Најдобриот стрелец во Бундеслигата, Хари Кејн сонува да ја освои Лигата на шампионите со Баерн (М). Во очекување на четвртфиналните дуели, Англичанецот не крие дека силно посакува на крајот на сезоната да го крене победничкиот пехар во своите раце. „Освојувањето на Лигата на шампионите е сон. Сонот на целиот мој живот. И оваа година имаме можност да го направиме тоа, дома, пред нашите навивачи. Мислам дека таква победа би била уште поспецијална. Ни претстои голем двомеч, тежок натпревар во четвртфиналето против Интер, затоа треба да бидеме подготвени. Знаеме дека ако е наш ден, можеме да победиме секого. Имаме доволно силен…
Author: saso
Голем број Формула 1 тимови размислуваат да го вратат Серхио Перез во Ф1 шампионатот. Поранешниот возач на Ред Бул зборуваше за потенцијално враќање во гридот во 2026 година. „Ако најдам проект кој ќе ме мотивира целосно, тим кој верува во мене, кој ја цени мојата кариера, моето искуство и се што можам да донесам, тоа може да ме привлече. Затоа си давам најмалку шест месеци да ги разгледам сите понуди и да одлучам за следниот чекор во кариерата. Има многу интересни проекти. По Абу Даби ми пријдоа неколку екипи. Сезоната започнува токму сега, па може да се појават некои опции…
Фабио Паратичи е многу блиску до назначување за спортски директор на Милан. Извршниот директор на „росонерите“, Џорџо Фурлани отпатува за Лондон за да се сретне со поранешниот спортски директор на Јувентус и Тотенхем. Договорот со Паратичи би можел да биде склучен уште денеска, пренесува новинарот Пепе Ди Стефано. Фабио Паратичи имаше слична улога во Тотенхем од 2021 до 2023 година. Во 2023 година, тој доби 2,5-годишна суспензија за финансиска измама додека работеше во Јувентус. Суспензијата наскоро истекува и тој ќе може да се врати на фудбалска функција.
Манчестер Јунајтед, наводно, успеал да направи неколку конкретни разговори со агентот на напаѓачот на Ипсвич Таун, Лиам Делап, околу можноста за преселба на младиот фудбалер на „Олд Трафорд“ ова лето. Англискиот репрезентативец до 21 година импресионираше со настапите за Ипсвич оваа сезона, постигнувајќи десет голови во Премиер лигата и покрај севкупните проблеми на неговиот тим. Не е премногу изненадувачки фактот дека големите клубови го следат Делап, а на Манчестер Јунајтед во трката за него му се придружија и Ливерпул и Челзи, кои исто така имаат свои планови за евентуалниот трансфер на младиот голгетер. Сепак, една од предностите што „црвените ѓаволи“…
Европската ракометна федерација одлучи неодиграниот натпревар од 1/4 финалето на ЕХФ Европскиот Куп меѓу Партизан од Белград и АЕК од Атина да се преигра и тоа на неутрален терен, најверојатно без публика. Локацијата за новата средба не е потврдена, а има шанса тоа да биде Скопје каде што нема да биде првпат да се организира меч на неутрален терен кога е српска екипа во прашање, но има и други опции како Сегед, Темишвар итн. ЕХФ најави дека детално ќе го разгледува случајот за мечот во Белград и дополнително ќе донесе и други одлуки, кои ќе бидат поврзани со парични казни,…
Возачот на Мекларен, Оскар Пјастри рече дека ги има сите квалитети за да стане шампион. Во очекување на продолжението на годинешната сезона, Пјастри во интервју зборуваше за неговите амбиции. „Уживам во ситуацијата каде што има очекувања и притисок. Дефинитивно не сум во овој спорт само за да возам. Овде сум затоа што сакам да станам светски шампион. Во последните неколку сезони, докажав – пред сè себеси, а не на некој друг – дека го имам она што е потребно. Мислам дека сè уште не сум го достигнал врвот на моите способности, но правам се што можам за да стигнам таму…
Ерлинг Халанд постигна еден гол, но не го доигра натпреварот во ФА Купот со Борнмут и беше повлечен по еден час игра. Норвежанецот го повреди зглобот и мораше да излезе и покрај тоа што се обиде да „стисне заби“, а неговата здравствената состојба носи нови проблеми за Пеп Гвардиола во сезоната исполнета се безброј тешки повреди. Шпанскиот стручњак има шанси да остане без својот прв напаѓач во пресрет на пресудните два месеци во кои Сити ќе брка топ четири пласман и титула во ФА Купот, а деталните медицински прегледи на кој ќе подлегне ќе дадат повеќе информации за степенот на…
Голема тепачка остана во фокусот на ноќешните случувања во НБА лигата. Седум кошаркари беа исклучени на натпреварот Минесота – Детроит, а меѓу нив и поранешниот аргентински репрезентативец, а сега помошен тренер на „волците“ – Пабло Приџони. На 8:36 минути пред крајот на втората четвртина, Наз Рид беше фаулиран од Рон Холанд и двајцата се степаа. Во тепачката се вклучија играчи и официјални лица од двата тима, а на крајот од тепачката дел од играчите завршија на трибините. За Минесота, покрај Рид и Приџони, исфрлен беше и Донте ДиВинченцо, а за Детроит исклучувања добија тренерот Џеј Бикерстаф и играчите Холанд, Исаја…
Италијанецот Франческо Бањаја е победник на третата трка од сезоната во Мото ГП шампионатот која доцна синоќа зсе возеше на патеката во Остин, САД. Возачот на Дукати ја оствари 40-та победа во кариерата, а 30-та во првата класа. Бањаја возеше со подобро темпо од претходните две трки, а во четвртиот круг изби на второто место пред Алекс Маркез, но и тогаш се чинеше дека Марк Маркез е недостижен иако практично имаа исто темпо. Марк Маркез направи голема грешка во деветтиот круг и излета од патеката, а Бањаја во тој момент го презема водството и успеа да ја задржи првата позиција.…
Претседателот на Реал Мадрид, Флорентино Перез минатата сезона им исплатил 40 милиони евра на играчите како бонуси за постигнување успех, објави весникот Марка. Според инфирмациите, играчите на „кралскиот клуб“ добиле 900 илјади евра за победата во финалето од минатата Лига на шампиони. Во тој натпревар Реал Мадрид ја победи Борусија Дортмунд со 2-0. Раководството на Реал Мадрид планира да им исплати значителни бонуси на играчите доколку успеат да го повторат успехот и оваа сезона. Некои од информациите велат дека „кралскиот клуб“ ќе исплати по 650 илјади евра за победа на Светското клупско првенство што ќе се одржи ова лето, а…
