Author: saso

Главниот советник на Младинската програма на Ред Бул, Хелмут Марко, пред почетокот на сезоната во Формула 1 даде свои проценки за шансите на тимовите. „Мислам дека ќе гледаме битка на три или четири тима во која се вклучени Мекларен, Мерцедес, Ферари и Ред Бул. Но, гледајќи ги резултатите се чини дека Мекларен е веќе малку понапред од другите. Ова се однесува и на темпото и на кратки и на долги растојанија. Ред Бул постигна напредок, но Мекларен изгледаат како очигледни фаворити. За време на тестирањето, само во средата бевме брзи како Мекларен. Во петокот, за време на тренинзите на долги…

Read More

Младиот дефанзивец на Барселона, Пау Кубарси постави анти-рекорд во елиминациските натпревари во Лигата на шампионите. Во 22. Минута на вчерашното гостување кај Бенфика, судијата Феликс Цвејер го исклучи 18-годишниот Кубарси, кој се обиде да го спречи Павлидис со лизгачки старт. Кубарси со 18 години и 42 дена стана најмладиот фудбалер во историјата на Лигата на шампионите кој добил црвен картон во нокаут-натпревар на турнирот. Рекордот, вклучувајќи ја и групната фаза, му припаѓа на Селестин Бабајаро (некогашен играч на Андерлехт) кој беше исклучен на 16 години и 86 дена во 1994 година.

Read More

Федерико Валверде би можел да го пропушти дербито со Атлетико (М) во Лигата на шампионите, пишува Релево. Играчот од средниот ред на Реал Мадрид денеска тренирал индивидуално поради проблем со мускул на бутот. Претходно беше објавено дека Валверде имал непријатност во мускулите повеќе од еден месец, од натпреварот од Купот на Шпанија против Селта на 16 јануари. Забележано е дека учеството на Уругваецот во дербито со Атлетико во Лигата на шампионите во вторник се уште е под знак прашалник, а одлуката ќе биде донесена утре.

Read More

ПСЖ постигна четири гола во мрежата на Лил во едно полувреме и уште во раната фаза ја обезбеди победата, што дефинитивно беше најдобра увертира за тоа што следи, односно осминафиналето во Лигата на шампиони. Тимот на Луис Енрике изгледа навистина сериозно во последно време и сега ќе го добие најголемиот тест во двете пресметки со Ливерпул, екипа која според Лучо е најдобра во Европа во овој момент. – Против Лил го одигравме најдоброто полувреме оваа сезона, постигнавме четири гола против тим кој игра во Лигата на шампиони. Задоволен сум од изгледот на тимот, ова беше најдобра подготовка за Ливерпул. –…

Read More

Елиф Елмас експресно брзо се адаптираше во новата средина, нешто што можеше и да се очекува со оглед на искуството кое веќе го имаше доживеано во Серија А. Македонскиот репрезентативец беше најавен како огромно засилување во Торино, а првите три натпревари во дресот на „биковите“ и ги оправдуваат таквите епитети. По деби голот на првиот меч со Болоња, Елмас одигра 60 минути на натпреварот против Милан кој Торино го доби со 2:1, а офанзивниот фудбалер ова попладне го постигна и вториот гол во новиот клуб. Неделната програмата во Серија А е отворена со натпреварот меѓу Монца и Торино на „Бриантео“…

Read More

Дури пет од ѕвездите на Манчестер Јунајтед би можеле да си заминат ова лето. Новиот менаџер на „црвените ѓаволи“ Рубен Аморим подготвува сериозна чистка по завршувањето на сезоната во обид да ги намали трошоците за плати во клубот. Прв на листата на португалскиот стручњак е играчот од средниот ред Касемиро, кој е еден од најискусните во тимот, но и најскапо платените играчи на „Олд Трафорд“. Позајмените Маркус Рашфорд и Ентони Марсијал се чини дека немаат иднина во тимот на Јунајтед и клубот ќе се обиде да ги продаде на лето. Расмус Хојлунд и Џошуа Циркзе исто така не влегуваат во…

Read More

Менаџерот на Манчестер Сити, Пеп Гвардиола, откри дека Нејтан Аке ќе отсуствува долго време поради повреда. Дефанзивецот започна како стартер на вчерашниот натпревар против Плимут во 5. коло од ФА Купот, но беше заменет на полувремето. „Повторно на долг период загубивме центраен бек. Натан сигурно ќе ни недостига. Затоа сум многу благодарен на клубот што ги донесе Хусанов и Витор Реис оваа зима. Без нив немаше да имаме шанси да се пласираме во Лигата на шампионите следната сезона или да се натпреваруваме за ФА Купот. Тоа ќе беше невозможно бидејќи го имавме само Рубен Диас“, изјави Гвардиола. „Граѓаните“ се…

Read More

Александар Стефанов е нов претседател на Ракометната федерација на Македонија. Тој во следните четири години ќе биде на чело на македонскиот ракомет. Стефанов доаѓа на местото на Живко Мукаетов, кој беше претседател на „куќата на ракометот“ во претходните 12 години. На Изборното Собрание беа присутни 48 делегати од вкупно 51. На претседателската функција Стефанов беше избран со акламација. Стефанов доаѓа од тимот на Бутел Скопје, а некое време беше дел од Управниот одбор на РФМ. Новиот претседател е и поранешен ракометар, по професија е правник, и е дел од Управниот Одбор на Фабрика Карпош. „Сакаме да направиме чекор напред, да…

Read More

Неверојатниот шведски атлетичар Арман Дуплантис повторно го собори светскиот рекорд во скок со стап, откако на митингот во Клермон-Феран, Франција, прескокна шест метри и 27 сантиметри. Минатата година Дуплантис трипати го собори светскиот рекорд, а со истото темпо продолжува и во новата година. По фантастичниот скок и новиот светски рекорд, Дуплантис втрча во прегратките на сопругата, додека обожавателите во салата го славеа неговиот подвиг. За потсетување, Дуплантис е двократен олимписки и светски шампион и трикратен европски шампион. Инаку, секогаш кога ќе се собори некој светски рекорд, па дури и неговиот, тој добива награда од 100.000 долари.

Read More

Менаџерот на Манчестер Ј., Рубен Аморим зборуваше за тоа како играчите се справуваат со критиките. „Мислам дека сега е поинаку за играчите. Порано имаше само весници и ништо друго. Со појавата на социјалните мрежи, ситуацијата се промени. Не можете да одите на социјалните мрежи без да видите вести или фотографија. Ако прочитате нешто лошо, ќе се фокусирате на тоа. Може да имате 100 добри работи, но една лоша работа, и се фокусирајте на тоа. Мислам дека им е многу тешко. Може да го наречете мекост, но тие имаат пристап до критики со кои е тешко да се справат. Ним им…

Read More