Формула 1 тимот Ред Бул не му дозволи на Јуки Цунода да замине кај некој од нивните конкуренти, тврди јапонскиот печат. Пилотот на „биковите“ добил понуди од други тимови, а според јапонскиот печат тој морал да ги одбие.
На почетокот на 2024 година, Алпин, Заубер Ауди и Хаас разговарале со Цунода, а исто така ми понудиле и повеќегодишни договори.
Ред Бул не му дозволи да замине и во јуни беше објавено дека Јуки ќе остане во вториот тим во 2025 година.

