Шефот на британскиот Формула 1 тим Мекларен, Зак Браун, прогнозираше кои од пилотите се меѓу претендентите за шампионската титула во Формула 1 во претстојната сезона.
„Мислам дека Ландо Норис е дефинитивно еден од фаворитите. Кои други можам да ги именувам како потенцијални кандидати за титулата? Списокот е долг. Би ги вклучил Оскар Пјастри, секако Макс Верстапен, Шарл Леклер, Луис Хамилтон и Џорџ Расел. Што е со Италијанците? Андреа Кими Антонели веројатно ќе победи една или две трки. Очигледно е дека на дебитантот ќе му биде тешко да заврши 24 трки“, изјавил Браун.

