Author: saso

Поразот од Кристал Палас беше петти пораз на Манчестер Јунајтед на домашен терен во Премиер лигата под водство на Рубен Аморим. Ова се случи во седмиот натпревар на тимот на „Олд Трафорд“ во Премиер лигата под водство на Португалецот, што е најлошиот резултат во историјата на клубот. Јунајтед предбоден од Дејвид Мојс го претрпе петтиот домашен пораз во Премиер лигата по 14 одиграни меча, а под водство на Ерик тен Хаг тоа се случи дури по 28 меча. Интересно е што под водство на Ралф Рангник и Жозе Мурињо, Манчестер Јунајтед немаше пораз на домашен терен во Премиер лигата на…

Read More

Откако вчера ја победија Хрватска (32:26) во финалето на СП 2025 година, Данците имаа многу поплаки на грубата игра на хрватските ракометари, а особено реакцијата на Матео Мараш кога му згазна на ногата на Матијас Гидсел. „Тоа е валкан трик. Тоа не е дел од спортот и многу ме лути. Толку е грдо да се гледа… Една од најгрдите работи што сум ги видел”, коментираше ракометниот стручњак Клаус Молер Јакобсен за данската ТВ2. Гидсел, сепак, не ја доживеа контроверзната ситуација толку драматично, сметајќи дека судиите ја имаат играта под контрола. „Судиите го контролираа тоа, а потоа Хрватска мораше да игра…

Read More

Менаџерот на Манчестер Сити, Пеп Гвардиола го коментираше катастрофалниот пораз на неговиот тим во 24. коло од Премиер лигата против Арсенал (1:5). „Тешко е да се најдат зборови веднаш по таков натпревар. Гордоста е повредена. Извинување до сите фанови кои дојдоа да го видат ова. Начинот на кој игравме во последните 30 минути беше неприфатлив. Лично јас и сите заедно ја преземаме одговорноста. Бевме во игра и резултатот беше изедначен. Лут сум, вознемирен од тоа како заврши натпреварот. Сè уште не разбирам зошто нешто тргна наопаку. Играчите имаат страст за игра. Мора да се држиме заедно“, вели Гвардиола. По 24…

Read More

Хрватскиот шампион Динамо Загреб заврши уште една одлична работа со продажбата на фудбалерот Петар Сучиќ, кој за 16 милиони евра се сели во Интер. За Сучиќ, загрепчани платија само 200.000 евра при неговиот трансфер на „Максимир“ во декември 2021 година. Фабрицио Романо потврди дека за Сучиќ Интер ќе плати 14 милиони евра и уште два милиони преку бонуси. Во своите досегашни настапи за Динамо, Сучиќ одигра 60 натпревари и имаше учинок од пет гола и четири асистенции. Дефанзивниот играч за врска се очекува во следните два-три дена да ги помине медицинските прегледи и да потпише за Интер.

Read More

Кој со кого ќе игра во 1/16 финалето на Лига Европа е јасно по денешната ждрепка одржана во седиштето на УЕФА. Во оваа нокаут фаза ема инетересни пресметки како што е дуелот меѓу Порто и Рома. Плеј-оф парови во Лигата на Европа:Сребрен дел:Твенте – Бодо ГлимтУнион Ст.Жилуи – АјаксАЗ Алкмар – ГалатасарајФеренцварош – Викторија Плзен Портокалов дел:Фенербахче – АндерлехтПаок – ФЦСБМидтјиланд – Реал СосиедадПорто – Рома Натпреварите од плеј-офот на Лигата на Европа ќе се одиграат на 13 и 20 февруари, додека исто така на 21 ќе биде закажана нова ждрепка во која ќе се одреди костурот до крајот на…

Read More

Фудбалската Лига на шампиони влегува во нокаут фазата, а денес во седиштето на УЕФА во Нион беше организирана ждрепката за првата нок-аут рунда односно 1/16 финалето. Уште пред ждрепката беше јасно дека ќе имаме супер интересни дуели, а најинтересниот е меѓу последните два Европски шампиони, Манчестер Сити и Реал Мадрид. Ждрепка за  1/16 финале:Сребрен дел:Брест – ПСЖЈувентус – ПСВ АјндховенМанчестер Сити – Реал МадридКлуб Бриж – Аталанта Син дел:Монако – БенфикаФеенорд – МиланСелтик – Баерн МинхенСпортинг Лисабон – Борусија Д. Првите 8 екипи по групната фаза веќе се пласираа во осминафиналето:Ливерпул, Барселона, Арсенал, Интер, Атлетико Мадрид, Баер Леверкузен, Лил и…

Read More

По изненадувачката победа на Хрватска против Франција во првото полуфинале на Светското првенство, време е за второто полуфинале, чиј домаќин ќе биде „Јунити Арената“ во Осло, каде Данска ќе се соочи со Португалија (20:30 ч.). На хартија овој меч изгледа како битка меѓу Давид и Голијат. Данска е актуелен шампион, нема загубено официјален натпревар повеќе од една година и не дозволи пораз на светските првенства веќе осум години. Од друга страна, Португалија за првпат во историјата е во оваа фаза од натпреварувањето и може да го обезбеди својот перв медал во историјата. Данска има постигнато најголем број голови на овој…

Read More

Милан ги држи отворени опциите за нов напаѓач, иако полека се затвора зимскиот преодн рок. Како што информираше Скај Спорт Италија, преставници на Милан отпатувале во Холандија за да го затворат трансферот на Сантијаго Хименез од Феенорд, а други претставници се во Италија каде се обидуваат да го убедат и Удинезе да им го продаде Лоренцо Лука. Последниот рок за купување нов напаѓач е понеделник навечер. Алваро Мората е на чекор до трансфер во Галатасарај за 16 милиони евра, а Франческо Камарда е блиску до позајмица во Монца. Хименез е прв избор на Милан, па Феенорд за него веќе постави…

Read More

Манчестер Јунајтед, конечно, како да излезе од играчката и резултатска криза и успеа да ја направи својата најдобра резултатска серија во сезоната. Избраниците на Рубен Аморим синоќа го победија ФЦСБ во Лигата на Европа со 2:0, со што дојдоа и до третиот последователен триумф. Претходно „црвените ѓаволи“ ги победија и Фулам (1:0) и Ренџерс (2:1). Последен пат Манчестер Јунајтед успеал да наниже три победи по ред во мај 2024 година, а последен пат четири победи во низа клубот имаше во февруари минатата година.

Read More

Јувентус е се поблиску до потписот на Кевин Дансо, австрискиот централен дефанзивец од екипата на Ленс. Според новинарот Џанлука Ди Марцио, „бјанконерите“ ги интензивирале контактите со францускиот клуб, добивајќи првично зелено светло за можната трансакција. По заминувањето на Данило и повредата на Калулу, раководството на Јувентус го идентификуваше Дансо како идеално засилување за дефанзивниот ред. Понудата што ја направи клубот од Торино вклучува чиста позајмица од 2,5 милиони евра плус 1,5 бонуси, а тоа е и најдобрата опција за Ленс кој изгледа подготвен да ја прифати. Сепак, во последните неколку часа Рен се обиде да влезе во преговори со Дансо…

Read More