Author: saso

Интер сериозно ја следи ситуацијата со 23-годишниот напаѓач на Парма, Матео Пелегрино. Тој е ставен како потенцијална трансфер цел за летниот преоден рок. Пелегрино, кој дојде во Парма од Велез Сарсфилд во јануари 2025 година, импресионираше со три гола во осум натпревари во Серија А, помагајќи и на Парма во борбата за опстанок во елитата. Интер, кој сака да го засили својот напад со помлади таленти поради истекувањето на договорите со играчи како Марко Арнаутовиќ, Хоакин Кореја и евентуално Мехди Тареми, го додаде Пелегрино на својот список, но ќе мора да ја добие битката со уште неколку клубови кои ќе…

Read More

На 54-годишна возраст синоќа почина Николче Здравески, една од најголемите легенди на фудбалскиот клуб Победа од Прилеп, човек со кои се врзани најголемите успеси на прилепскиот тим во самостојна Македонија. Здравески беше капитен на Победа за време на првата шампионска круна на прилепскиот тим, а потоа и тренер на тимот кога ја освои и втората титула. Ја предводеше екипата на Победа на легендарните натпревари против Парма во 2000 година. Целата кариера ја мина во прилепскиот тим, како фудбалер, потоа стана и капитен, на крајот и како тренер. Работеше и како координатор на младинската школа на фудбалската гордост на Прилеп. Кратко…

Read More

Тренерот на Милан, Серхио Консеисао, ќе го напушти тимот на лето, без разлика што ќе се случи во тековната сезона. Иднината на стратегот во клубот веќе е одлучена. Во случај на пораз во финалето на Купот на Италија со Болоња, тој ќе биде отпуштен од функцијата со одлука на раководството, а во случај на победа и освојување на трофејот, тој сам ќе ја напушти својата позиција, поднесувајќи оставка. Милан моментално е на деветтото место на табелата во Серија А. Под водство на Португалецот, клубот го освои Суперкупот на Италија.

Read More

Голманот на Арсенал, Давид Раја, се огласи по тесниот пораз на неговиот тим од Пари Сен Жермен со 0-1 во првиот натпревар од полуфиналето на Лигата на шампионите. „Пари Сен Жермен започна многу брзо со гол. Тие доминираа во првите 15 минути, но потоа мислам дека ја контролиравме играта. Имавме шанси, а Донарума направи неколку брилијантни одбрани. Ќе биде подобро во Париз. Знаеме дека ова не е се што можеме да дадеме“, рече Раја. Реваншот на „Паркот на принцовите“ е за една недела, на 7 мај (среда), а Лондончани сè уште имаат шанса за пресврт, во што голманот на „топчиите“…

Read More
NBA

По синоќешниот натпревар меѓу Индијана и Милвоки кој го добија Пејсерс и со 4:1 во партии обезбедија пласман во второто коло од плеј-офот, се случи инцидент во кој беа вклучени главната ѕвезда на Милвоки, Јанис Адетокумбо и таткото на најдобриот играч на Индијана, Тајрис Халибартон. Вербалната пресметка за малку ќе преминеше и во физичка. Плејмејкерот на Индијана Пејсерс, одговори на инцидентот во кој беа вклучени неговиот татко и крилниот центар на Милвоки, истакнувајќи дека целата случка бара длабока дискусија. „Не можам да кажам дека мојот татко постапил правилно во оваа ситуација… Тоа бара дискусија“, изјавил Тајрис.

Read More

Француски Пари Сен Жермен го победи лондонски Арсенал со 1-0 на гостински терен во првиот натпревар од полуфиналето на Лигата на шампионите за сезоната 2024/2025. Така, екипата на Луис Енрике постави рекорд меѓу француските клубови во 21 век. Според статистиката, ПСЖ стана првиот француски клуб во последните 34 години што победил на гостински терен во полуфинале на Лигата на шампионите. Последен пат нешто вакво се случи на натпреварот меѓу Олимпик Марсеј и Спартак Москва во 1991 година (3:1), кога Олимпик (М) успеа да се пласира во финалето на ЛШ каде беше поразен од белградска Црвена Звезда, тогаш предводена од нашите…

Read More

Десниот бек на Јувентус, Андреа Камбиасо (25) е многу блиску до преселба во Англија. Според информациите од Апенините, за 25-годишниот дефанзивец сериозен интерес има од новиот англиски шампион Луверпул, кој во него гледа идеална замена за Трент Александар-Арнолд. Според информациите и Манчестер Сити исто така го следи италијанскиот фудбалер. Се нагласува дека „Старата дама“ го проценува Камбијасо на 40-45 милиони евра. Оваа сезона, дефанзивецот одигра 39 натпревари на сите турнири, во кои постигна два гола и направи три асистенции. Тековниот договор со италијанскиот клуб му е со важност до летото 2029 година.

Read More

Ракометарите на Алкалоид вчера направија историски подвиг со пласманот во финалето на ЕХФ Европскиот куп. Утре во Виена ќе се одржи ждрепката на која ќе се одлучи дали првиот натпревар од финалето ќе се игра во Грција или во Македонија. Според распоредот, првиот финален натпревар ќе се одигра на 17/18 мај, додека новите шампиони ќе го подигнат трофејот на 24/25 мај по реваншот од финалето. Противник на Алкалоид во финалето ќе биде грчки АЕК.

Read More

Вчера во Варна, Бугарија, се одигра хуманитарен-пријателски меч меѓу легендите на макеоднскиoт и бугарскиот фудбал, а се за поддршка на настраданите во страшната трагедија која се случи во Кочани. По натпреварот кој заврши со победа на ветераните на Македонија од 3:2, старите пријатели имаа заедничка дружба. Некогашниот репрезентативец и селектор на Македонија, Бошко Ѓуровски, го изненади најголемото име на бугарската фудбалска сцена, Христо Стоичков со еден подарок од неговиот клуб Црвена звезда каде од неодамна е лидер на ветераните на белградскиот клуб.

Read More

Напаѓачот на Интер, Маркус Турам поради повреда нема да може да учествува во полуфиналниот натпревар од Лигата на шампионите против Барселона (30 април). Ова го објави новинарот Паскал Гуаро на социјалната мрежа Х (поранешен Твитер). Прес-службата на италијанскиот клуб објави дека на францускиот фудбалер му било дијагностицирано функционално истегнување на мускулите на левата надколеница. Според Гуаро, под закана е и учеството на Турам во натпреварот од 35. коло од италијанскиот шампионат против Верона, кој ќе се одигра на 3 мај. 27-годишниот напаѓач би требало да се врати на реваншот против каталонскиот клуб (6 мај). Турам оваа сезона одигра 44 натпревари…

Read More