Во исклучително тежок меч по ужасната трагедија која ја снајде Македонија, машката сениорска ракометна репрезентација на Македонија загуби од селекцијата на Словенија со 38-27 во мечот во Копје од квалификациите за пласман на ЕП 2026 година.
Селекцијата на Словенија од почетокот на натпреварот направи високо водство, па на крај успеа да ја надигра Македонија.
Најефикасен во репрезентацијата на Македонија беше Филип Кузмановски кој имаше 6 погодоци.

