Властите во Мадрид се уверени дека Формула 1 ќе се вози во нивниот град во 2026 година. Од градот негираат дека има некакви проблеми со одржувањето на оваа Гран При трка.
Договорот за домаќин на Шпанското ГП со Мадрид треба да стартува од сезоната 2026 година. Истиот беше склучен на период од 10 години. Во исто време, се појавија информации за правни тешкотии, проблеми со финансирањето, како и поплаки од жителите на областите на Мадрид каде што ќе се гради дел од автодромот.
Дизајнот на патеката долга 5,47 километри претпоставува дека патеката ќе биде поставена делумно по градските улици и делумно низ територијата на изложбениот комплекс IFEMA.
„Би ги советувал сите да останат смирени. Трката ќе се одржи и ќе има голем успех“, изјави градоначалникот на Мадрид, Хозе Луис Мартинез-Алмеида.

