Тренерот на француски Монако, Адолф Хутер го продолжи договорот со клубот. Договорот на специјалистот истекуваше на крајот од сезоната, но пред неколку дена доби нова понуда која ја прифати. Новиот договор на Хутер со Монако е до летото 2027 година. Хутер го презеде тимот во летото 2023 година. Под негово водство тимот одигра 60 натпревари на кои забележа 35 победи, 11 нерешени и 14 порази. По 16 одиграни натпревари во Лига 1, Монако со 30 бодови е на третото место.
Author: saso
Битолски Пелистер од денеска има ново тренерско име во познатиот македонски стратег, Срѓан Захариевски. Захариевски денеска потпиша договор со Пелистер и официјално беше претставен пред јавноста. Ова е своевидно враќање на Захариевски во Битола, каде работеше во 2017 година. 51-годишниот стручњак имаше забележителни резултати во своите проекти во мак-фудбалот. Со успех ги водеше Металург, Струга и Воска Спорт. Захариевски првата прозивка ќе ја има на 8 јануари, кога започнуваат подготовките за вториот дел на шампионатот на Македонија.
Тотенхем е блиску до потпишување договор со голманот на Славија Прага, Антонин Кински Јуниор, кој веќе е во Лондон на лекарски прегледи. Според инсајдерот Фабрицио Романо, постигнат е устен договор меѓу сите заинтересирани страни. Кински мора да оди на лекарски преглед по денешниот натпревар. Антонин Кински Јуниор е син на поранешниот голман на Чешка, Антонин Кински. Минатово лето тој дебитираше за селекцијата на Чешка на мечот со Словачка, а набргу потоа дебитираше и во Лигата на шампионите на УЕФА.
Најдобар светски играч според ФИФА за 2024 година, Винисиус Жуниор им се извини на соиграчите откако беше исклучен во победата на Реал Мадрид со 2-1 против Валенсија во Ла Лига. Бразилската ѕвезда во 79. минута доби црвен картон за удаер на противничкиот голман Столе Димитриевски. „Жал ми е и му благодарам на тимот“, напиша Бразилецот на својот профил на социјалната мрежа Х. Винисиус Жуниор најверојатно ќе биде суспендиран на неколку натпревари, а Карло Анчелоти најави дека ќе се жалат на црвениот картон.
„Нема шанси да прваиме ротацики за утрешниот меч против Манчестер Јунајтед. Како што кажав пред првиот натпревар, тие имаат многу подобри играчи отколку што покажува пласманот“, вели менаџерот на Ливерпул, Арне Слот, во очекување на утрешното дерби. „Црвените ѓаволи“ се во тешка состојба, откако ги загубија последните четири натпревари и се на 14. место на табелата, но Слот не ја потценува противничката екипа и имаше убави зборови за својот колега Рубен Аморим. „Знаеме каков е притисокот на неговата позиција. Тој се снајде многу добро во Спортинг и има добар состав, па порано или подоцна ќе го извлече најдоброто од своите…
Барселона е сериозно заинтересирана за 25-годишниот центарфор на Њукасл, Александар Исак и размислува најразлични начини како да го добие неговиот потпис. Еден од плановите е да се вклучи крилниот напаѓач Феран Торес во договорот за купување на шведскиот репрезентативец. Според некои извори, и покрај тоа што англискиот клуб претходно покажал интерес за Торес, неговото раководство одлучило да не склучува сличен договор со Барселона. Се нагласува дека Њукасл го цени Исак на 100 милиони евра, што е преголема сума за Барса во мометов.
Поранешниот тренер на Порто, Серџо Консеисао, денеска се очекува да пристигне во Милано за да го замени својот сонародник Фонсека на клупата на Милан. Според најавата од Италија, Консеисао ќе пристигне во Милано попладнево, по што ќе замине на ручек со новите работодавци. Потоа заедно со својот стручен штаб ќе замине во спортскиот центар Миланело. Португалскиот тренер на тој начин ќе има можност за прв контакт со клупските структури кои ќе ја сочинуваат неговата работна средина во наредните месеци. Утре, како што беше споменато, Милан заминува за Саудиска Арабија околу 14 часот, каде што тимот на „росонерите“ ќе игра во…
Дефанзивците на Интер, Бенжамин Павар и Франческо Ачерби нема да бидат во тимот на „нероаѕурите“ за Суперкупот на Италија. Тренерот на Интер, Симоне Инзаги се надеваше дека ќе ги врати во кондиција неколкуте клучни дефанзивци за Суперкупот на Италија во С. Арабија, но очигледно Интер ќе мора да лета за Саудиска Арабија без нив. Бенжамин Павар и Франческо Ачерби отсуствуваа од терените неколку недели. Во двата случаи, причината е истегнување на бутот, која нема да биде санирана до мечот со Аталанта.
Зион Вилијамсон е се поблиску до враќање на терените по повредата. Кошаркарот учествуваше на тренингот на Њу Орлеанс во неделата, но одработи индивидуална програма без контакти. Вилијамсон се опоравува од истегнување на левата тетива. На 11 ноември беше објавено дека играчот ќе биде надвор од терените четири до шест недели. Во шест натпревари оваа сезона, Вилијамсон има просек од 22,7 поени, 8,0 скока и 5,3 асистенции за 31,1 минута на паркетот.
На денешната седница на Управниот одбор на Фудбалска федерација на Македонија, Горан Станиќ е назначен за нов селектор на македонската репрезентација до 21 година. Станиќ е актуелен тренер на ФК Работнички и поранешен селектор на младинските репрезентации до 17 и 19 години. Од позицијата селектор во македонската репрезентација до 21 година, Управниот одбор на ФФМ го разреши Драги Канатларовски. Управниот одбор на ФФМ донесе одлука за разрешување и на селекторите на останатите македонските младински репрезентации, освен на селекторот на репрезентацијата до 18 години, Ерхан Селими. Селими допрва го почнува мандатот на клупата на македонската селекција до 18 години и нему…
