Author: saso

Директорот на Ф1 тимот на Вилијамс, Џејмс Воулс, вели дека тимот нема ресурси да ги реши проблемите со болидот оваа сезона бидејќи фокусот е веќе на болидот за 2026 година. „Сè уште има делови во нашиот болид кои не функционираат совршено. Мислам дека нашиот болид го нема балансот каков што им е потребен на возачите, но ние сме малку ограничени во ресурсите во моментов. Она што е добро кај Карлос е што и тој и Алекс размислуваат подеднакво, така што ја имаме вистинската насока. Мислам дека има некои работи што можеме да ги спроведеме оваа сезона. Но, некои одлуки ќе…

Read More

Англиската престолнина Лондон ќе поднесе кандидатура за домаќин на Светското првенство во атлетика во 2029 година, потврдија организаторите, со најавата објавена во позадина на 45-от Лондонски маратон. Новоформираниот конзорциум, Athletic Ventures – партнерство помеѓу UK Athletics (UKA), Great Run Company и London Marathon Events – ја заврши физибилити студијата пред поднесувањето на формално Изразување на интерес до Светската атлетска федерација во септември. Предложената понуда е условена со обезбедување 52,5 милиони евра владино финансирање. Заедничката изјава на британската атлетска асоцијација градоначалникот Садик Кан и Атлетик Венчрс на Британија, предвидува дека економското и социјалното влијание од организацијата на шампионатот би можело да…

Read More

Денешниот ден требаше да биде квалитетно загревање за утрешното „Ел Класико“ и пресметката во финалето на шпанскиот Куп, а наместо тоа на речиси 24 часа до дуелот Реал Мадрид се заканува со бојкот на натпреварот. Прес-конференцијата на судиите и посебно изјавата на главниот ВАР судија донесе голема тензија и незадоволство во таборот на Реал Мадрид, па клубот ги откажа сите претходно најавени активности планирани за денеска. Дополнително, од федерацијата беше побарано итно да има промена на судиите, но тоа барање е одбиено во рок од неколку часа. Реал Мадрид се уште не ја исклучува опцијата за бојкот на финалето, иако…

Read More

Дисциплинската комисија при Фудбалската федерација на Македонија денеска донесе одлука ФК Воска Спорт да биде казнет со одземање на 9 (девет) бодови од вкупниот број на освоени бодови во тековната натпреварувачка сезона од Прва МФЛ и парична казна од 2.500,00 евра поради напуштање на натпреварот со ФК Вардар во рамките на 28. коло од Прва МФЛ; ФК Воска Спорт АД се казнува со парична казна во износ од 5.000,00 евра поради слаба организација на натпреварот со ФК Вардар АД од 28. коло во Прва МФЛ; Нефи Усеини – претседател на ФК Воска Спорт АД се казнува со забрана на вршење…

Read More

Денеска во „куќата на фудбалот“ се одржа седница на Управниот одбор на Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) на која беа донесени повеќе одлуки: – Управниот одбор на ФФМ донесе одлука финалето од Купот на Македонија да се одигра на Националната арена „Тодор Проески“ во Скопје. Финалниот натпревар меѓу екипите на Вардар и Струга Трим Љум ќе се одигра на 21. мај со почеток во 20:00 часот. – Управниот одбор на ФФМ донесе одлука за отпочнување на постапка за проект воспоставување ВАР – Фаза 2 и отпочнување на постапка за проект воспоставување ВАР – Фаза 3. Управниот одбор на ФФМ донесе…

Read More

Англиски и германски клубови покажаа сериозен интерес за 22-годишниот играч од средниот ред на Манчестер Сити, Џејмс Мекати. Нотингем Форест и Баер Леверкузен се во листата на кандидати кои би можеле да го ангажираат играчот од средниот ред, секако доколку Морган Гибс-Вајт и Флоријан Вирц ги напуштат своите тимови. Манчестер Јунајтед , Њукасл и Милан исто така се меѓу клубовите кои наводно се заинтересирани за Мекати, но засега нема информации за конкретни активности по ова прашање. Оваа сезона играчот од средниот ред одигра 13 натпревари во Премиер лигата и постигна 3 гола.

Read More

Денеска, беше претставен комплетно реновираниот и опремен оддел за висцерална и абдоминална хирургија, на Универзитетската клиника за хируршки болести „Св. Наум Охридски“ во Скопје, во вредност од околу 4 милиони денари – донација на компанијата Спорт Лаиф обложувалници. Проектот започна во 2024 година и опфати целосна обнова на внатрешноста и модернизација на електричните и санитарните инсталации на одделот. Оваа година, Спорт Лаиф обезбеди дополнителни средства за опремување на истиот простор со 24 нови двомоторни медицински кревети со огради, нови душеци, нов болнички мебел и стативи за инфузија. Согласно потребите на болницата беа обезбедени и 50 декубитални душеци, 100 лепенки, 10…

Read More

Вечното ракометно дерби меѓу Еурофарм Пелистер и Вардар има голем влог за двата тима, затоа што победа вечерва ќе значи и чекор поблизу до шампионскиот трон. На средина на суперлигашкиот плејоф, Еурофарм Пелситер влегува како првопласиран тим на табелата со еден бод повеќе од Вардар, па јасно е дека и двата тима имаат огромен императив за победа. Никола Митревски како еден од најискусните во двата тима направи своја најава за денешното големо дерби за „Спортското радио 90,3 ФМ“ посака фер и коректна игра, како и спектакл со две навивачки групи на трибините. „Атмосферата е одлична како пред секое големо дерби…

Read More

Нема сомнежи дека Виктор Осимен ќе биде голема трансфер цел на Јувентус за следната сезона. Кристијано Џунтоли го стави нигерискиот напаѓач на врвот на својата приоритетна листа и наскоро ќе започне офанзива со оглед на тоа дека играчот не е дел од плановите на Наполи и има јасни економски услови. Клаузула од 75 милиони евра е примамлива за големите клубови, а Јувентус е во првите редови меѓу заинтересираните клубови. Сепак за да го врати Осимен во Италија ќе мора да ја победи конкуренцијата од неколку клубови кои тропаат на вратата на опкружувањето на фудбалерот во последните недели. Меѓу нив, најагресивен…

Read More

Новиот премиерлигаш Лидс Јунајтед би можел да го отпушти тренерот Даниел Фарке и покрај промоцијата во Премиер лигата. Според „Дејли Меил“ раководството на клубот се сомнева дека тренерот ќе може да обезбеди опстанок на тимот во највисоката дивизија следната сезона. Конечната одлука се уште не е донесена, бидејќи промената на тренерот може да има непријатни последици, вклучително и од гледна точка на навивачите и атмосферата во клубот. Сепак, Лидс сега ги разгледува можните кандидати за тренерското место. Фарке е еден од најуспешните менаџери во историјата на Чемпионшип, кој го предводеше не само Лидс, туку и Норвич Сити двапати до промоција.…

Read More