Словенечкиот ракометар Нејц Цехте ќе остане во клиничкиот центар во Загреб до крајот на неделата, соопштија oд таборот на словенечката репрезентација во Хрватска.
Триесет и двегодишниот словенечки репрезентативец се повреди на мечот против Аргентина, кога во осмата минута, доби удар од аргентинскиот ракометар Мартин Николас Јунг со лакт, при што заработи скршеница на три ребра.

