Индијана му забрани на таткото на Тајрис Халибартон да ги гледа натпреварите на својот син.
По разговорите меѓу таткото на Тајрис Халибартон и раководството на Индијана Пејсерс, донесена е одлука дека Џон Халибартон нема да присуствува на домашните или гостинските натпревари во догледна иднина, изјави портпаролот на тимот за ESPN.
Одлуката ја донесе раководството на Пејсерс. Џон Халибартон ја прифатил одлуката, откако во петтиот натпревар против Милвоки влезе на теренот за време на прославата и за малку ќе се пресметаше со ѕвездата на Милвоки Бакс, Јанис Адетокумбо.

