Тренерот на Кливленд Кавалирс, Кени Аткинсон ја доби наградата „Ред Оербах“ за најдобар тренер во сезоната 2024/25. 46 од 100 новинари што гласаа во изборот го ставија Кени Аткинсон на прво место. Џ.Б. Бикерстаф од Детроит заврши втор со 31 глас, а Име Удока од Рокетс заврши трет со 7 гласа. Аткинсон му помогна на тимот да постави клупски рекорд и да го освои второто место во регуларната сезона 24/25 со скор од 64 победи и 18 порази. Ова е четвртиот тренер кој во својата прва година со клубот ја добил оваа награда, а трет тренер на Кливленд кој ја…
Author: saso
По освојувањето на својата прва Мастерс титула во кариерата, Норвежанецот Каспер Руд откри што чувствувал по триумфот во Мадрид. Во финалето тој го победи Џек Дрејпер со 7:5, 3:6, 6:4. Пред ова, Норвежанецот загуби шест претходни големи финалиња. – Тоа беше мешавина од олеснување, радост и чиста среќа. Последните неколку години на турнеја покажаа колку е тешко да се настапи добро на најголемите турнири. Никогаш не сум успеал да стигнам до самиот крај и да ја освојам титулата, но овој пат го направив тоа. Многу сум горд на оваа недела во Мадрид бидејќи ја задржав концентрацијата во текот на целиот…
Македонската ракометна репрезентација попладнево го означи стартот на подготовките за последните квалификациски дуели против Естонија на гости и Литванија на домашен терен, кои ќе одлучат дали нашиот национален тим ќе се пласира на ЕП 2026 година. Селекторот, Кирил Лазаров се соочува со бројни проблеми за овие два меча. Покрај Мартин Велковски денеска проблем пријави уште еден ракометар на Алкалоид, Марко Стојковиќ. Засега не е познато дали ќе се приклучи на тимот нешто подоцна или воопшто нема да биде на располагање. Лазаров нема да повика дополнително нови имиња, бидејќи скратениот список го сочинуваат 21 ракометар. Од претходно поради повреди беше познато…
Македонската таеквондистка и олимпијка, Милијана Рељиќ освои сребрен медал и нови 7,20 поени за олимписката ранкинг листа за квалификации за Лос Анџелес 2028. Во првото коло во рамките на Меѓународниот таеквондо турнир „Шведска опен“ Г-1, Рељиќ беше поуспешна со 2:0 од домашната натпреварувачка Нора Хогфелт, а во второто коло ја победи и шведската репрезентативка Тиндра Андерсон со 2:0 во рунди. Во полуфиналето Мила издвојува победа над Чиа Веи Ванг од Тајпеј со 2:1 во рунди. Во финалето за жал беше поразена од Дора Мештровиќ од Хрватска. Од ТКД Тигри настапи и Горјан Бадаровски кој освои бронзен медал во категорија семиори…
Манчестер Сити е заинтересиран за играчот од средниот ред на Нотингем Форест, Морган Гибс-Вајт, тврди Фабрицио Романо. „Граѓаните“ се надеваат дека ќе постигнат напредок во преговорите за Англичанецот во наредните недели. Се верува дека личните услови на 25-годишникот нема да бидат проблем. Можеби ќе има проблем во преговорите со Нотингем, затоа што клубот не сака да се раздели со еден од своите најдобри играчи. Морган Гибс-Вајт има одлична сезона и е една од главните причини зошто Форест има шанси да се квалификува за Лигата на шампионите.
Реал Мадрид разгледува опции за продажба на напаѓачот Родриго за време на летниот преоден рок, објави „Релево“. Според изданието, мадридскиот клуб е подготвен да ги разгледа сите понуди кои ќе почнуваат од 100 милиони евра. Манчестер Сити и Арсенал се заинтересирани за 24-годишниот Бразилец. Пред потенцијалното заминување, Родриго сака да разговара со Чаби Алонсо, кој би можел да го предводи Реал, за да дознае каква би била неговата улога во тимот. Договорот на Родриго истекува во летото 2028 година.
Ханси Флик и неговиот тренерски тим добија добри вести пред решавачкото гостување кај Интер во полуфиналниот реванш натпревар меѓу двата тима во Лигата на шампионите. По вртоглавиот нерешен резултат од 3:3 во првиот натпревар пред една недела, Интер и Барса повторно се соочуваат еден со друг следнава недела, за да одлучат кој ќе оди во финалето. Флик ќе може да се потпре на својата ѕвезда Гави, иако беше принуден да биде заменет на натпреварот против Ваљадолид за време на викендот. Информациите велат дека сепак, проблемите за шпанскиот играч од средниот ред не се сериозни и тој ќе патува со својот…
Менаџерот на Арсенал, Микел Артета, призна дека дефанзивецот Тимбер би можел да го пропушти претстојниот реванш натпревар од полуфиналето на Лигата на шампионите против Пари Сен Жермен поради повреда. Играчот не беше во групата за натпреварот против Борнмут, кој Арсенал го загуби со 1:2 и останува под знак прашалник за клучниот судир во Париз во среда. Тимбер, кој се опоравува од сериозна повреда на коленото здобиена на почетокот на минатата сезона, одигра 83 минути во првиот натпревар против ПСЖ пред да биде заменет од Бен Вајт.
Раководството на ФК Гостивар одлучи да се повлече од Првата македонска фудбалска лига. За ова одлука гостиварци синоќа ја информираа јавноста преку соопштение. Тимот на Гостивар минатата недела го напуштија теренот при негатива од 2:1 против Работнички, по што добија казна од ФФМ. Одземени им се девет бода, претседателот и тренерот беа казнети со забрана од две години вршење на спортска дејност, а исто така Гостивар во следните 10 меча како домаќин требаше да ги игра надвор од својот стадион. Исто така сите фудбалери кои беа во записникот парично се казнети. Претходно и тимот на Воска Спорт реши да се…
Тренерот на Реал Мадрид, Карло Анчелоти, ја промени својата позиција и веќе ја прифати понудата да ја преземе функцијата тренер на бразилската репрезентација, објави „Диарио АС“. Иако одби минатата недела, италијанскиот специјалист сега постигна конечен договор со претседателот на Бразилската фудбалска конфедерација, Едналдо Родригез. Според информациите, потпишувањето на договорот се очекува да се случи на 12 мај – денот по дербито со Барселона, кое би можело да биде одлучувачко за исходот од Ла Лига. Италијанецот сепак ќе остане на чело на Реал до крајот на сезоната.
