Author: saso

Тибо Куртоа им даде голема надеж на фановите на Реал Мадрид со објавата дека е целосно подготвен за натпреварот на неговиот тим во Лигата на шампионите на гости против Арсенал вечерва. Белгиецот патува за Лондон, но неговото учество на првиот четвртфинален натпревар останува под сомнеж откако ги пропушти последните три натпревари поради повреда на коленото. Во пресрет на натпреварот на неговиот тим на Емирати, Куртоа им рече на новинарите: „Јас сум целосно здрав и се чувствувам добро. Тоа не беше голем проблем, па можев да тренирам во сала и следниот ден откако бев на теренот, така што се чувствувам добро…

Read More

Рускиот хокеар Александар Овечкин (39) го собори рекорд за кој се мислеше дека никогаш нема да биде соборен. Овечкин стана најдобар стрелец во историјата на НХЛ со својот 895 гол во најсилната хокеарска лига во светот во дресот на Вашингтон Капиталс. На овој начин тој го собори рекордот на најдобриот хокеар во историјата, Вејн Грецки, кој беше во публиката и му аплаудираше на Русинот за овој успех. Она што е особено интересно е што Грецки во кариерата одиграл 1.487 натпревари, а синоќа Овечкин го одигра точно 1.487. меч и го надмина легендарниот Канаѓанец за еден гол.

Read More

Големата ѕвезда на Реал (М), Килијан Мбапе изјави дека не планира да го напушти Реал Мадрид. „Има добри понуди, но мислам само на Мадрид. Сакам да успеам овде“, изјави напаѓачот на Реал Мадрид. На 46 натпревари од дебитантската сезона за мадридскиот клуб во сите натпреварувања, Французинот постигна 32 гола и 4 асистенции.

Read More

Новиот тренер на Јувентус, Игор Тудор, по ремито со Рома изјави дека тоа е сосема солиден резултат. Тој призна дека се надевал дека неговиот тим ќе замине со трите бода од ова гостување, но и ремито не е толку лош резултат против опасен тим како „волчицата“. Хрватот верува дека неговиот тим е на вистинскиот пат. „Треба да примаме помалку голови од корнер. Не помага тоа што ни недостасуваат играчи како Бремер, Гати и Кабал. Кога пристигнав, продолжив да го користам истиот одбранбен метод во овие ситуации што беше наметнат досега. Очигледно треба многу да се работи и да се подобри.…

Read More

На седум кола пред крајот на првенството, Брера Струмица остана без тренер. По последниот пораз од Вардар, струмичани се последни на табелата, а досегашниот тренер на тимот Тони Атанасов поднесе оставка. Тренерот на младинската екипа не победи на ниту еден натпревар и освои само два бода од можните 24, па по Бојан Круљ и Горазд Михаилов, следува и трета тренеска смена во струмичкиот клуб.

Read More

Викендов во Будо центарот “Недеви” беше одржан 57-от. МТКФ Државен шампионат во кати во традиционално карате. На шампионатот учествуваа околу 90 каратисти од 15 клуба од Македонија. Победници во кати во своите категории станаа: Берта Милевска кај сениорките, Матеј Мангаровски – јуниори, Камелија Недев – кадетки. На 18 мај 2025 година ќе се одржи државниот шампионат во кихон и кумите за сите возрасни категории, а на 31 мај и 1 јуни во Неа Мудања, Грција ќе се одржи 37-от. ЕТКФ Европски шампионат за сениори, јуниори и кадети и 7-от. ЕТКФ Европски куп за деца.

Read More

Менаџерот на Астон Вила, Унаи Емери, изјави дека неговата екипа со самодоверба ќе патува во Париз на првиот натпревар од четвртфиналето на Лигата на шампионите, откако ја забележа седмата победа по ред. Вила патува кон Париз на можеби најголемиот европски судир во историјата на клубот по поразот од Јувентус во 1982. „Мотивирани сме, возбудени сме! изјави Унаи Емери, кој е поранешен тренер на Пари Сен Жермен, а сега како ривал се враќа во француската престолнина. „Јасно е дека тие се фаворити, но ние ќе се обидеме да ги одиграме овие два натпревари подготвувајќи се што е можно подобро. Ќе се…

Read More

Запрашан за серијата без постигнат гол во дресот на Ливерпул на првата ѕвезда, Мо Салах, менаџерот на „црвените“, Арне Слот вели: „Луѓето зборуваат за тоа и можеби тој треба да го гледа како комплимент бидејќи кога постигнуваше редовно гол неговата статистика беше извонредна. Доброто кај Мо е тоа што знае каков играч е. Мо повторно ќе се докаже, не сум загрижен за тоа“, изјави тренерот на Ливерпул. На 31 натпревар од сезоната во Премиер лигата , Салах има 27 гола и 17 асистенции.

Read More

На кошаркарот на Анадолу Ефес, Родриге Бобоа, му беше дијагностицирано делумно кинење на мускул во пределот на потколеницата и ќе биде принуден да пропушти најмалку шест недели од кошаркарските терени. Анадолу Ефес со тоа го загуби еден од клучните играчи во тимот за најважниот дел од сезоната. Повредата на Бобоа дојде додека се обидуваше брзо да се врати во одбрана на мечот со Црвена звезда во Белград.

Read More

Грчкиот репрезентативен кружен напаѓач Николас Лапис и официјално е нов член на ГРК Охрид. Од клубот денеска го потврдија трансферот, во обид следната сезона да формираат моќен ростер кој ќе ја засили конкурентноста за шампионската титула. Лапис е 25-годишен ракометар висок 192 сантиметри, а доаѓа од грчкото првенство каде настапуваше во дресот на Олимпијакос. Првиот пивот на грчката репрезентација се обврза на верност од минимум 2 години со ГРК Охрид.

Read More