Facebook Twitter Instagram
    Спортско Радио 90.3
    • Дома
    • Фудбал
    • Кошарка
    • Ракомет
    • Тенис
    • Домашен микс
    • Меѓународен микс
    Спортско Радио 90.3
    Home»Ракомет»Храбрата Македонија го растури Катар за втора мундијалска победа (ФОТО)
    Ракомет

    Храбрата Македонија го растури Катар за втора мундијалска победа (ФОТО)

    sasoBy saso23/01/2025No Comments1 Min Read
    Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    Со полетна игра и константна предност во сите 60 минути, македонската ракометна репрезентација го победи Катар со 39:34 и ја оствари втората победа на Светското првенство во Хрватска. Денеска во 2. коло од главната фаза во Вараждин, момците на Кире Лазаров покажаа дека ниту еден од претходните резултати на овој Мундијал не бил случаен.

    Оваа генерација покажува дека има сериозен квалитет, а тоа и резултатски се потврди на денешниот дуел. Македонија тотално го порази тимот на Веселин Вујовиќ и сега останува во трка за пласман имеѓу 13 и 16 место на ова СП.

    На денешната средба скоро сите ракометари во списокот на Лазаров се запишаа во листата на стрелците, што исто така е куриозитет. Единствено Павле Атанасијевиќ не погоди. Најефикасни беа Кузмановски и Пешевски со по 6 погодока. Митев и Костески постигнаа по 5.

    В сабота од 20.30 во Вараждин ќе го одиграме и последниот меч во оваа група против големиот фаворит Франција.

    Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    Related Posts

    Јака Малус на крајот на сезоната заминува од Вардар?

    15/11/2026

    Во меч со пресврти: Вардар славеше на дербито со Алкалоид

    14/11/2026

    Валах останува во Вардар до 2028 година

    13/11/2026

    Leave A Reply Cancel Reply

    СПОРТСКО РАДИО 90.3 / ВО ЖИВО
    МАРКЕТИНГ
    Следете не на Facebook
    Најнови вести
    • Македонија против Словенија го затвора неуспешното поглавје во Лигата на нациите Б -лига
    • Македонија се запиша во историјата на Младинските олимписки игри Дакар 2026
    • Ален и Адријан Рустемовски од утре ги започнуваат натпреварите на ЕП ви бокс У-23
    • Англиската репрезентација постави рекорд по натпреварот против Шпанија
    • Баерн Минхен бара дури 300 милиони евра за Мајкл Олисе
    За Спортско Радио
    Почнувајќи од 22 февруари 2005 година, Спортското радио 90.3 фм емитува исклучиво спортска програма, со повеќе од 15 часовна програма во живо. Концепцијата на Спортското радио 90.3 фм е пред се, брзо и точно информирање за сите спортски настани. Спортското радио 90.3 фм има традиција, преточена во нов спортски звук!

    © 2026 ThemeSphere. Designed by ThemeSphere.

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.