот на „биковите“ добил понуди од други тимови, а според јапонскиот печат тој морал да ги одбие. На почетокот на 2024 година, Алпин, Заубер Ауди и Хаас разговарале со Цунода, а исто така ми понудиле и повеќегодишни договори. Ред Бул не му дозволи да замине и во јуни беше објавено дека Јуки ќе остане во вториот тим во 2025 година.

Read More
NBA

Чикаго Булс се подготвуваат за трејдови во завршувањето на рокот за промени на играчките состави. Според информациите, Булс би можеле да го разменат Мајкл Портер од Денвер. Според информациите, Чикаго се подготвени да го донесат Мајкл Портер, а во Денвер би го испратиле Зак ЛаВин. 26-годишниот Портер има договор со Нагетс до сезоната 2026/27, но само 12 милиони долари од неговите 40,8 милиони долари се загарантирани во последната година.

Read More

Формула 1 кариерата на Серхио Перез е завршена, потврди таткото на возачот. Антонио Перез Гарибај, мексикански политичар и татко на поранешниот возач на Ред Бул, Серхио Перез, објави дека неговиот син завршил со Формула 1. „Сè во животот има почеток и крај и ние мора да научиме да живееме со тоа. Тој замина од Формула 1. Нема план Б, нема ни план Ц, Ред Бул беше планот. Во моментов Чеко ја затвора својата страница во Формула 1. Дозволете му да се фокусира на семејството и да ужива во тоа. Ни претстојат нови поглавја, треба да уживаме, најдоброто допрва доаѓа“, изјавил…

Read More