Author: saso

Клара Таусон го направи најголемото изненадување на турнирот во Дубаи, откако ја елиминираше светската тенисерка број 1, Арина Сабаленка со 6:3, 6:2. 22-годишната тенисерка од Данска доминираше на натпреварот и се пласираше во четвртфиналето на турнирот од серијата 1000 за првпат во кариерата. Таусон, која е рангирана на 38. место во светот, имаше шест брејка во мечот, водејќи речиси цело време. Победата ја однесе за час и 23 минути игра, а ова и е прв успех во кариерата против најдобрата тенисерка на ВТА листата. Таа во четвртфиналето ќе се сретне со Линда Носкова (Чешка) која со 6:3, 7:6 (8) ја…

Read More

Сопствениците на Челзи му веруваат на тренерот Енцо Мареска. Лондонскиот клуб победи на само 3 од последните 10 натпревари и вече почнаа гласини за промена на тренерското место Како што пишуваат оствровските медиуми, играчите покажале добра реакција на тренинзите по овој пораз. Извори од клубот ја опишуваат атмосферата како позитивна. Мареска јасно ги идентификуваше проблемите што треба да се решат. Сопствениците на Челзи продолжуваат да го поддржуваат италијанскиот стручњак. За разлика од ситуацијата со Маурисио Покетино, клубот не планира да спроведе сеопфатна проценка на учинокот на тренерот на крајот од сезоната. Раководството на лондончани и понатаму верува дека Мареска е…

Read More

Тренерот на Аталанта, Џан Пјеро Гасперини, изненадувачки го критикуваше Адемола Лукман за промашениот пенал синоќа на мечот со Клуб Бриж. Гасперини по средбата го нарече Лукман „еден од најлошите изведувачи на пенали што некогаш го видел“. Моментот можеше да го смени целиот тек на мечот, затоа што Аталанта со тој гол ќе дојдеше до 2:3 против Бриж и шанса да има уште 30 минути за целосен пресврт. „Лукман не требаше да го изведе тој пенал, тој е еден од најлошите изведувачи на пенали што сум ги видел“, рече Гасперини. „Тој има искрено ужасен рекорд дури и на тренинзите, многу малку…

Read More

Светската рекордерка во скок во височина Јарослава Махучих од Украина успеа да скокне 2,01 метри во нејзиниот прв обид на митинг во Словачка, со што постави најдобар светски резултат за 2025 година во оваа дисциплина. Махучих стана првата атлетичарка која ја надлета височината од 2 метри во оваа дисциплина оваа година и со тоа го израмни рекордот на Бланка Влашиќ од четири победи во скок во височина во сала. Махучих ја подигна границата и на 2,04 метри, но имаше три неуспешни скока на оваа височина. Следното натпреварување за Махучих ќе биде Европското атлетско првенство во Апелдорн од 6-9 март, кога…

Read More

Тренерот на француски Монако, Ади Хитер, изјави дека му е многу жал што не успеаја да обезбедат пласман во осминафиналето на ЛШ, иако беа подобар тим од Бенфика синоќа. „Тежок натпревар. Бевме супериорни во однос на противниците повеќе од 60 минути. Не искористивме премногу шанси, додека Бенфика одигра многу ефикасно. Има разочарување, тажно е да се напушти турнирот. Тука стекнавме одлично искуство, што ќе биде од корист, особено за развојот на нашите млади играчи. Покажавме конкурентност. Кога ќе се сетам на првото полувреме, беше неверојатно – изгледавме толку импресивно, но не искористивме толку многу шанси. Нашиот карактер и дух се…

Read More

Интер се обидува да постави темели за ова лето да потпише со Нико Паз, една од младите ѕвезди на екипата на Комо. Комо е амбициозен и сака да го направи Паз заштитно лице на клубот во годините што доаѓаат. Покрај тоа, тие имаат богат сопственик кој има доволно пари да го убеди да остане во екипата. Според Фабрицио Романо, Паз кој е фудбалер на Реал (М), има реални шанси и да се врати во Шпанија, но многу поверојатно е Реал да му дозволи на Комо да го откупи неговиот договор за 9 милиони евра во 2026 година и 10 милиони…

Read More

Фиорентина соопшти дека на Алберт Гудмундсон му била дијагностицирана скршеница на грбот, додека Андреа Колпани доживеал релапс на повредата. „Виолетовите“ сè уште ги чувствуваат последиците од изненадувачкиот пораз на домашен терен со 2-0 од Комо во Серија А во неделата попладне. Гудмундсон беше замена и влезе во игра во 55. минута, но беше принуден повторно да го напушти теренот само 19 минути подоцна по удар во грбот. Рендгенските снимки потврдиле дека станува збор за посериозна повреда од обична модринка, бидејќи му била дијагностицирана фрактура на местото каде го добил ударот. Бидејќи ова е комплицирана ситуација, Гудмундсон ќе биде на нови…

Read More
NBA

Ѕвездата на литвански Жалгирис, Лони Вокер IV, се договори за враќање во НБА лигата, откако постигна договор со Филаделфија 76ерс . Според инсајдерот Шаранија од ESPN, Вокер ја искористил клаузулата за заминување во НБА во неговиот договор со Жалгирис за да го овозможи овој потег. Шаранија наведува дека Вокер потпишал двегодишен договор вреден 3 милиони долари. Оригиналниот договор што Вокер го потпиша со Жалгирис содржел клаузула за заминување до 18 февруари и враќање во НБА. Тој го потпиша тој договор на 30 октомври 2024 година. Според Марк Стајн, откако планирал да остане во Литванија до летото пред да го најде…

Read More
NBA

Избраниците во тимот на Шекил О’Нил, Стеф Кари, Кевин Дурант, Џејмс Харден и останатите, но без Леброн Џејмс кој шокантно се повлече пред натпреварот, во финалето на Ол-Стар мечот го победија Тимот оставен од Чарлс Баркли со 41:25. НБА се обиде да го направи Ол-стар викендот поинтересен, но промената што ја видовме не ги израдува љубителите на кошарката. Играчите повторно делуваа незаинтересирано, а имаше само неколку потези на кои навивачите можеа да аплаудираат. Стеф Кари стигна до титулата МВП, а Џејсон Тејтум беше импресивен во финалниот меч. Кошаркарот на Бостон го заврши финалниот меч со 15 поени, а за одбележување…

Read More

Тренерот на Манчестер Сити, Пеп Гвардиола, одлучи да се раздели со тројца од главните играчи на тимот на крајот на сезоната. Според информациите, шпанскиот стручњак планира големо преструктуирање во клубот и верува дека продажбата на Кевин Де Брујне, Бернардо Силва и Илкај Гундоган ќе му помогне да се забрза овој процес. Дури и иднината на Фил Фоден е доведена во прашање, а за него се заинтересирани Реал Мадрид и Баерн Минхен. Понуда од 150 милиони евра би можела да го натера англискиот клуб да се збогува и со него. Гвардиола неодамна го продолжи договорот со Манчестер Сити и покрај тековната криза во клубот.

Read More