Author: saso

Торино вчера не успеа да ја победи Венеција на домашен терен, во натпревар од Серија А на кој нашиот репрезентативец Елиф Елмас повторно беше стартер и одигра цел натпревар за „биковите“. Македонецот не успеа да реализира, но продолжува да покажува дека игра во одлична форма и се наметнува за останување во италијанскиот клуб и по крајот на сезоната. Елмас дојде на заем од РБ Лајпциг, а претседателот на Торино, Урбано Каиро, синоќа зборувал за откупувањето на неговиот договор. – Се уште е рано да зборуваме за преодниот рок, има време за тоа. – Ми се допаѓа Елмас, има одличен втор…

Read More

Големото хрватско дерби меѓу Хајдук и Динамо секогаш е натпревар со висок ризик и се преземаат посебни мерки од страна на властите и лицата задолжени за безбедност, а полицијата има полни раце работа уште пред стартот на мечот кој е закажан во 16:00 часот. Стадионот „Пољуд“ ќе ги отвори вратите за двата лути хрватски ривали, но пред да дојде ред за главните актери од двата тима, навивачките групи направиле една жестока најава за тоа што следи. Хулиганите од редовите на „Торцида“ и „Бед Блу Бојс“ рано утрово организирале договорена тепачка и режирале хаос во областа Пујанка во Сплит, при што…

Read More

Напаѓачот на Интер, Лаутаро Мартинез, нема да игра во реваншот од полуфиналето на Лигата на шампионите против Барселона, објави „Скај Италија“. Според изворот, на 27-годишниот Аргентинец му е дијагностицирано истегнување на мускулот, кое го претрпел на првиот натпревар против Каталонците. Мартинез оваа сезона одигра 47 натпревари, постигна 21 гол и имаше 6 асистенции.

Read More

Реал Мадрид покажува интерес за Тео Ернандез. 27-годишниот играч на Милан е една од опциите на „кралскиот клуб“ за засилување на позицијата лев бек. Се верува дека овој трансфер би исполнил неколку посакувани параметри за Мадрид: возраст, услови на договорот и лесна адаптација, пишува Ас. Договорот помеѓу Французинот и италијанскиот клуб е со важност до 2026 година.

Read More

Информациите од Италија тврдат дека Милан сè уште се надева дека ќе го назначи Тони Д’Амико за нов спортски директор на клубот, и покрај неподготвеноста на Аталанта да го пушти да си замине, а најновите информации тврдат дека Маурицио Сари ќе стане водечки кандидат за следен тренер на „росонерите“. Милан сè уште е во потрага по нов спортски директор и нов главен тренер кој ќе го замени Серхио Консеисао за сезоната 2025-26. Начелно, „росонерите“ постигнаа договор со поранешниот извршен директор на Јувентус и Тотенхем, Фабио Паратичи, во април, но тој подоцна беше отпуштен поради правни компликации. Исто така, имаше серија…

Read More
NBA

Индијана му забрани на таткото на Тајрис Халибартон да ги гледа натпреварите на својот син. По разговорите меѓу таткото на Тајрис Халибартон и раководството на Индијана Пејсерс, донесена е одлука дека Џон Халибартон нема да присуствува на домашните или гостинските натпревари во догледна иднина, изјави портпаролот на тимот за ESPN. Одлуката ја донесе раководството на Пејсерс. Џон Халибартон ја прифатил одлуката, откако во петтиот натпревар против Милвоки влезе на теренот за време на прославата и за малку ќе се пресметаше со ѕвездата на Милвоки Бакс, Јанис Адетокумбо.

Read More

Францускиот шампион ПСЖ е прв фаворит за освојување на Лигата на шампионите на УЕФА во сезоната 2024/25, по одигрувањето на првите полуфинални дуели. Според пресметките на суперкомпјутерот на Опта, засилени од нивната победа од 1-0 над Арсенал во првиот натпревар и поволниот домашен натпревар во вториот натпревар, ПСЖ е прв фаворит за пласман во финалето, но и Барселона останува силен кандидат за трофејот. Комбинирајќи ги проекциите на Опта, квалитативната анализа на формата и натпреварите, му даде на ПСЖ 38% шанси за освојување на ЛШ оваа сезона. Втор фаворит и покрај оние 3:3 на домашен терен со Интер е екипата на…

Read More

Дваесет и три екипи, вклучувајќи 18 екипи од UCI WorldTeams и 5 UCI ProTeams ќе се натпреваруваат на годинешното издание на најпрестижната велосипедска трка, Тур Д’ Франс. Според најавата годинава на трката се пријавени вкупно 184 возачи. Според анализите, фаворити се Тадеј Погачар, Јонас Вингегард, Ремко Евенепул и Примож Роглич. Се очекува спринтери како Јаспер Филипсен и Бинијам Гирмај да се насочат кон рамните етапи, додека искачувачите ќе се борат на Пиринеите, Алпите, Јура и Масивот Централ. Тур де Франс 2025, 112-то издание на трката, ќе стартва на 5 јули и ќе заврши на 27 јули. Стартот ќе биде во…

Read More

Најдобрата светска тенисерка во моментов, Арина Сабаленка, стигна до финалето на четвртиот турнир по ред. На турнирот во Мадрид, таа ја победи Елина Свитолина со 6:3, 7:5 и успеа да се пласира во финалниот меч каде ја чека меч со Американката Коко Гауф. Претходно, во Индијан Велс и Штутгарт, Сабаленка не успеа да ја освои титулата, губејќи во финалето, но во Мајами го крена победничкиот пехар. Таа, исто така, двапати ја освои титулата во Мадрид, во 2021 и 2023 година. Таа стана третата тенисерка што стигнала до финале на Индијан Велс, Мајами и Мадрид во иста сезона – по Марија…

Read More

Манчестер Јунајтед активно размислува за трансфер на германскиот репрезентативец Џонатан Тах ова лето, дознава „Скај Спортс њуз“ . На дефанзивецот на Баер Леверкузен, кој настапи во над 50 натпревари за клубот и репрезентацијата оваа сезона, му истекува договорот на крајот на јуни. Баерн Минхен, Реал Мадрид и Барселона го следат 29-годишникот, кој објави дека ќе си замине од Леверкузен ова лето. Јунајтед сега се позиционира како кандидат за неговиот потпис, бидејќи има за цел да ја подобри својата игра и резултати во Премиер лигата следната сезона. Сепак, шансите на Реал Мадрид за трансфер на Тах би можеле да бидат зголемени…

Read More