Author: saso

Поранешниот менаџер на Евертон, Шон Дајч е кандидат за тренерското место во испаднатиот Лестер, објави „ТокСпорт“. „Лисиците“ се очекува да се ослободат од Холанѓанецот Ван Нистелрој на крајот на сезоната и ќе мора да бараат нов менаџер. Ван Нистелрој има договор до 2027 година, но веројатно ќе го напушти стадионот „Кинг Пауер“. „ТокСПОРТ“ дознава дека Шон Дајч е меѓу кандидатите да го врати тимот експресно во елитата. Тој двапати го носеше Барнли во Премиерлигата, пред да се приклучи во Евертон во 2023 година.

Read More

Усман Дембеле од редовите на францускиот шампион ПСЖ прогласен за играч на сезоната во Лига 1. Националниот сојуз на професионални фудбалери (UNFP) одржа церемонија на доделување награди за најдобрите играчи, тренери и судии кои работат во Франција или ја претставуваат во странство. За најдобар играч во Лига 1 беше прогласен Усман Дембеле, а за најдобар млад фудбалер е прогласен неговиот партнер во нападот, Дезире Дуе. Најдобар голман оваа сезона во Франција е Лукас Шевалие од Лил, најдобар тренер Луис Енрике од ПСЖ, а најдобар француски играч во странство е прогласен Килијан Мбапе од Реал Мадрид.

Read More

Ханси Флик стана само вториот тренер во историјата кој успеал да забележи четири победи на првите четири „Ел Класико“ натпревари против Реал, учинок кој Германецот го поправи на вчерашниот дуел против ривалот од шпанската престолнина. Победата вчера од 4:3 значи дека Барселона ја делат само два бода од математичко обезбедување на трофејот, нешто што може да се случи веќе во следното коло во кое каталонците играат градско дерби против Еспањол. Флик е свесен дека неговиот тим со новата победа е на прагот од големо достигнување, но запрашан за се она што се случуваше на теренот, Ханси не пропушти да го…

Read More

Чаби Алонсо ќе биде новиот тренер на Реал Мадрид, потврди „Марка“. Според авторитативното издание, договорот е потврден. Актуелниот тренер на Баер Леверкузен ќе потпише тригодишен договор со „белите“. „Кралскиот клуб“ ќе мора да плати и откупна клаузула за баскискиот специјалист, чиј договор со германскиот клуб е за уште една сезона. Раководството на Реал Мадрид, исто така, постигна договор за разделба со Карло Анчелоти. Последниот натпревар на италијанскиот тренер како тренер на „белите“ ќе биде на 25 мај на домашен терен против Реал Сосиедад. Натпреварот е од последното коло на Ла Лига, а се очекува тренерот да добие големо испраќање. Се…

Read More

Ливерпул нема да се откаже од отштета за предвременото заминување на Трент Александер-Арнолд во Реал Мадрид „Црвените“ се незадоволни што дефанзивецот ќе му се придружи на мадридскиот клуб како слободен агент и ќе биде ослободен само доколку Реал плати комплензација за настапот на Трент на Светското клупско првенство кое започнува на 14 јуни, објави „Кадена Копе“. Договорот на Англичанецот со Ливерпул е до 30 јуни, но Реал Мадрид се надева дека Трент ќе го има своето деби за Мадрид на 18 јуни во натпревар против Ал-Хилал. Реал Мадрид е подготвен да им плати на „црвените“ отштета за Трент во износ…

Read More

Македонската ракометна репрезентација денеска во Талин (18 ч.) против Естонија го игра еден од двата клучни натпревари за пласман на Европското првенство 2026. Селекторот Кирил Лазаров го одреди составот кој ќе ѝ се спротистави на Естонија, а во него се најд еповратникот на нашиот гол, Мартин Томовски, но и дебитантот Мартин Ивановски. За пласман на ЕП, Македонија денеска мора да слави.

Read More

Шпекулациите за заминувањето на Антонио Конте од клупата на Наполи го натераа претседателот на наполитанците, Де Лаурентис, активно да се вклучи во потрага по нов тренер. Според италијанските портали, Наполи може да го смени тренерот ова лето, па доколку тоа се случи прв на листата на посакувани замени за Конте е Масимилијано Алегри. Претседателот Аурелио Де Лаурентис е во активен контакт со Алегри, со кого има одлични односи. „Наполитанците“ моментално се на чело на италијанското првенство пред Интер со три бода на три кола до крајот на сезоната и имаат реални шанси да ја освојат титулата. За Конте се шпекулира…

Read More

Најдобриот македонски автомобилист, Игор Стефановски Иџе овој викенд со нова трка од ФИА Европскиот шампионат на ридски патеки (еHC). Летечкиот Македонец во ФИА Европскиот шампионат на ридски патеки (еHC), овој викенд ќе ја вози третата трка. Ќе вози на патеката Рампа Да Фалепра во португалската Брага. За него оваа патека е добро позната, шампионски освојувана. Стефановски по првите две трки во ФИА Европскиот шампионат на ридски патеки е трето место во генерален пласман од сите натпреварувачи. „Со силна возбуда, сакам да најавам дека очекувам добра трка. Посакувам да постигнеме одличен резултат. Патеката Рампа Да Фалпера добро ја познавам. Двапати бев…

Read More

Дефанзивецот на Пари Сен Жермен, Ашраф Хакими, му се заблагодари на тренерот Луис Енрике за пласманот во финалето на Лигата на шампионите. „Луис Енрике заврши неверојатна работа откако дојде. Тој изгради фантастичен тим, а тоа бара многу работа. Тој е мајстор на својот занает“, рече Хакими. „Многу луѓе не веруваа во нас, но ние го направивме тоа. Работевме напорно, ние сме тим, ние сме семејство, го заслужуваме овој момент, сите навивачи, сите Парижани“, додаде мароканскиот репрезентативец, кој го постигна вториот гол за својот тим во победата од 2-1 над Арсенал во полуфиналниот реванш. ПСЖ се пласираше во финалето на Лигата…

Read More
NBA

Поранешната ѕведа на НБА лигата, 64-годишниот Бајрон Скот, кој сега работи како тренер, е обвинет за силување на 15-годишна ученичка во 1987 година. Самиот Скот кој тогаш имал 26 години, наводно го посетил училиштето каде што се случил инцидентот за време на прослава спонзорирана од тимот. Тужбата е поднесена во 2022 година, а на 1 мај судијата го откри името на обвинетиот. Според жртвата, Скот ја заклучил во помошната просторија на теретаната и ја силувал. Поранешниот кошаркар не го негира фактот за сексуален контакт, но наведува дека мислел дека ученичката веќе имала 18 години. Во времето на инцидентот, Скот бил…

Read More