Легендата на македонскиот фудбал Дарко Панчев, најави реализација на идеја за организирање на хуманитарен, пријателски фудбалски натпревар меѓу српската и македонската фудбалска репрезентација, по што ќе следи и посета на Црвена звезда во Скопје. „Да помогнеме колку што можеме, за сите добри, прекрасни души, за децата“, посочува Панчев во изјава за Спорт Клуб. „Последниот ден од викендот се слушнав со Пикси Стојковиќ, која има безброј обожаватели во Скопје и низ Македонија, и предложив да се организира натпревар меѓу репрезентациите. Тој веднаш ме поддржа, а идејата беше едногласно одобрена од раководните структури на Српската фудбалска федерација. Ви благодарам. Срцето ми се…
Author: saso
Одбојкарската федерација на Македонија ги одложува натпреварите од редовните кола предвидени за престојниот викенд (22/23 март) во сите натпреварувачки категории, како и заостанатите натпревари коишто требаше да се одиграат во текот на оваа работна недела, во знак на сочувство и солидарност кон семејствата на загинатите и настраданите во трагедијата во Кочани. Владата на Македонија на вчерашната седница донесе одлука за седумдневна жалост на територијата на цела држава по страшната трагедија која се случи во Кочани. Предвидените натпревари, согласно Календарот за натпреварување, како и заостанатите натпревари ќе се одиграат во средината на следната недела во договор со клубовите.
Екипата на Њукасл вчера го победи Ливерпул со 2:1 во финалето на Лига Купот на Англија со што го освои првиот голем трофеј по цели 70 години. Капитенот, Бруно Гимараеш, изјави, дека тоа бил најдобриот ден во неговиот живот. „Нашиот успех е за сите навивачи. Тие заслужуваат се. Кога првпат дојдов реков дека сакам да го запишам моето име во историјата” – рече Бразилецот. „Ова е мојата прва година како капитен и најдобриот ден во мојот живот. Неверојатно е. Сега Њукасл е како мој втор дом“ – рече Гимараеш.
По големата трагедија која ја погоди Македонија, нашите фудбалски репрезентативци во мирна и тивка атмосфера денеска се собраа во Скопје на стартот на квалификациите за Светското првенство 2026. Поради целокупната ситуација и со почит кон семејствата на починатите во трагедијата во Кочани, нашите фудбалери побараа од новинарите да бидат поштедени од изјави и коментари за мечот в сабота со Лихтенштајн. Репрезентацијата попладнево ќе го одржи првиот тренинг.
Информираме дека традиционалниот Меморијален атлетски крос – “Методи Веновски – Мето“ кој требаше да се одржи на 22 март (сабота) се откажува заради прогласувањето на седум дневна жалост по големата трагедија која што се случи во Кочани. Новиот датум на одржување ќе биде дополнително објавен. Сочуство до семејствата на настраданите во Кочани.
Федерација на училишен спорт на Македонија изрази длабоко жалење до семејствата на жртвите и до настраданите во трагичниот пожар што се случи во Кочани и објави дека во овие тешки моменти нашите мисли и молитви се со семејствата и блиските на настраданите. Поради оваа голема трагедија ФУСМ информираше дека ги одложува сите свои активности во следниве 7 дена.
Уште еден млад спортист е жртва на пожарот во дискотеката во Кочани каде најмалку 59 лица го загубија животот. Станува збор за кошаркарот на третолигашот, Дино Баскет, Петар Ивановски. Ивановски, кој имаше 20 години, кариерата ја почна уште на најмала возраст, освојуваше многу трофеи и оствари многу победи со кочанскиот третолигаш во сите возрасни категории. Ивановски бил момче за пример, вистински борец на теренот, со Дино Баскет освојувал многу трофеи, меѓу нив е признанието за најкорисен играч до 14 години, на стартот на неговата кариера.
Владата на Република Македонија на вчерашната седница прогласи седум дена жалост по големата трагедија која се случи во дискотека во Кочани каде над 59 лица го загубија животот во голем пожар. Сите домашни спортски активности се одложени, а од Фудбалската федерација на Македонија денеска известија дека медиумските активности на македонската репрезентација ќе бидат сведени на минимум, поточно ќе се вршат неопходните обврски. ФФМ информира дека се одложени и пријателските мечеви на Македонија У16 со Естонија во Скопје. „Поради големата трагедија во која животот го загубија многу млади луѓе, Фудбалската федерација на Македонија, во знак на почит и солидарност, праќа информација…
Барселона оваа сезона ќе има голема шанса да постави рекорд по бројот на постигнати голови во една сезона. По победата од 4-2 над Атлетико, тимот на Ханси Флик веќе има 132 гола во 43 натпревари оваа сезона. Најдобриот резултат меѓу сите шпански клубови и припаѓа на Барселона поставен во сезоната 2011/12. Тогаш тимот предводен од Пеп Гвардиола постигна 190 гола на 64 натпревари.
Барселона синоќа направи неверојатен пресврт против Атлетико Мадрид, победувајќи со 4-2 на Метрополитано, иако заостануваше со 2:0 во првото полувреме. Победата беше исклучително важна за Каталонците, а тренерот Ханси Флик не го криеше задоволството од настапот на тимот. „Одигравме добро, но во првото полувреме примивме два гола. И покрај тоа, тимот покажа одличен менталитет. Се боревме напорно и создадовме многу шанси. Среќен сум за тимот и за нашите навивачи”, изјави Флик по натпреварот. Флик изрази благодарност до сите играчи кои влегоа од клупата и дадоа 100% од себе за пресвртот. Тој отворено најави дека Барселона има амбиции за освојување на…
