Author: saso

Францускиот стручњак Руди Гарсија е нов селектор на фудбалската репрезентација на Белгија. Како што денеска потврдија од Белгиската федерација, тој ќе биде наследникот на Доменико Тедеско кој доби отказ на селекторското место. 60-годишниот Руди Гарсија ќе ги предводи Белгијанците на мечевите со Македонија во рамките на квалификациите за СП 2026. Претходно, Французинот беше тренер на Наполи, Ал-Наср, Лион, Марсеј, Рома и Лил.

Read More

Словенечкиот ракометар Нејц Цехте ќе остане во клиничкиот центар во Загреб до крајот на неделата, соопштија oд таборот на словенечката репрезентација во Хрватска. Триесет и двегодишниот словенечки репрезентативец се повреди на мечот против Аргентина, кога во осмата минута, доби удар од аргентинскиот ракометар Мартин Николас Јунг со лакт, при што заработи скршеница на три ребра.

Read More

Јувентус веќе го обезбедил и трансферот на португалскиот фудбалер од екипата на Челзи, Ренато Веига, објави Фабрицио Романо. Според изворот, „Старата Дама“ платила 5 милиони евра за шестмесечна позајмица на Вегига, без право на откуп. Тренерот на Јувентус, Тиаго Мота има намера да го користи Веига како централен дефанзивец. 21-годишниот Португалец игра за Челзи од минатото лето. За тоа време, фудбалерот одигра 18 натпревари на сите турнири, на кои постигна два гола и даде една асистенција Договорот на играчот со Челзи е до летото 2031 година со можност за продолжување на уште една сезона.

Read More

Менаџерот на Манчестер Ј. Рубен Аморим ја потврди веројатноста Алехандро Гарначо да го напушти Манчестер Јунајтед до крајот на месецот. Деновиве беше објавено дека крилниот напаѓач би можел да се пресели во Челзи или Наполи пред да се затвори зимскиот преоден рок. „Ќе видиме што ќе се случи во наредните денови. Тој е играч на Манчестер Јунајтед и беше многу важен за нас денес. Мислам дека тој се подобрува во сите аспекти на играта. Денеска делуваше подобро во центарот, играше и крило, ги менуваше позициите, почна подобро да работи во одбраната. Понекогаш покажува незадоволство, а тоа е добро – тоа…

Read More

Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ не успеа да се пласира во финалето на Австралија опен во Мелбурн, откако по првиот загубен сет во полуфиналниот меч со Александар Зверев од Германија, реши да се повлече. Ѓоковиќ го предаде мечот откако го загуби првиот сет во тајбрејк 7:5, по час и 21 минута. По 11. гем Ѓоковиќ зема лек против болки, бидејќи имаше проблеми со повредата на бутниот мускул со која се здоби во четвртфиналето против Шпанецот Карлос Алкараз. Ѓоковиќ по 12-ти пат играше во полуфиналето на Австралија опен и се обидуваше да го освои својот 11-ти трофеј. Зверев првпат во кариерата е…

Read More

Со полетна игра и константна предност во сите 60 минути, македонската ракометна репрезентација го победи Катар со 39:34 и ја оствари втората победа на Светското првенство во Хрватска. Денеска во 2. коло од главната фаза во Вараждин, момците на Кире Лазаров покажаа дека ниту еден од претходните резултати на овој Мундијал не бил случаен. Оваа генерација покажува дека има сериозен квалитет, а тоа и резултатски се потврди на денешниот дуел. Македонија тотално го порази тимот на Веселин Вујовиќ и сега останува во трка за пласман имеѓу 13 и 16 место на ова СП. На денешната средба скоро сите ракометари во…

Read More

Словенечкиот ракометен репрезентативец Нејц Цехте, инаку ракометар на нашиот првак Еурофарм Пелистер, на мечот со Аргентина (34-23) кој се играше во скоро празната Арена во Загреб, потешко се повреди и тоа во 7. минута, па мораше на носилки да го изнесат од теренот. Инаку до повредата дојде откако еден ракометар на Аргентина без никаква потреба го удри силно во пределот на ребрата. Засега се уште не се знае за каква повреда станува збор и дали за Цехте ова СП е завршено.

Read More

Бразилецот од екипата на Манчестер Јунајтед, Ентони ги договорил условите од личниот договор со Бетис. Оваа недела Манчестер Јунајтед ќе ја одржи последната рунда преговори со шпанскиот клуб околу трансферот на 24-годишниот крилен напаѓач на позајмица до крајот на сезоната. Треба само страните да се договорат за последните детали. Претходно се дозна дека Манчестер Јунајтед ќе покрие дел од платата на Ентони за време на неговата позајмица во Бетис. Во актуелната премиерлигашка сезона Бразилецот одигра 8 натпревари, без постигнат гол.

Read More

Продолжуваат преговорите меѓу Пари Сен Жермен и Астон Вила за трансфер на колумбискиот напаѓач Џон Дуран, јавува новинарот Матео Морето. Според него, англискиот клуб бара повеќе од 70 милиони евра за напаѓачот, но ПСЖ во оваа фаза не е подготвен да ја исплати оваа сума. Оваа сезона 21-годишниот Дуран одигра 27 натпревари за Вила на сите турнири, на кои постигна 12 гола. Актуелниот договор на играчот со клубот е до летото 2030 година. Според некои информации од Франција, парижани во првата понуда до Астон Вила за Дуран понудиле 40 милиони евра, што е далеку од сумата која ја бара англискиот…

Read More

Тренерот на Реал Мадрид, Карло Анчелоти беше задоволен од играта на Мбапе во победата од 4-1 над Лас Палмас, во која францускиот напаѓач постигна два гола. Успехот го издигна шпанскиот шампион на првото место во поредокот. Италијанецот истакна дека никогаш не се сомневал во квалитетите на 26-годишниот Мбапе и покрај неговиот тежок старт во Реал. „Мбапе е најдобриот центарфор во светот, тоа не треба да биде доведено во прашање кога игра на таа позиција“, рече Анчелоти.

Read More