KTM и неговиот сателитски тим Tech3 ги промовираа моделите на нивните мотори за 2025 година на заеднички настан во Малезија. Фабричкиот тим на KTM Racing оваа година ја задржа својата позната шема на бои во портокалова и темно сина боја, при што логоата на главниот спонзор Red Bull повторно доминираат на мотоциклот. Во меѓувреме, Tech3 ќе го прифати истиот стил како и фабричкиот тим, откако претходно имаше целосно црвени мотори во 2023-2024 година за да го промовира брендот GasGas. И KTM и Tech3 ја освежија својата постава на возачи оваа година, при што сензацијата дебитант Педро Акоста беше промовиран во…
Author: saso
Поентерот на Мајами Хит, Тери Розир, е под истрага од федералните обвинители, поради нелегално обложување. „Вол Стрит Журнал“ пишува дека кошаркарот е осомничен за учество во спортски обложувања во 2023 година. Забележано е дека истрагата за Розир е дел од пошироката владина истрага што претходно беше спроведена против Џонтај Портер. Се верува дека истиот коцкарски гуру имал сомнителни облози на Розир, тогаш играч на Шарлот Хорнетс.
По поразот од Бенфика синоќа на домашен терен, Јувентус има само 1 победа напоследните 8 натпревари. Тоа сериозно се заканува дека Тиаго Мота наскоро ќе добие отказ. Избраниците на Тиаго Мота завршија на 20. место на табелата во оваа фаза од Лигата на шампионите, а утре ќе го добијат противникот за плеј-оф рундата. На последните 8 натпревари во сите натпреварувања торинскиот тим забележа 3 порази и 4 нерешени средби. Во овој период го победија само Милан со 2:0. Ако Јуве не успее да го победи викендов Емполи, кому му гостува, Мота веќе во понеделник би требало да биде сменет.
Властите во Мадрид се уверени дека Формула 1 ќе се вози во нивниот град во 2026 година. Од градот негираат дека има некакви проблеми со одржувањето на оваа Гран При трка. Договорот за домаќин на Шпанското ГП со Мадрид треба да стартува од сезоната 2026 година. Истиот беше склучен на период од 10 години. Во исто време, се појавија информации за правни тешкотии, проблеми со финансирањето, како и поплаки од жителите на областите на Мадрид каде што ќе се гради дел од автодромот. Дизајнот на патеката долга 5,47 километри претпоставува дека патеката ќе биде поставена делумно по градските улици и…
Колумбискиот напаѓач од Астон Вила, Џон Дуран кариерата ја продолжува во Саудиска Арабија кај Кристијано Роналдо. Иако се чинеше дека Астон Вила ќе може да одолее на богатата понуда, сепак се согласи на понудените 77 милиони евра за фудбалерот, кои со бонуси воопшто нема да бидат мали, па целата зделка може да достигне и до 90 милиони евра. Новиот клуб на Џон Дуран ќе биде Ал Наср. Младиот Колумбиец, кој изгледаше како ѕвезда во создавањето на светскиот фудбал сега останува да се види како ќе се снајде во Саудиска Арабија.
Италијанскиот прволигаш Торино утрово и официјално го претстави нашиот Елиф Елмас како ново засилување на тимот за вториот дел од сезоната. Елмас дојде на позајмица од екипата на РБ Лајпциг и се надева дека ќе успее да фати стандардно место во првиот тим на италијанскиот калчолигаш. Целиот фудбалски погон на Торино го пречека Елмас со топло добредојде и му посака успешен престој и настапи во тимот.
Хрватскиот стратег Нико Ковач и официјално седнува на клупата на Борусија Дортмунд. Фабрицио Романо објави дека хрватскиот тренер потпишал со германскиот гигант и дека официјална потврда се очекува во текот на денот. Тој додава дека директорот на Борусија Ларс Рикен изјавил дека се е договорено со Ковач и дека новиот тренер ќе го води тимот веќе в сабота на првенствениот натпревар со Хајденхајм. Ковач во досегашната тренерска работа ги водеше младинската и сениорската репрезентација на Хрватска, а беше тренер и на Ајнтрахт Франкфурт, кој го водеше до 2018, по што беше тренер и на Баерн, Монако и Волфсбург до март…
Напаѓачот на германскиот шампион Баер (Л), Виктор Бонифejс ќе остане со шампионот во Бундеслигата и нема да се пресели во Саудиска Арабија, изјави тренерот на германскиот тим Чаби Алонсо. „Тој повторно ќе тренира со нас утре и ќе разговараме. Среќен сум што останува“, изјави Алонсо по победата над Спарта Прага од 2:0 во ЛШ. Бонифејс се поврзува со трансфер вреден 70 милиони евра во Ал Наср, каде што игра Кристијано Роналдо. Тој не учествуваше на тренингот на Баер Леверкузен во вторникот, не беше дел од тимот вчера, но очигледно трансферот пропадна.
Во очекување на првото полуфинале на Светското првенство во ракомет, херојот на Франција од четвртфиналето, Лука Карабатиќ, вели дека ги очекува ракометен пекол во Арената во Загреб. „Полуфиналето против Хрватска ќе биде пекол за нас. Тие играат се подобро и подобро, мислам дека сега достигнаа навистина високо ниво и ќе ни биде многу тешко. Ќе мораме да бидеме максимално смирени, да се обидеме со ладна глава да влеземе во мечот и очекуваме голема борба на теренот. Ги видовме нивните навивачи, но ќе мора да се концентрираме на она е на теренот. Навивачката атмосфера ќе биде поинаква“, рече херојот на Франција…
Македонскиот атлетичар Андреас Трајковски на атлетиски митинг во сала во Белград денеска остари најдобар скок сезонава од 7.72 метри и го освои 8-то место во силна конкуренција. Овој митинг е еден од 9-те златни митинзи под капата на Светска Атлетика. Со денешниот настап Андреас испиша историја за македонската атлетика како прв Македонец, кој некогаш настапил на натпреварување од оваа категорија. Овој скок е само 7 сантиметри послаб резултат од актуелниот македонски рекорд кој е во сопственост на Андреас поставен минатата година на Балканијадата во Истанбул.
