Словенечкиот ракометен репрезентативец Нејц Цехте, инаку ракометар на нашиот првак Еурофарм Пелистер, на мечот со Аргентина (34-23) кој се играше во скоро празната Арена во Загреб, потешко се повреди и тоа во 7. минута, па мораше на носилки да го изнесат од теренот.
Инаку до повредата дојде откако еден ракометар на Аргентина без никаква потреба го удри силно во пределот на ребрата. Засега се уште не се знае за каква повреда станува збор и дали за Цехте ова СП е завршено.

