Author: saso

Менаџерот на Челзи, Енцо Мареска, филозофски го опиша поразот од Арсенал од 0-1, изразувајќи уверување дека неговиот тим продолжува да се движи во вистинската насока. Според него, и покрај негативата, „сините“ се претставиле добро и биле во натпреварот до крајот. “Добро се боревме, бевме во игра. Арсенал постигна гол и штета што загубивме, но сепак мислам дека одиме во вистинската насока. Бевме во игра до крајот, немаше голема разлика меѓу двата тима. И покрај повредите, не прекинавме да се бориме до крајот”, изјави Мареска. Тој вели дека и покрај поразот амбициите на Челзи да завршат во Топ 4 во Премиер…

Read More

Во исклучително тежок меч по ужасната трагедија која ја снајде Македонија, машката сениорска ракометна репрезентација на Македонија загуби од селекцијата на Словенија со 38-27 во мечот во Копје од квалификациите за пласман на ЕП 2026 година. Селекцијата на Словенија од почетокот на натпреварот направи високо водство, па на крај успеа да ја надигра Македонија. Најефикасен во репрезентацијата на Македонија беше Филип Кузмановски кој имаше 6 погодоци.

Read More

Поради големата трагедија која денеска и се случи на Македонија во дискотеката во Кочани, сите спортски настани се одложени. – Владата на денешната седница која ќе се оддржи во 16:00 часот ќе донесе одлука за 7-дневна жалост поради трагедијата во Кочани, се вели во информацијата.

Read More

Во големата трагедија која утрово се случи во Кочани, животот го загуби и фудбалерот на скопски Шкупи, младиот Андреј Лазаров. Од клубот ја потврдија информацијата со официјално соопштение: „Како херојска душа што беше, Лазаров го загуби животот обидувајќи се да им помогне на другите да се спасат од просторот зафатен од пожар. Тој се задуши од чадот за време на неговите обиди да спаси животи, покажувајќи храброст и хуманост до последниот момент. Неговиот херојски чин засекогаш ќе остане во нашето сеќавање, како сведоштво за неговиот благороден карактер и неговото големо срце. Ова е огромна загуба за нашиот клуб, за неговите…

Read More

Иднината на Жоао Феликс во Милан е доведена под знак прашалник. Милан одлучил да не преговара за постојан трансфер на Феликс ова лето, оставајќи го напаѓачот на Челзи во неизвесност околу неговата иднина за следната сезона. „Калчомеркато“ пишува дека 25-годишниот фудбалер допрва треба да покаже дека заслужува место во тимот на Милан за следната сезона, затоа што „росонерите“ не се задоволни од неговите игри, особено што досега тој не успева да постигне гол во Серија А откако во јануари му се приклучи на Милан на позајмица. Италијанскиот клуб има опција да го ангажира Феликс за околу 41 милион евра ова…

Read More

Легендата на светскиот фудбал, Тиери Анри му порача на Арсенал една работа што мора да ја направат ако сакаат да ги зголемат шансите за да го победат Реал Мадрид во четвртфиналето од Лигата на шампионите. Двата клуба за првпат по 18 години ќе се сретнат во четвртфиналето на овогодинешното натпреварување по драматичната победа на Реал над Атлетико Мадрид во средата навечер. Ако некој знае што е потребно за Арсенал да го победи Реал Мадрид во Лигата на шампионите, тоа е Анри, кој го постигна единствениот гол во осминафиналето кога двете страни се судрија во 2006 година. Тимот на Арсен Венгер…

Read More

Пилотот на Мекларен, Ландо Норис не беше задоволен од перформансите на болидот во првата сесија тренинзи во Мелбурн. Тој ги сумираше резултатите од петочните слободни тренинзи пред Големата награда на Австралија, истакнувајќи дека тимот се уште има проблеми со перформансите на болидот во квалификациски режим. „Работите засега одат прилично просечно. Добро го започнавме викендот и поставивме цврсти темели. Но, не можам да кажам дека сме задоволни од се. На пример, не сме сигурни во перформансите на болидот во однос на оптималната рамнотежа, на болидот му недостасува стабилност. Особено со малку гориво во резервоарите“, тврди Норис.

Read More
NBA

Синоќа се случи нова историја во НБА лигата. На натпреварот против Сакраменто, Стеф Кари успеа да ја мине границата од 4000 постигнати тројки во кариерата. 36-годишниот супер-стар на Голден Стејт стана првиот играч кој стигнал до 4000 тројки во кариерата. Во 2021 година, Кари стана единствен кошаркар со 3000 тројки, тогаш соборувајќи го рекордот на Реј Ален од 2.973 постигнати тројки, а сега, четири години подоцна ја крена летвичката на 4000 тројки, рекорд кој засега изгледа недостижен за кој било друг НБА кошаркар. „Тоа беше посебен момент бидејќи игравме дома. Кога го срушив рекордот на Реј Ален (2973) во Њујорк,…

Read More

Фудбалската федерација на Македонија на хепенинг пред Куќата на фудбалот и официјално го претстави новиот партнер. Се работи за компанијата „Новоматик Македонија“, а договорот е потпишан на две години и е со вредност од еден милион евра. Пред подготвената забавна програма, пред присутните се обратија првиот човек на ФФМ, Масар Омерагиќ и директорката на Новоматик за Македонија, Марија Митревска.

Read More

Селекторот на фудбалската репрезентација на Македонија, Благоја Милевски, денеска го објави списокот со повикани фудбалери за дуелите против Лихтенштајн и Велс. На прес-конференцијата пред новинрите, тој ги искажа и своите очекувања од стартот на квалификациите за Светското првенство. „Списокот е тој, со играчите со кои го завршивме последниот циклус. Имаме еден дебитант, тоа е Лука Станковски, кој со своите игри заслужи да биде дел од националната селекција. Имавме успешна Лига на нации, успешни беа и квалификациите за СП 2022, а се надевам дека и сега ќе имаме успешен циклус. Имаме два сериозни ривала. Прво играме со Лихтенштајн. Нема лесни ривали…

Read More