По синоќешниот натпревар меѓу Индијана и Милвоки кој го добија Пејсерс и со 4:1 во партии обезбедија пласман во второто коло од плеј-офот, се случи инцидент во кој беа вклучени главната ѕвезда на Милвоки, Јанис Адетокумбо и таткото на најдобриот играч на Индијана, Тајрис Халибартон. Вербалната пресметка за малку ќе преминеше и во физичка.
Плејмејкерот на Индијана Пејсерс, одговори на инцидентот во кој беа вклучени неговиот татко и крилниот центар на Милвоки, истакнувајќи дека целата случка бара длабока дискусија.
„Не можам да кажам дека мојот татко постапил правилно во оваа ситуација… Тоа бара дискусија“, изјавил Тајрис.

