Откако доби еден силен удар во ногата за време на мечот со Рајо Ваљекано, првата ѕвезда на Реал (М), Килијан Мбапе, вчера не можеше да им се придружи на своите соиграчи на целосниот тренинг пред вечерашниот реванш во ЛШ против Атлетико (М). Наместо тоа тој имал индивидуална сесија во сала пред да направи лесен тренинг на теренот. Оваа мерка на претпазливост сугерира дека Анчелоти не е подготвен да презема непотребни ризици со неговата повреда пред ваков важен натпревар. Реал Мадрид верува дека ако резултатите од денешниот нов фитнес тест не откријат некоја сериозна повреда, напаѓачот сепак би можел да настапи…
Author: saso
Леандро Паредес го продолжи договорот со Рома. Новиот договор на 30-годишниот Аргентинец со римскиот клуб ќе биде до 30 јуни 2026 година. Паредес играше за Рома во сезоните 2014/15 и 2016/17. Потоа замина и се врати во 2023 година. Играчот од средниот ред одигра 129 натпревари за Рома и постигна 10 гола.
Тренерот на Ливерпул, Арне Слот, призна дека би бил „изненаден“ доколку Трент Александер-Арнолд биде подготвен за настап во финалето на Карабао купот во недела, но сепак, е поголем оптимист кога станува збор за повредата на Ибрахима Конате. Двајцата дефанзивци се повредија синоќа во поразот на „црвените“ во реваншот од Пари Сен Жермен во осминафиналето на Лигата на шампионите во вторникот. Александер-Арнолд ја напушти играта во 73-та минута, откако се покажа дека го изврте коленото, додека Конате не можеше да го заврши продолжението на Енфилд поради болки во мускулите. Ливерпул сега може да остане без двајца стартни дефанзивци за мечот со…
Оскар Пјастри го продолжи договорот со Мекларен. Претходниот договор на Пјастри со Мекларен беше до крајот на 2026 година. Новиот договор е пресметан најмалку до крајот на 2028 година. Официјалното соопштение ќе биде објавено во недела пред Големата награда на Австралија, инаку домашна трка на Пјастри. Новиот договор практично значи дека Пјастри и Ландо Норис ќе останат колеги уште најмалку три години – затоа што сегашниот договор на Норис со Мекларен е до крајот на 2027 година.
Ливерпул за првпат загуби во пенал-рулетот во натпреварите од Лигата на шампионите, откако англискиот клуб беше елиминиран по двата меча со ПСЖ во 1/8 финалето на пенали со 1:4. Пред ова, Ливерпул никогаш немаше загубено на пенали во ЛШ, затоа што досега победи во три наврати. Двапати „црвените“ победија на пенали во финалето против Рома во 1984 година и против Милан во 2005 година и еднаш во полуфиналето против Челзи во 2007 година. ПСЖ, пак, е само вториот клуб од Франција кој победил во пенал рулетот на турнирот. Првиот тим беше Бордо, кој го исфрли Днипро во четвртфиналето во 1985…
Тренерот на екипата на Кливленд, Кени Аткинсон, го собори рекордот на франшизата по бројот на остварени победи во првата сезона на клупата на Кавси. Имено, Аткинсон кој минатото лето го презеде тимот, уште вчера по мечот со Милвоки дојде до рекордни 54, а веќе денеска постигна и нов рекорд од 55 остварени победи во првата сезона на клупата на Кливленд и тоа по само 65 одиграни меча во сезоната. Успехот што Кавси го имаат оваа сезона е доказ дека Кливленд ја донел вистинската одлука да го ангажира Аткинсон како наследник на Џеј Би Бикерстаф. Пред да дојде во Кливленд, Аткинсон…
По синоќешната блескава партија на гостувањето кај Јувентус и победата од 0:4, тренерот на Аталанта Џан Пјеро Гасперини ги оцени шансите на својот тим во трката за Скудетото. По 28 кола, Божицата од Бергамо го зазема 3. место на табелата со три бода помалку од водечкиот Интер. „Секако дека уживаме! Луѓето треба да сонуваат, а ние секогаш треба да им даваме надеж. Можеби некои ветал дека тоа е невозможно, но ако силно верувате, може да стане и реалност. Знаеме дека Интер и Наполи се две големи екипи, ги загубивме последните 7 натпревари од Интер, но и ова може да биде…
Фудбалерот на Атлетико (М), Анхел Кореа му се извини на судијата за пцостите упатени кон него по вчерашното исклучување на мечот со Хетафе. Напаѓачот на Атлетико Мадрид доби црвен картон во 88. Минута, а откако беше исклучен, го навредуваше судијата Фернандез со погрдни зборови и пцости. „Би сакал да му се извинам на судијата Гиљермо за мојата реакција по исклучувањето. Мојата почит кон судиите е непобитна, а таквата реакција не е типична за мене. Бев многу изнервиран што го оставив тимот со десетмина во толку тежок момент и реагирав на најлош можен начин. Се надевам дека ќе го прифати моето…
Милош Керкез е едно од најпосакуваните имиња на „Енфилд Роуд“. Според информациите на инсакдерот Фабрицио Романо, менаџерот на „црвените“, Арне Слот дал зелено светло да се почне акцијата за доведување на дефанзивецот на Борнмут. Керкез овој јануари одлучи да потпише со нов менаџер, Фали Рамадани и неговата Лиан Спортс агенција, што е јасна порака дека бара ново поглавје во својата кариера. Рамадани е истиот агент кој го донесе Федерико Киеза во Ливерпул, па голема е веројатноста дека тој ќе биде фактор плус за реализација на овој трансфер. Се очекува преговорите да почнат во следните месеци, со оглед на тоа што…
Менаџерот на Пари Сен Жермен, Луис Енрике, упати предупредување до Ливерпул пред реванш натпреварот од Лигата на шампионите утре на „Енфилд“. Момците на Арне Слот имаат предност од 1-0 од првиот натпревар во Париз претходно минатата недела, откако Харви Елиот го постигна единствениот гол на натпреварот на Паркот на принцовите, а Алисон Бекер ја заслужи наградата за играч на натпреварот за неговиот настап меѓу стативите. Енрике верува дека победата над Рен ќе му даде дополнителна самодоверба на ПСЖ пред дуелот со Ливерпул. Шпанецот исто така упати предупредување до „црвените“. „Мислам дека ќе бидеме во најдобра можна форма за натпреварот со…
