Во пресрет на трката за Големата награда на Саудиска Арабија, раководството на земјата зборуваше за потенцијалното учество со својот тим во Формула 1. Принцот Калид бин Фајсал Ал Сауд најави дека може да се случи Саудиска Арабија да купи еден од тимовите во натпреварувањето. „Тоа може да се случи и тоа брзо ако има раст во Ф1. Формула 1 тим се купува за да се заработат пари, особено ако е купен од некоја од компаниите на суверениот фонд на Саудиска Арабија. Не е лесно да се каже каков тим да се купи и како да се управува со него. Но,…
Author: saso
Менаџерот на Арсенал, Микел Артета изјави дека неговиот тим мора да даде се од себе за да ја одбрани предноста од 3:0 против Реал Мадрид од првиот натпревар од реваншот од четвртфиналето во Лигата на шампионите. Артета инсистира дека неговиот тим мора да биде храбар и да не се плаши од атмосферата на стадионот Бернабеу вечерва. „Мораме да го покажеме вистинскиот менталитет за да победиме. Да бидеме храбри, да бидеме доминантни и одлучни. Мораме да бидеме убедени дека можеме да бидеме подобри од нив и да го добиеме натпреварот“, вели менаџерот на „топчиите“.
Најомразениот човек как навивачите на Далас Маверикс, Нико Харисон, се уште изјавува дека воопшто не се кае за трејдот на Лука Дончиќ. „Не жалам за размената. Дел од мојата работа е да го правам најдоброто за Маверикс, не само денес туку и во иднина, а некои од одлуките што ќе ги донесам нема да бидат популарни. Ова е моја работа и морам да се држам до неа. Убавината на Далас е во тоа што има страстни фанови. За да ги постигнеме нашите цели, потребна ни е оваа база на навивачи. И искрено, секој договор што сум го направил откако сум…
Артем Довбик и Лоренцо Пелегрини најверојатно ќе си заминат од Рома на крајот на сезоната. Високите плати на двајцата се една од причините поради која управата на Рома се подготвува за нивна продажба. Украинскиот голгетер забележа пристојни бројки, но никогаш не беше влијателен во клучните натпревари на тимот. Раководството очекуваше малку повеќе со оглед на инвестицијата од 35 милиони евра. Довбик и може да остане во Рома поради економски причини и немање алтернативи, но тоа ќе зависи од нивниот следен тренер, додека заминувањето на Пелегрини е далеку поизвесно. Пелегрини последен пат постигна гол на почетокот на јануари и тоа го…
Избраниците на Симоне Инзаги, фудбалерите на Интер, вечерва ќе треба само да избегнат пораз на домашен терен од Баерн Минхен за да се пласираат во полуфиналето на ЛШ. Тренерот на „нероаѕурите“ знае дека ништо не е решено и ќе бара од фудбалерите да почнат како да е 0:0. „Дали има притисок? Да, но повеќе од голема гордост за начинот на кој се развива сезоната. Знаеме дека ќе биде многу тешко, ќе мора да го заборавиме резултатот во Минхен, но не и настапот: ја контролиравме топката, добро се браневме. Ја знаеме вредноста на противникот и ќе мора да одиграме одличен натпревар.…
Британската тенисерка Хариет Дарт се извини поради неумесните изјави на мечот со Французинката Лоис Боасон, кога ја навреди изјавувајќи дека таа „мириса навистина лошо“ за време на нејзиниот дуел на турнирот во Руан. Дарт, која загуби од Боасон со 6-0 6-3, беше фатена во преносот како бара од судијата да и каже на Боасон да користи дезодоранс, за време на промената на страните во вториот сет. „Можете ли да ја замолите да стави дезодоранс? Мириса навистина лошо“, се слушна како Дарт му вели на судијата. Коментарот веднаш предизвика бурни реакции на социјалните мрежи, што ја натера Дарт да се извини…
Најдобриот макеоднски кајакар Ангел Петрушев и денеска ја продолжи доминацијата на 56. издание на Илинденскиот кајак слалом (ИКАС). На патеката Матка крај Скопје денеска на програмата беа трките кои се бодуваа за Светската ранг листа, а Петрушев повторно ја потврди доминацијата во дисциплкината К1 освојувајќи го првото место, исто како и на вчерашната трка ИКАС. Петрушев денеска заврши пред Канаѓанецот Пери кој го освои второто место, додека трет финишираше Ѓорѓевиќ од Србија. Нашиот Стефан Рибарски имаше одлично возење и денеска заврши на 5. место. Во женска конкуренција во К1 победи Словенката Ула Скок, пред Џемаили од Косово и Сепрењи од…
Еден од најдобрите македонски атлетичари низ историјата, Дарио Ивановски денеска на маратонската трка на ЕП на друмски патеки во Белгија, успеа да го освои 13. место во силна конкуренција на 42 маратонци. Ивановски маратонската трка ја истрча за 2:14,12 часа, а на истата победи Италијанецот Илијас Ауани со време 2:09,05 часа. На ова ЕП во женска конкуренција настапи и Адријана Поп Арсова која на трката на 10 километри заврши на 74. место.
Гарсија Пимиента повеќе не е тренер на Севиља, соопштија од клубот. Утрово тој беше известен за одлуката на раководството, донесена неколку часа по четвртиот последователен пораз во Ла Лига од Валенсија. Тимот се наоѓа на 13. место во поредокот со 36 бодови. „ФК Севиља му се заблагодарува на Гарсија Пимиента за неговата работа во последните неколку месеци, како и за неговиот професионализам и му посакува успех во неговите идни напори“, напишаа од клубот.
По една година пауза Карлос Алкараз успеа да освои Мастерс турнир, а тоа се случи токму денеска откако во финалето на турнирот во Монте Карло успеа да го победи Лоренцо Мусети со 2:1 во сетови. Со овој трумф Карлито се проби на второто место на АТП листата, додека и натаму убедливо на првото место е Јаник Синер.
