Author: saso

Манчестер Јунајтед потврди дека централниот бек Лисандро Мартинез „заработил повреда на вкрстените лигаменти“. Во тек е проценката колку време аргентинскиот дефанзивец ќе помине надвор од теренот. Иако не е дадена временска рамка за неговото враќање, тој се очекува да биде надвор од терените најмалку шест месеци, врз основа на природата на повредата. Мартинез ја заработи повредата при поразот со 2-0 од Кристал Палас на Олд Трафорд минатиот викенд. Неговата историја на повреди откако му се приклучи на Јунајтед не е добра. Тој има пропуштено 56 натпревари поради различни повреди. 27-годишниот фудбалер беше редовен во стартниот тим под водство на менаџерот…

Read More

Интер синоќа загуби во Серија А за прв пат по 18 натпревари. Ова е прв пораз на тимот во италијанското калчо по 22 септември 2024 година, кога тимот на Симоне Инзаги загуби од Милан (1:2). Интер синоќа загуби од Фиорентина во одложениот натпревар од 14. коло на италијанскиот шампионат со резултат 0:3. За кусо време ќе следува и втората пресметка меѓу овие два тима од вториот дел на шампионатот, закажана на 10 февруари.

Read More

Актуелниот светски првак во Формула 1, Макс Верстапен е најплатениот пилот во Формула 1. Според истражувањето на магазинот „Рејсинг365“, платата на Верстапен е проценета на 65 милиони долари. Убедливо втор и со мало засотанување зад платата на светскиот шампион е Луис Хамилтон. Новиот возач на Ферари ќе има плата од 60 милиони долари. Во ТОП 3 се најде и вториот возач на Ферари, Леклер, кој има плата од 34 милиони долари на годишно ниво. Четвртото место го делат Фернандо Алонсо од Астон Мартин и Ландо Норис од Мекларен кои годишно заработуваат плата од 20 милиони долари.

Read More
NBA

Германскиот кошаркарски репрезентатице Денис Шрудер беше трејдуван дури трипати во последните 24 часа. На крајот Шрудер кариерата ќе ја продолжи во Детроит Пистонс. Тој беше разменет во четири различни клубови во последните 24 часа. Голден Стејт Вориорс го испрати во Мајами Хит, кој веднаш им го препушти на Јута Џез, а на крај „џезерите“ да го разменат со Детроит Пистонс. Трејдот на Шрудер тргна како дел од трејдот кој го направија Голден Стејт Вориорс и Мајами Хит за Џими Батлер. На 24 натпревари за Голден Стејт Вориорс оваа сезона во НБА, Шрудер имаше просек од 10,6 поени.

Read More

Лондонски Арсенал веќе знае кој ќе биде приоритетна цел на тимот во летниот трансфер период. Арсенал го идентификуваше Бенџамин Шешко како нивна трансфер цел број 1. Се претпоставуваше дека „топчиите“ ќе тргнат по Александар Исак, но по се изгледа Њукасл тешко дека ќе дозволи Швеѓанецот да си замине. За Исак Њукасл најверојатно ќе остане цврст на астрономската цена за шведскиот репрезентативец. На клубовите, вклучително и Арсенал, им е кажано дека ќе бидат потребни 150 милиони фунти за да го добијат голгетерот ова лето, па оттука Арсенал ќе се обиде со репрезентативецот на Словенија.

Read More

Николо Фаџоли во последниот ден од зимскиот преоден рок замина во екипата на Фиорентина. Како што потврдија утрово од Јувентус, Фаџоли е позајмен кај „виолетовите“ до крајот на сезоната, со обврска за откуп на неговиот договор на крајот на сезоната. Фаџоли игра во Јувентус од својата 14-годишна возраст. На 26 август 2018 година тој дебитираше во младионскиот тим на Јувентус пред да го добие својот прв повик во Серија А на 27 јануари 2019 година, на 17-годишна возраст. Фаџоли имаше 69 настапи во првиот тим на Јувентус во сите натпреварувања, постигнувајќи три гола, сите во Серија А.

Read More

Милан и официјално го комплетираше трансферот на Жоао Феликс како позајмен од Челзи, а покрај него во последниот ден од преодниот рок пристигнаа и Ворен Бондо од Монца и Рикардо Сотил како позајмен играч со опција за откуп од Фиорентина. „Росонерите“ беа исклучително активни во последните часови од преодниот рок и успеаја да постигнат три договори. Највпечатливо е доведувањето на Жоао Феликс на позајмица од Челзи за цена од само 2 милиони евра, плус покривање на неговата плата во следните пет месеци. Репрезентативецот на Португалија слета на аеродромот во Малпенса и беше однесен директно во Каза Милано за да ги…

Read More

Кличко, кој во март ќе наполни 49 години, сериозно размислува за враќање во професионалниот бокс оваа година. Тој сака да стане најстариот шампион во тешка категорија во историјата. Светот на боксот може да биде сведок на една од највозбудливите борби во историјата на тешка категорија. Олександр Усик (38), актуелниот шампион на ВБА, ВБО и ВБЦ, можеби ќе треба да ги одбрани титулите против легендарниот сонародник Владимир Кличко (48), кој размислува за враќање во рингот по пауза од осум години. Според списанието Ring, поранешниот долгогодишен шампион е „речиси целосно посветен“ на идејата за враќање. Се за целта да стане најстариот шампион…

Read More

Завршниот турнир во Купот на Македонија ќе се одржи воГевгелија во организација на КК Кожув. Турнирот во машка и женска конкуренција ќе се одигра во период од 13 до 15 февруари 2025 година, во спортската сала „26 април“ во Гевгелија. Во четвртфиналето во машка конкуренција ќе се соочат тимовите на: ТФТ – ГостиварПелистер – ЧаирМЗТ Скопје – РаботничкиКуманово – Кожув Во полуфиналето на женскиот дел од турнирот ќе играат: Крива Паланка – ВардарБаскет Кам – Бадел

Read More

Капитенот на македонската ракометна репрезентација Филип Кузмановски, заврши во ТОП 5 листата на најдобри стрелци на вчера завршеното Светско првенство во ракомет. Данецот Матијас Гидсел, освен што беше прогласен за МВП на Мундијалот, заврши и како најдобар стрелец со 74 постигнати голови. Нашиот Филип Кузмановски овој Мундијал го заврши со 49 постигнати гола на петтото место. Пред него се најдоа и Франсиско Коста и Дика Мем со по 54 постигнати голови, како и уште еден Данец, Симон Питлик, со 50 гола.

Read More