Author: saso

Американскиот атлетичар Грант Фишер постави нов светски рекорд на трката на 3000 метри во сала. 27-годишниот Фишер на трката во рамките на 117. Игри на Милроуз, успеа да истрча време од 7:22,91 минути со што успеа да постави нов најдобар резултат во светот на делницата од 3000 метри. Тој го собори светскиот рекорд кој беше во сопственост на Ламече Гирме од Етиопија (7.23.81), поставен пред две години. Уште еден Американец, Кол Хокер, исто така го надмина претходниот рекорд, освојувајќи го второто место во конкуренцијата (7:23,14).

Read More

Тренерот на Реал Мадрид, Карло Анчелоти не сакаше да го коментира пеналот кој беше досуден против неговиот тим на дербито со Атлетико Мадрид. Натпреварот заврши 1:1, но Реал Мадрид и понатаму останува на врвот на табелата. Најконтроверзната ситуација беше на крајот од првото полувреме, кога Чуамени го нагази Лино во неговиот шеснаесетник и по интервенцијата на ВАР „јорганциите“ добија пенал. „ВАР интервенираше, судијата беше таму и виде што се случува. Сличен пенал досуден по ВАР видов на мечот меѓу Атлетик Билбао и Жирона. Тие што работат во фудбал не го разбираат ова. Дали го уништуваме фудбалот? Не сакам да навлегувам…

Read More

Манчестер Јунајтед и Астон Вила имаат сериозен интерес за талентот на Барселона, Фермин Лопез. Според весникот „Спорт“, дури и Каталонците одбиле понуди за него од околу 70 милиони евра во јануари. Играчот од средниот ред исто така категорично одбил да го напушти својот матичен клуб. Манчестер Јунајтед долго време ги следи настапите на Фермин и на лето ќе се врати со нова понуда за младиот фудбалер на Барса. Фудбалерот од средниот ред веќе потпиша нов договор со Барселона со кој треба да остане во клубот до 2029 година.

Read More
NBA

Фановите на НБА тимот Далас Маверикс не можат да се помират со одлуката на клубот да го испрати Лука Дончиќ во Лејкерс, а за возврат да го добие Ентони Дејвис. Пред Арената на Далас Маверикс, фанови се собраа и го искажаа својот гнев кон генералниот менаџер, Нико Херисон кој ја донесе одлуката за трејд на Лука Дончиќ Навивачите на Далас бараат Нико Херисон итно да биде отпуштен.

Read More

Норвешкиот ски-скокач Јохан Андре Форфанг победи на скокалницата во Лејк Плесид, САД. Форфанг славеше со скокови од 130,5 и 121 метар, со вкупно 295,5 освоени поени. Второто место го зазеде Австриецот Јан Херл со скокови од 125,5 и 122,5 метри (256,6 поени), додека третото место му припадна на овогодишниот победник на Новогодишната турнеја, Австриецот Даниел Чофенинг (скокови од 122,5 и 125 метри, 255 поени).

Read More

Саудискиот клуб Ал Ахли го исклучи Роберто Фирмино од својот тим за домашниот шампионат. Според инсајдерот Фабрицио Романо, бразилскиот напаѓач нема да може да игра во лигата на Саудиска Арабија, затоа што Ал Ахли на негово место го вклучи Вендерсон Галено, кој го купи од Порто. Поранешниот играч на Ливерпул останува во составот само за Лигата на шампионите во Азија. Фирмино повеќе не е во плановите на Ал Ахли и клубот се надева дека ќе преговара со играчот за негова продажба, иако не успеа тоа да го направи оваа зима. Фирмино не сака да се откаже од договорот со клубот…

Read More

Американката Бризи Џонсон сензационално го освои златниот медал во спуст на Светското скијачко првенство во Залбах. Таа со време 1:41.29 минути дојде до првото место, откако стартуваше со бр. 1. Интересно е тоа што 29-годишната Џонсон нема освоено ниту еден светски куп во кариерата, а ова е нејзин прв медал во кариерата. На Светските првенства, нејзиниот најдобар резултат досега беше деветтото место во спуст во 2021 година. Во шест сезони од натпреварувањето на Светскиот куп, таа седум пати беше на подиумот во спуст, но никогаш на највисокото скалило. Среброто го обезбеди Австријката Мирјам Пухнер со заостанување од 15 стотинки, а…

Read More

Тренерот на Милан, Серџо Консеисао верува дека Рафаел Леао може да достигне уште повисоко ниво доколку ја напушти својата комфорна зона. Португалското крило беше меѓу резервите во победата од 3-1 над Рома во Купот на Италија оваа недела, влегувајќи во последните 20 минути од четвртфиналната пресметка. „Со играчите кои пристигнаа во јануари, можеме подобро да работиме за да одиме онака како што јас сакам и да играме со двајца во нападот. Леао може многу повеќе, многу повеќе. Треба да сфати дека е важно да ја имаш топката во нозете, но важно е и кога ја немаш“, прокоментира тренерот на Милан…

Read More

Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ брзо закрепнува од повредата која ја заработи на Австралија Опен и тоа ќе му овозможи да се врати на терените за турнирот во Доха. Ѓоковиќ заработи повреда на левата тетива на Австралија Опен. Тогаш во медиумите се појави информација дека ќе мора да паузира најмалку неколку месеци. Вестите од Србија сега, сепак, укажуваат дека повредата полека е санирана и тој ќе биде на терен веќе следната недела. Ѓоковиќ се надева дека ќе биде подготвен за Катар Опен.

Read More

Шефот на британскиот Формула 1 тим Мекларен, Зак Браун, прогнозираше кои од пилотите се меѓу претендентите за шампионската титула во Формула 1 во претстојната сезона. „Мислам дека Ландо Норис е дефинитивно еден од фаворитите. Кои други можам да ги именувам како потенцијални кандидати за титулата? Списокот е долг. Би ги вклучил Оскар Пјастри, секако Макс Верстапен, Шарл Леклер, Луис Хамилтон и Џорџ Расел. Што е со Италијанците? Андреа Кими Антонели веројатно ќе победи една или две трки. Очигледно е дека на дебитантот ќе му биде тешко да заврши 24 трки“, изјавил Браун.

Read More