Author: saso

Манчестер Сити е сериозно заинтересиран за играчот од средниот ред на Барселона, Педри, пренесува Ел Национал. Пеп Гвардиола го стави 22-годишниот шпански фудбалер во списокот на потенцијални засилувања. „Граѓаните“ наводно се подготвени да понудат околу 100 милиони евра за играчот поради евентуалното заминување на Кевин Де Бруин, но претседателот на каталонскиот клуб Жоан Лапорта нема да ја прифати оваа понуда. Според изворот, Лапорта во приватен разговор рекол дека играчот нема да го напушти тимот доколку сам не го побара тоа. Во јануари 2025 година, Педри потпиша нов договор со каталонскиот клуб до летото 2030.

Read More

Селекторот на Аргентина, Лионел Скалони одговори на прашањето дали Лионел Меси ќе игра на Светското првенство во 2026 година. „Да видиме што ќе се случи следно, има уште многу време. Мора да се движиме од натпревар во натпревар, инаку ќе зборуваме за истото до крајот на годината. Треба да го оставиме на мира. Одлуката ќе ја донесе кога тој сака, да не го полудуваме“, изјави селекторот на аргентинската репрезентација. Светското првенство во 2026 година ќе се одржи во САД, Канада и Мексико. Селекцијата на Аргентина обезбеди пласман на турнирот.

Read More

Ѕвездата на Рома, Пауло Дибала се врати во Италија откако беше опериран во Лондон. Аргентинецот заработи повреда на натпреварот против Каљари и беше опериран на тетивата на левото колено. Тој се појави пред новинарите на аеродромот со патерици и во друштво на неговата сопруга Оријана. “Можам да одам без патерици, но лекарите ми рекоа да продолжам да ги користам. Се чувствувам добро, ви благодарам на сите. Со нетрпение очекувам да се опоравам за слоевите од следната сезона”, изјавил Дибала.

Read More

Португалскиот фудбалски стратег Пауло Бенто повеќе не е селектор на фудбалската репрезентација на Обединетите Арапски Емирати. Бенто беше отпуштен ден по победата на ОАЕ со 2-1 над Северна Кореја во осмото коло од групата А од третото коло од азиските квалификации за Светското првенство во 2026 година. „Фудбалскиот сојуз на Обединетите Арапски Емирати одлучи да го разреши селекторот на репрезентацијата Пауол Бенто, заедно со неговиот стручен штаб“, објави Фудбалскиот сојуз на ОАЕ на социјалните мрежи. Бенто (55) ја презеде репрезентацијата на ОАЕ во јули 2023 година. Претходно ги водеше селекциите на Португалија и Јужна Кореја, како и Спортинг, Крузеиро и…

Read More

Англиски Нотингем Форест се вклучи во трката за потписот на нигерискиот напаѓач од екипата на Наполи, Виктор Осимен , кој моментално е на позајмица во Галатасарај. Според информации од Островот, „шумарите“ имаат намера да платат 75 милиони евра за голгетерот на италијанскиот клуб за да ги победат Манчестер Јунајтед и ПСЖ во борбата за 26-годишниот нигериски напаѓач. Галатасарај го донесе Осимхен на позајмица од Наполи во септември минатата година. Оваа сезона напаѓачот има 26 гола и пет асистенции на 30 натпревари во сите натпреварувања.

Read More

Новак Ѓоковиќ рано утрово требаше да ги одмери силите со Себастијан Корда во четвртфиналето на Мастерсот во Мајами, но ова соочување на крајот беше одложено. Имено пред нив имаше неколку драматични мечеви, поточно програмата се одолжи и на крајот беше одлучено битката меѓу Србинот и Американецот да се не одржи во согласност со правилата на АТП, натпреварот да не започне по 23:00 часот по локално време. Новиот термин е веќе одреден, па Ѓоковиќ и Корда ќе играат вечерва од 21:30 часот. Победникот ќе игра со Григор Димитров кој по драма и скоро три часа игра го доби Франсиско Серундоло од…

Read More

Младиот репрезентативец на Македонија, Матеј Гаштаров, денеска за првпат се најде и во сениорскиот тим на белградска Црвена Звезда. Репрезентативецот на Македонија до 19 години, остана на клупата за резерви на мечот со ОФК Београд во рамките на 1/8-финалето на Купот на Србија, кој неговиот тим го доби со 5:3. Ова е првпат Гаштаров да добие шанса да биде со сениорите на српскиот првак на официјален меч. Матеј настапува за младинските тимови на белградските „црвено-бели“ и со посветена работа трпеливо ја чека својата шанса. Тој оваа сезона беше и редовен дел од младинскиот тим на Црвена Звезда кој настапи и…

Read More

Денеска Ракометната федерација на Македонија ја одржа ждрепката за првото елиминациско коло од Купот на Македонија во машка конкуренција. Вкупно 29 екипи ќе се натпреваруваат во ова издание на најмасовното македонско натпреварување. Првото коло ќе го скокнат ланскиотосвојувач Алкалоид, како и шампионот Еурофарм Пелистер и вицешампионот Вардар 1961. Двојките за првото коло: Аеродром – Македонија Ѓорче Петров Мулти Есенс – Преспа Вардар Текстилец – Прилеп Бутел Скопје – Металург РА Радовиш – Скопје Кичево – Пролет Овче Поле – Фруитленд Борец Охрид – Шампион Тиквеш – Јехона МРК Куманово – Астраион Хендбол Младост – Струга Вардар Неготино – Партизан 2016…

Read More

Возачот на Мекларен, Оскар Пјастри е победник на денешната трка за Големата награда на Кина во Формула 1. Австралиецот ја забележа својата трета победа во кариерата на патеката во Шангај, при што неговиот тимски колега Ландо Норис заврши на второто место. Третото место му припадна на возачот на Мерцедес, Џорџ Расел, додека актуелниот светски шампион Макс Верстапен од Ред Бул целта ја мина четврти. Петтата и шестата позиција им припаднаа на возачите на Ферари, Шарл Леклер и Луис Хамилтон , додека поени освоија и Естебан Окон (Хаас), Андреа Кими Антонели (Мерцедес), Александар Албон (Вилијамс) и Оливер Берман (Хас) . Во генералниот поредок по две трки, Норис води со 44 бодови, Верстапен е втор со 36 бодови.

Read More

Француски судија ќе ја дели правдата на вториот меч на Македонија во квалификациите за СП 2026. Во вторник го дочекуваме Велс, а на центарот во Скопје ќе биде 38-годишниот француски судија Жером Бризар, кој редовно суди во домашниот шампионат, а последните европски натпревари му се Борац Бања Лука-Рапид Виена во Конференциската Лига и Плзен-Ференцварош во Лига Европа. Помошници ќе му бидат Ерван Фанжан и Алекси Оже, четврти арбитар ќе биде Ромен Лисорг. Во ВАР собата ќе бидат Бастиен Дешепи и Ерик Вателие.

Read More