Author: saso

Десниот бек на Пари Сен Жермен, Јахиа Омар, по пласманот во четвртфиналето, каде денес репрезентацијата на Египет ќе се соочи со Франција даде свој коментар за овој натпревар. „Многу луѓе не гледаат во Египет, очекувањата се огромни. Луѓето очекуваат да го „надминеме“ тој четвртфинален проблем што го имаме. Тоа ни успеа еднаш, на Олимписките игри во Токио. Франција е голем тим, имаат многу големи играчи и имаат опции на секоја позиција. Ние како екипа имаме големи срца, ќе се бориме, ќе видиме кој ќе го има денот“, изјави репрезентативецот на Египет.

Read More

Некогашниот репрезентативец на Хрватска и поранешен ракометар на Вардар, Иван Чупиќ, во анализа на противникот на Хрватска во четвртфиналето на ова СП, вели дека според квалитетот кој го покажа Унгарија, шансите на двете селекции се 50:50. „Сè ќе биде важно, секоја ситница. Верувам дека можеме да бидеме благи фаворити пред домашната публика во добра атмосфера со ваква одбрана и голмани. Унгарија е одлична репрезентација со ист селектор веќе три години. Тие добро се познаваат и играат во исти клубови. Нема да биде лесно, но верувам дека можеме да стигнеме до полуфинале“, вели Чупиќ.

Read More

Фајнл-фор завршницата во Евролига за прв пат ќе се одржи надвор од Европа. Домаќин ќе биде Абу Даби и Етихад Арената, а билетите ќе бидат пуштени во продажба на 26 февруари. За првпат во историјата ова натпреварување се сели во Обединетите Арапски Емирати. Етихад Арена има капацитет од 12.000 места. Полуфиналните натпревари ќе се играат во петок на 23 мај во 19:00 и 22:00 часот по локално време, додека натпреварите за третото место и финалето ќе се одиграат во недела на 25 мај.

Read More

Нејмар се раздели со Ал Хилал со заедничка согласност, објави шампионот на Саудиска Арабија. Најдобриот стрелец на Бразил на сите времиња имаше прилично разочарувачки престој во клубот и никогаш не успеа да покаже дел од својот талент и потенцијал. „Ал Хилал и Нејмар се согласија да ја раскинат договорната врска со заедничка согласност“, соопштија од саудискиот клуб. Нејмар имаше само седум настапи за Ал Хилал откако се пресели од Пари Сен Жермен за 90 милиони евра во август 2023 година. Бразилските медиуми објавија дека Нејмар, кој постигна 79 гола за националниот тим, ќе се врати во неговиот клуб од детството…

Read More

Македонската ракометна репрезентација беше поразена со 32:25 во последниот меч од главната фаза на Светското превенство. Откако Унгарија претходно ја совлада селекцијата на Катар и обезбеди четвртфинале, овој меч со Франциј абеше без посебно резултатско значење, но избраниците на Лазаров се обидоа достојно да му парираат на големиот фаворит во текот на сите 60 минути. Франција беше подобар противник, ние не реализиравме многу пенали и зицери, што на крајот не чинеше малку поубеднив пораз. Сепак, и со овој пораз од 7 гола разлика, Македонија ќе остане на 4. место во групата што за нас ќе значи пласман од 13 до…

Read More

Италијанската скијачка Федерика Брињоне победи на спустот од Светскиот куп кој се возеше денеска во Гармиш-Партенкирхен и ја зголеми предноста во генералниот пласман во Светскиот куп. Брињоне победи со време од 1:35,83 минути и го постигна петтиот триумф сезонава, а вкупно 32-ри во Светскиот куп. Второто место го зазеде нејзината сонародничка Софија Гоџа, а Швајцарката Корин Зутер го освои третото место. Во генералниот пласман на Светскиот куп, Брињоне има 739 бодови, 110 повеќе од Гут-Бехрами, а трета е Швајцарката Камил Раст со 562.

Read More

Маркус Рашфорд сака да се пресели во Барселона. Според Мундо Депортиво, напаѓачот на Манчестер Јунајтед е подготвен да преземе намалување на платата за да замине на позајмица во каталонскиот клуб. Барса треба да ги средат правилата на Финансискиот фер-плеј во случај да сака да го ангажира, барем до крајот на сезоната. Рашфорд оваа сезона постигна 4 гола на 15 натпревари во Премиер лигата .

Read More

Сега веќе поранешната шампионка на Австралија Опен, Арина Сабаленка и ја предаде круната на Медисон Кис од САД на централниот терен во Мелбурн, каде по двочасовна битка во финалето загуби од Американката со 2:1 во сетови (6:3, 2:6, 7:5). Девојката од Рок Ајленд, која претходно го постигна најголемиот успех на слемовите во 2017 година со пласман во финалето на УС Опен, го постигна резултатот од својата кариера. Ја освои првата голема титула во кариерата и тоа ни помалку ни повеќе, туку во дуелот со двојната шампионка од Мелбурн, која со денешниот пораз пропушти шанса да се израмни со Мартина Хингис…

Read More

Македонскиот олимписки комитет (МОК) со задоволство донираше нови, квалитетни спортски реквизити за училиштата во општина Аеродром! Оваа значајна донација е дел од нашата заедничка визија за поддршка на училишниот спорт и создавање подобри услови за физичка активност на учениците. Благодарение на оваа донација, учениците сега имаат можност да уживаат во новите реквизити и да се натпреваруваат во спортови како фудбал, кошарка, ракомет, одбојка и многу други. Оваа иницијатива има за цел да ги поттикне и поддржи младите кон спортски активности и развивање здрави навики, што е основен приоритет за МОК. Oвие проекти се важен чекор за подобрување на спортската инфраструктура…

Read More

Германскиот новинар Флоријан Платенберг синоќа објави дека прашање на време е кога ќе се затвори позајмицата на Елиф Елмас од РБ Лајпциг во екипата на Валенсија. Нашиот репрезентативец кој не успеа да се наметне во бундеслигашот, по се изгледа ќе оди на 6-месечна позајмица во Ла Лига, тимот во чии редови настапува и нашиот голман Столе Димитриевски. Утрово од локалните медиуми од Валенсија пишуваат дека откако пред 48 часа стана јасно дека Енцисо од Брајтон нема да пристигне на „Местаља“, управата на Валенсија ја продолжува потрагата по Андре Алмеида, кој сега е прв „пик“ на тренерот Карлос Корберан. Ако Валенсија…

Read More