Во очекување на првото полуфинале на Светското првенство во ракомет, херојот на Франција од четвртфиналето, Лука Карабатиќ, вели дека ги очекува ракометен пекол во Арената во Загреб.
„Полуфиналето против Хрватска ќе биде пекол за нас. Тие играат се подобро и подобро, мислам дека сега достигнаа навистина високо ниво и ќе ни биде многу тешко. Ќе мораме да бидеме максимално смирени, да се обидеме со ладна глава да влеземе во мечот и очекуваме голема борба на теренот. Ги видовме нивните навивачи, но ќе мора да се концентрираме на она е на теренот. Навивачката атмосфера ќе биде поинаква“, рече херојот на Франција во победата против Египет во ¼-финалето, Лука Карабатиќ.

