Тренерот на Кливленд Кавалирс, Кени Аткинсон ја доби наградата „Ред Оербах“ за најдобар тренер во сезоната 2024/25.
46 од 100 новинари што гласаа во изборот го ставија Кени Аткинсон на прво место. Џ.Б. Бикерстаф од Детроит заврши втор со 31 глас, а Име Удока од Рокетс заврши трет со 7 гласа.
Аткинсон му помогна на тимот да постави клупски рекорд и да го освои второто место во регуларната сезона 24/25 со скор од 64 победи и 18 порази. Ова е четвртиот тренер кој во својата прва година со клубот ја добил оваа награда, а трет тренер на Кливленд кој ја освоил наградата. Претходно, вакво признание добија и Бил Фич (1975/76) и Мајк Браун (2008/09).

