Author: saso

Македонската ракометна репрезнетација во третиот меч од првата фаза на Светското првенство во Хрватска успеа да ја запише првата победа и да го потврди своето место во втората рунда на првенството. Денеска во арената во Вараждин, момците на Кире Лазаров беа подобри од Гвинеја со 29:20 и успеаја да го освојат третото место во групата со кое продолжуваме со нови три меча во новата фаза од шампионатот. Лазаров на оваа средба не сметаше на Марко Митев, кој поради ситна повреда мораше да одмори. На негово место стартер беше Карасманакис. Како и на двата претходни меча најдобар реализатор во нашиот тим…

Read More

Словенечката ракометна репрезентација вчера со воз отпатува до Загреб, каде денеска од 18 часот ги очекува првиот натпревар против Куба. „Како и секое Светско првенство, така и на почетокот на ова натпреварување има некои репрезентации кои не се на самиот врв според рејтингот, но ве предупредувам дека ова е само на хартија. Далеку од тоа не потценувам некого“, изјави пред заминувањето за Хрватска, селекторот на Словенија, Урош Зорман.

Read More
NBA

Ѕвездата на Денвер Нагетс, српскиот кошаркар Никола Јокиќ го повреди десниот лакт пред почетокот на натпреварот со Хјустон синоќа, поради што и не настапи на средбата. По поразот на домашен терен, тренерот на Нагетс, Мајк Мелоун зборуваше и за повредата на Јокиќ. „Јокиќ го повреди лактот. Тоа се случи во последен момент. Не знам кога ќе го имаме назад во тимот“, изјавил видно загрижен Мелоун.

Read More

Англискиот премиерлигаш Ипсвич, доцна синоќа објави дека потпишал договор со 22-годишниот крилен играч Џејден Филоџин. Станува збор за засилување кое доаѓа од Астон Вила. Филоџин се врати ова лето во Астон Вила по трансферот во Хал Сити во 2023 година, но остана само половина сезона. Според информациите, договорот кој Филоџин го потпиша со Ипсвич е со важност од 4,5 години.

Read More

Машката ракометна репрезентација на Македонија одигра нерешено 27:27 против Унгарија во првиот меч на Светското првенство во Хрватска. Момците на Кире Лазаров имаа победа во рака, но не успеавме да искористиме последен напад и се чини им овозможивме на Унгарците на крајот да извлечат реми во еден исклучително тежок и исцрпувачки дуел. Нерешено беше и по првото полувреме (14:14), а во вториот дел и двете репрезентации не успеаја во ниту еден момент да дојдат до предност поголема од еден погодок. Со 10 постигнати гола, Филип Кузмановски беше најдобар стрелец во нашата селекција, а по три постигнаа Велковски и Митев. Неверојатен…

Read More

Напаѓачот на Ајнтрахт Франкфурт, Омар Мармуш, уште оваа недела треба да стане фудбалер на Манчестер Сити, објави Фабрицио Романо. Сити ќе достави официјална понуда до Ајнтрахт, по што ќе има преговори меѓу клубовите. Германскиот клуб го проценува трансферот на 80 милиони евра, а Англичаните се подготвени да ја платат комплетната сума. За Мармуш сериозен интерес имаше и од големиот ривал на „граѓаните“, Ливерпул, но се чини дека Сити ќе биде побрз и ќе го добие во својот тим уште оваа зима.

Read More

Босанскиот нордиец Страхиња Ерик е победник на трката на 10 километри на 61. издание на Мавровскиот меморијал. Ерик триумфираше на вчерашната трка во машка конкуренција со време од 16:08,8 минути, пред нашиот најдобар нордиец Ставре Јада кој финишираше втор со резултат 17:03,1 минути. Третото место во машка конкуренција го освои Андрија Тошиќ од Србија. На трката на 5 километри во женска конкуренција првото место за Ања Илиќ од Србија со време од 21:04,7 минути. Втора заврши Босанката Сара Плакаловиќ, додека третото место и припадна на нашата најдобра нордијка, Ана Цветановска, која имаше време од 22:59,2 минути. За денеска на Мавровскиот…

Read More

Ракометниот суперлигаш Охрид има прво зимско засилување. Станува збор за 22-годишниот бразилски интернационалец Де Соуза Мораис Каио Винисиус. Бразилскиот младински репрезентативец игра на позицијата десен бек и ќе го носи сино-белиот дрес најмалку 1,5 година. „Многу сум среќен за моето пристигнување во Охрид. Клуб со европски амбиции и колеги професионалци. Од моја страна нема да недостасува посветеност. Се надевам дека ќе имаме успеси во Охрид, мојот нов дом“ – изјави Винисиус.

Read More

Се погласни се гласините дека Јувентус сака да го смени Тиаго Мота, само шест месеци од неговиот мандат како менаџер на тимот. Поранешниот играч од средниот ред му се приклучи на клубот како еден од најперспективните тренери во Европа, а Јувентус беше уверен дека го обезбедил вистинскиот човек за долг период. Сепак, тренерот на Јувентус се најде пред сосема поинаков предизвик од управувањето со тим како Болоња, а оваа сезона е обележана како просечна за „бјанконерите“. Новинарот Тони Дамасчели верува дека Јувентус може да има ограничени опции доколку реши да се раздели со него. Тој сугерира дека Јуве го идентификувал…

Read More

Македонската ракометна репрезентација рано утринава замина за Загреб. Во последната фаза од подготовките за Светското првенство, Кирил Лазаров и неговите избраници вечерва (20:15 часот) во Арената во Вараждин ќе одиграат пријателски натпревар против Хрватска. Според информациите кои доаѓаат од Хрватска, салата е распродадена, а дуелот ќе се игра пред полни трибини. Македонија првиот меч на СП го игра на 15-ти јануари против Унгарија во Арената во Вараждин.

Read More