Српскиот кошаркар од тимот на Мајами Хит, Никола Јовиќ подолго време ќе отсуствува од терените. Како што објавија од неговиот клуб, Јовиќ ќе пропушти најмалку четири недели поради фрактура на втората метакарпална коска на десната рака. Јовиќ се повреди на натпреварот против Милвоки (113:120) во неделата. Српскиот кошаркар сезонава на 46 натпревари има просек од 10,7 поени, 3,9 скока и 2,8 асистенции.
Author: saso
Предводникот на Атлетико Мадрид, Диего Симеоне, го пофали својот тим по ремито 4:4 против Барселона во првиот натпревар од полуфиналето на Купот на Кралот. До ремито Атлетико Мадрид дојде со голови постигнати во финишот од натпреварот, откако беа во негатива од два гола разлика. „Треба да работиме на тоа како да ги браниме корнерите бидејќи очигледно имавме проблеми денес. Играчите покажаа дух, на што се восхитувам. Тоа беше отворен натпревар против многу силен противник, но имаме се што ни е потребно за да продолжиме напред“, коментира Симеоне. На 2:0 во наша корист си реков: „Не брзај да се радуваш, нема…
Тренерот на Барселона Ханси Флик со измешани чувства го прифати нерешениот резултат 4:4 на домашен терен против Атлетико Мадрид во првото полуфинале од Купот на кралот. Барселона беше во негатива од два гола во воведните минути од натпреварот, а потоа постигнаа четири пред да примат уште два. „Разочаран сум од резултатот поради начинот на кој одигравме по двата примени гола на почетокот. Создадовме многу шанси. Во последните неколку минути дозволивме да ни направат многу шанси. Атлетико е многу силен тим“, изјави Флик. „Имавме големи шанси да победиме. Треба да разговараме со играчите за грешките што ги направивме во одбраната. Се…
Фудбалерот на Челзи, Мојсес Каиседо е под закана од суспензија од два натпревари во Премиер лигата доколку добие уште еден жолт картон во следните натпревари. Еквадорецот беше одличен во дресот на Челзи оваа сезона, но е еден од најнедисциплинирание играчи во лигата. Имено, тој повторно доби жолт картон синоќа на мечот со Саутемптон и од почетокот на сезоната дури 9 пати беше опоменуван од судиите и санкциониран со жолт картон. Еднаш веќе паузираше на еден меч, а сега по 10-тиот жолт картон му се заканува суспензија и од два натпревари. Ако Каиседо добие жолт картон на следниот меч на домашен…
Македонскиот претставник Алкалоид во сабота на домашен терен, во салата „Автокоманда“ ќе го пречека Бриксен во реванш осминафиналниот натпревар од ЕХФ Европскиот куп. По тој повод денеска на прес-конференција, Алкалоид го најави реваншот за пат во четвртфиналето. „Неочекувано извојувавме висока победа над еден ривал од Италија, земја во која ракометот на репрезентативно и клупско ниво е во подем. Се одлепивме во последните неколку минути и стигнавме до убедлива победа. Момците одиграа одлично и сега сакам и очекувам да победиме и во реваншот. Добро сме подготвени, ривалот е квалитетен, но ние сме подобри и тоа треба да го потврдиме на теренот“,…
Селекторот на женската сениорска ракометна репрезентација на Македонија, Кристијан Грчевски го објави списокот на повикани ракометарки за подготовки за време на ЕХФ националната недела во март 2025 година. Во рамки на ЕХФ неделата од 3 до 9 март женската сениорска селекција ќе оддигра две пријателски средби против селекцијата на Србија. Натпреварите ќе се оддиграат во Бор, Србија на 7 и 8 март. Собирот на женската национална селекција е на 3 март во понеделник во малата спортска сала при Спортски Центар Јане Сандански во Скопје.
Синоќа во Купот на шампионите во КОНКАКАФ зоната имаше натпревар кој се оригра буквално на екстремни услови и температура од -17 степени. Сепак, и тоа не го спречи Лионел Меси да стане херој на вечерта! Во првиот официјален натпревар на Интер Мајами во 2025 година, тој го постигна единствениот гол во триумфот над Спортинг Канзас Сити. Дуелот во осминафиналето од најсилното натпреварување во Северна и Централна Америка беше решен во 56. минута, кога Аргентинецот погоди во противничката мрежа. Серхио Бускетс ја имаше улогата на асистент, но Меси ја заврши речиси целата работа. Реваншот е закажан за шест дена.
Мохамед Салах го повтори достигнувањето на Еден Азар. Со голот и асистенцијата на синоќешниот меч со Астон Вила, крилниот напаѓач на Ливерпул веќе има 24 гола и 15 асистенции во актуелното англиско првенство. Тој стана првиот играч кој постигнал најмалку 15 гола и 15 асистенции во Премиер лигата по Еден Азар од Челзи во 2018/19 година. Белгиецот тогаш имаше 16 гола и 15 асистенции.
Наполи, наводно е на прагот да потпише нов договор со уругвајскиот лев бек Матијас Оливера. Според Калчомеркато, 27-годишниот фудбалер наскоро ќе стави потпис на нов договор. Оливера веќе се согласил на нова долгорочна соработка со Наполи. Иако неговиот сегашен договор истекува во 2027 година, избраниците на Антонио Конте ги забрзаа преговорите за продолжување со агентот на играчот. Оливера наскоро ќе го продолжи договорот до 2030 година, а Наполи е подготвен да го награди со зголемување на платата.
Младиот дефанзивец на Реал (М), Раул Асенсио одговори на прашањето за посакуваниот противник во 1/8 финалето од Лигата на шампионите. Реал Мадрид го победи Манчестер Сити со вкупни 6-3 и се пласираше во осминафиналето на турнирот, па сега се очекува утрешната ждрепка за да се комплетираат двојките. Како потенцијални ривали за Реал Мадрид во следната рунда се Баер (Л) или Атлетико (М). „Ние сме Реал Мадрид. Не ни е грижа со кого играме. Ќе се бориме и ќе се обидеме да поминеме во следната рунда“, изјави дефанзивецот на Реал, Раул Асенсио, веднаш по вчерашниот меч.
