Author: saso

NBA

Очекувајќи го стартот на плеј-офот, една од главните ѕвезди на ЛА Лејкерс, Лука Дончиќ вели дека Лејкерси имаат шанса да освојат титула оваа година. „Мислам дека имаме одличен тим. Нашите момци се подготвени за борба. Сите се собраа и тимската хемија беше висока. Така што мислам дека сигурно имаме шанси“, изјави словенечката НБА ѕвезда. Лејкерси во првата рунда од плеј-офот за противник го имаат тимот на Минесота. Првата средба е на програмата во недела.

Read More

Јувентус сериозно работи на трансферот на Сандро Тонали од Њукасл. Фудбалерот е проценет на 60-70 милиони евра, а Јувентус бара начин како да ги исполни и неговите барања за враќање во Италија. Во фокусот на Јуве остануваат и Ретеги и Лука. „Газета дело Спорт“ тврди дека клубот од Торино се обидува да го засили својот тим со италијански играчи, а играчот од средниот ред на Њукасл е на врвот на листата на цели. Спортскиот директор Кристијано Џунтоли веќе почна да работи на трансферот.

Read More

Тренерот на Комо, Цеск Фабрегас, ги отфрли наводите на италијанските медиуми дека ќе биде нов тренер на Милан или Рома следната сезона. „Можам да ве уверам, никој не ми се јавил“, изјавил Шпанецот. Фабрегас го одведе Комо од промоција од Серија Б во Серија А и тие моментално се движи кон безбедната зона на средината на табелата во италијанската елита. Тоа донесе многу шпекулации кои го поврзуваат со неколку нови работни места во тимовите од Серија А следната сезона, пред се Рома и Милан, но во игра се споменуваше и германски РБ Лајпциг.

Read More

Хуан Пабло Монтоја вели дека ќе биде многу изненаден ако Верстапен остане во Ред Бул и следната година. Поранешниот пилот во Формула 1, предвидува заминување на Верстапен од Ред Бул на крајот на оваа година. Монтоја верува дека Макс Верстапен ќе го напушти Ред Бул за да се пресели во Мерцедес или Астон Мартин. „Ќе бидам многу изненаден доколку Верстапен остане во Ред Бул следната година. Всушност, постојат само две можни сценарија за Макс. Прашањето е дали сака да победи или сака да заработи многу пари и, можеби, да победи во исто време? Ако Макс сака да победи, ќе мора…

Read More

Ливерпул се повеќе се доближува до идејата да тргне во обид да го купи напаѓачот на Ајнтрахт Франкфурт, Хуго Екитике. Овој голгетер од Бундеслигата дури може да стане и главна трансфер цел на „црвените“ ова лето. Талентираниот млад Французин навистина го привлече вниманието на голем број европски гиганти со 21 погодок и осум асистенции во сите натпреварувања досега оваа сезона, со голема веројатност следната сезона да биде уште подобар. Извори блиски до Ливерпул велат дека скаутите на главниот кандидат за титулата во Англија биле присутни синоќа во Франкфурт за да го гледаат Екитике на мечот со Тотенхем, а исто така…

Read More

Младите ракометари на шампионот Еурофарм Пелистер со победа ги започнаа настапите во ЕХФ Лигата на шампионите за младинци на турнирот во Романија. Во премиерниот натпревар од ЕХФ Лигата на шампиони за млади, со одлична игра, битолските „зелено-бели“ високо ги поразија нивните врсници од екипата на Киелце од Полска. Еурофарм Пелистер славеше со 37:29 во натпревар во кој одлично издание имаше Алем Хаџиќ, кој средбата ја заврши со 14 постигнати гола. Одлично издание имаше и Буторац со 7 и Лозановски со 5 гола.

Read More

Екипите на Газели Волеј и Пелистер Волеј од следната сезона ќе имаат прволигашки статус, односно ќе се натпреваруваат во Првата женска лига. Двата тима ова првенство доминираа во второлигашкото друштво, а по синоќешното затворање на сезоната тие и официјално го заверија своето место во најсилното натпреварување од септември. Одбојкарките на Газели Волеј, шампионски си „газеа“ кон Првата лига, со оглед на тоа дека имаат 20 победи во исто толку одиграни натпревари сезонава и само три загубени сета. Пелистер Волеј, пак, како второпласиран тим на табелата се „сели“ меѓу прволигашите. Битолскиот состав исто така одигра одлично првенство, со само два порази…

Read More

Одбојкарките на Работнички Скопје ќе ја бранат шампионската титула во Првата женска лига. Пласманот во финалето девојките на Душко Деспотовски го потврдија откако во „мајсторката“ од полуфиналето на плеј-офот со 3:0 (25:17, 25:23, 25:23) го совладаа тимот на Наковски Волеј. Со вкупен резултат 2:1 во победи скопскиот тим ќе атакува на нова шампионска круна. За разлика од претходните два натпревари од серијата кога победникот беше познат дури по пет сета, во третото соочување во „Борис Трајковски“, Работнички Скопје презентираше шампионски менталитет. Влезе сигурно и решително во дуелот, во кој немаше поправен. Наковски Волеј, иако се обидуваше да возврати и да…

Read More

Вечерва на нашиот најголем стадион ќе се одигра најавениот хуманитарен пријателски натпревар меѓу Вардар и Црвена ѕвезда. Средбата почнува од 20 часот и се очекува да го следат над 20.000 навивачи од трибините на Националната арена. Целокупниот приход од продажбата на билети ќе биде дониран во хуманитарни цели – конкретно за помош на семејствата погодени од трагедијата што неодамна се случи во Кочани. И Вардар и Ц. Звезда вечерва најавија интересен дуел на кој треба да се појават и дел од легендите на двата тима, меѓу кои имаше и такви кои го носеа дресот и на двата клуба.

Read More

Серу Гираси синоќа го собори рекордот на Халанд и Левандовски по бројот на постигнати голови за Борусија во Лигата на шампионите. Репрезентативецот на Гвинеја вчера направи хет-трик на мечот со Барселона и дојде до бројката од 13 постигнати гола во ЛШ оваа сезона. Со тоа, голгетерот го собори клупскиот рекордот на Борусија Дортмунд. Претходно, Роберт Левандовски во сезона 2012/13 и Ерлинг Халанд во сезоната 2020/21 постигнаа по 10 гола за клубот во една сезона од Лигата на шампионите.

Read More