Селекторот на француската фудбалска репрезентација, Дидие Дешамп најави заминување од позицијата по Светското првенство во 2026 година. „Не сум тука да објавам, но тоа ќе се се случи во 2026 година. Со репрезентацијата работам од 2012 година, договорот е до 2026 година, до следното Светско првенство. И тогаш тоа е тоа, во одреден момент треба да завршите. Во мојата глава созреа јасна одлука. Мојата работа ја извршувам со постојана желба и страст да се осигурам дека француската репрезентација го одржува највисокото ниво. 4 години е многу време. Не сум тука за рекорди, најважно е францускиот тим да остане на врвот,…
Author: saso
Легендата на рели-спортот, Французинот Себастиен Леб ги заврши своите настапи на релито Дакар 2025 година. Французинот се преврте во третата етапа и загуби повеќе од еден час од своите ривали. По финишот се покажа дека е оштетен заштитниот кафез на автомобилот Дачија. Во согласност со правилата на ФИА, екипажот не може да ја продолжи трката. Леб е деветкратен светски шампион во рели кој се уште не го освоил Дакар. Себастијан ја заврши трката на второто место трипати и двапати беше трет.
Милан сериозно работи на трансфер на Маркус Рашфорд. Според Џанлука Ди Марцио, италијанскиот клуб сака да го земе 27-годишниот напаѓач на позајмица со опција за откуп. „Росонерите“ веќе испратија соодветен предлог до Манчестер Јунајтед . Ситуацијата ја следи и Борусија Дортмунд, која исто така е во трка за неговиот потпис. Оваа сезона Рашфорд одигра 15 натпревари во Премиер лигата , постигна 4 гола и 1 асистенција.
Ливерпул нема ништо против да го продаде младиот крилен напаѓач Бен Доак, но нема да прифати понуди по секоја цена. Кристал Палас и Ипсвич ќе мора да ја зголемат својата првична понуда за 19-годишниот репрезентативец на Шкотска, доколку сакаат почеток на преговори. Се зборува дека и двата клуба најавиле понуди од по 20 милиони фунти, додека „црвените“ за него бараат околу 30 милиони фунти. Доак настапува за Мидлсброу како позајмен, а на 21 меч сезонава во Чемпионшип има 2 гола и 6 асистенции. За него се интересираат и Фулам и Брентфорд. Во март 2022 година, Ливерпул го купи Доак од…
Саудиска Арабија од денеска ќе биде домаќин на заршницата на шпанскиот Суперкуп. Веќе денеска на програмата го имаме првиот полуфинален меч во Џеда. Барселона во битката за ново фунале во Суперкупот ќе се сретне со екипата на Атлетик (Б), додека утре Реал Мадрид ќе се соочи со Мајорка.
Англискиот шампион Манчестер Сити подготвува изненадувачка понуда за дефанзивецот на Јувентус, Николо Савона. Пеп Гвардиола и неговиот тим се заинтересирани за бекот и ќе направат се за да го обезбедат неговиот потпис во текот на зимскиот преоден рок. Дефанзивниот настап на Сити оваа сезона беше кошмар. „Граѓаните“ примија вкупно 27 гола, повеќе од која било друга екипа во Топ 6 во Премиер лигата. Се чини дека клубот се подготвува да се раздели и со искусниот Кајл Вокер, кој најверојатно ќе се упати во Саудиска Арабија, ако не во јануари, тогаш секако по крајот на сезоната.
Хрватската скијачка Зринка Љутиќ е победничка на слаломот од Светскиот куп што се одржа во словенечка Крањска Гора. Ова беше втора последователна победа на 20-годишната Хрватка откако минатата недела славеше во Семеринг, Австрија. Љутиќ и Швајцарката Венди Холденер го поделија првото место по првото возење. Следеше драматично второ возење, а иако Холденер извозе и одличен втор круг, Љутиќ беше побрза за 16 стотинки за големо славје на армијата хрватски навивачи кои пристигнаа во Словенија. Третото место го зазеде Швеѓанката Ана Свен Ларсон. Љутиќ сега е лидер во слалом со 309 бодови, четири повеќе од Швајцарката Камила Руст.
И прволигашот Воска Спорт донесе нови засилувања во зимскиот преоден рок. Како што објавија денеска од клубот, три нови имиња го засилуваат тимот од Охрид кој ќе се бори за опстанок во елитата. Филип Валенчиќ, интернационалецот од Словенија кој има преку десет настапи за младинските репрезентации на Словенија е првото ново име во Воска, а со него пристигнаа и играчот за врска Туре Сира од Финска, како и Оива Лаксонен, кој што исто како и Сира доаѓа од Финска од екипата на Хака.
Филип Деспотовски повеќе не е тренер на Кожуф. Тој на социјалнте мрежи потврди дека се разделил со второлигашот од Гевгелија. Причината за ова се недоволните услови кои клуб ги понудил, кои пак не се складни со амбициите. Кожуф првиот дел од сезоната го заврши на деветото место на табелата со скор од пет победи, седум нерешени и три порази.
Најдобрата светска тенисерка Арина Сабаленка на импресивен начин го освои ВТА турнирот во Бризбејн. Во денешното финале, по речиси два часа игра, Сабаленка ја совлада Полина Кудерметова со резултат 2:1 во сетови. Интересно, на патот до финалето Сабаленка не загуби ниту еден сет, а ги доби средбите против Рената Заразуа, Јулија Путинцева, Марија Бузкова и Мира Андрејева со по 2:0.
