Author: saso

По потврденото заминување на Трент Александер-Арнолд, Ливерпул е на пат да се раздели и со уште еден свој играч. Станува збор за резервниот голман Каоимин Келехер. Според пишувањата на англискиот печат, се очекува резервниот голман да замине од тимот ова лето, особено што во Ливерпул доаѓа Гиорги Мамардашвили, кој уште минатото лето беше купен од Валенсија за 38 милиони долари и моментално е на позајмица во шпанскиот тим. Тој ќе го замени Келехер како заменик на Алисон Бекер. Алисон, кој ја потврди својата посветеност на Ливерпул, има договор до 2027 година.

Read More

Арсенал не стигна до финалето на Лигата на шампионите и 19-та година по ред. Тимот на Микел Артета загуби двапати од ПСЖ во полуфиналето – 0:1 и 1:2, со што не успеаја да добијат шанса да се борат за престижниот трофеј. „Топчиите“ никогаш во својата историја не ја освоиле Лигата на шампионите или Европскиот куп. Тие стигнаа до финалниот натпревар само во 2006 година, и загубија од Барселона (1:2).

Read More

Италијанскиот тенисер Фабио Фоњини објави дека ќе игра на Мастерсот во Рим за последен пат. Италијанецот има 37 години и е на 107-то место во светот. „Како дете доаѓав тука како навивач и си мислев: Се надевам дека еден ден ќе играм тука. Сега сум на таа страна. Мислам дека е вистинско време да се збогуваме со овој прекрасен град. Сакам да им дадам простор на младите играчи, така е. Имав одлична кариера и сум среќен, но како и сè, има почеток и крај. Се насмевнувам затоа што знам дека кога имав 15, 16, 20 години имав многу тешки времиња…

Read More

Наполи е на пат да потпише со белгискиот репрезентативец Кевин де Брујне. Според новинарот Џанлука Ди Марцио, како и Џанлуиџи Бањуло од „Скај Спорт“, Наполи е сериозно заинтересиран за потписот на Белгиецот. Договорот на играчот од средниот ред со Манчестер Сити истекува на крајот од сезоната, по што тој ќе го напушти клубот. Се тврди дека „Наполитанците“ ќе се обидат да го доведат Кевин за следната сезона. Клубот се потпира на одличниот однос на играчот со неговиот соиграч од Белгија, Ромелу Лукаку. Се забележува дека 33-годишниот фудбалер сака да остане во Европа. Покрај тоа, Де Брујне наводно веќе има понуда…

Read More

Со победата од 2:1 против екипата на Работнички, Шкендија и официјално е новиот фудбалски шампион на Македонија. Попладнево во Тетово во мечот од 31. Коло тетовци славеа над Работнички и дојдоа до 4 бода предност пред Силекс на две кола до крајот на шампионатот. Шкендија ја осигура петтата шампионска круна со оглед на тоа што има четири бода предност пред второпласираниот Силекс, а во следното коло треба да игра со екипата на Гостивар. Но, откако гостиварци се откажаа од шампионатот, Шкендија следното коло ќе добие службена победа од 3-0, поради што уште од сега е јасно дека веќе осигураа доволна…

Read More

Од Фудбалската федерација на Македонија денеска објавија ново соопштение по вчерашните случувања на мечот Кожуф – Башкими во Втората македонска фудбалска лига. „Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) продолжува со интензивна постапка за утврдување на неправилностите поврзани со натпреварот од 28. коло во Втора МФЛ меѓу ФК Кожуф и ФК Башкими. По добиени сознанија и укажувања од раководителот на одделот за безбедност и заштита на интегритетот во рамки на ФФМ, веднаш беше отпочната постапка, а изјавите од службените лица на натпреварот (главен судија, тројца помошници, контролор на судии, делегат на натпревар, комесар за безбедност од ФФМ) се веќе добиени. Тие се…

Read More
NBA

Кошаркарите на Бостон синоќа поставија анти-рекорд во НБА плејофот по бројот на обиди за и промашени тројки Во првиот натпревар од полуфиналната серија на Истокот против Њујорк, Селтикс се обидоа со дури 60 шутеви од далечина, од кои промашија неверојатни 45 обиди. Дерик Вајт шутираше 5 од 16 за три поени, Џејсон Тејтум 4 од 15, додека Џејлен Браун имаше само една тројка од дури 10 обиди. Претходниот рекорд го држеше Минесота со 40 промашени обиди за три поени во плеј-оф натпревар.

Read More

Масимилијано Алегри и Маурицио Сари се чини остануваат главни фаворити за тренерското место во Милан следната сезона. Информациите од Апенините велат дека пред се поради нивната достапност, педигрето во Серија А и усогласеноста со непосредната потреба на Милан за стабилност, овие двајца тренери се во фокусот на управата на тимот. Роберто Де Зерби е силен кандидат за долгорочен проект, но неговата сегашна улога во Марсеј може да ја одложи неговата кандидатура. Антонио Конте, кој исто така се споменува како можно решение, засега е недостапен поради неговиот договор со Наполи. Конечната одлука за новиот тренер, веројатно ќе зависи од визијата на…

Read More

Последните проценки и на букмејкерите, но и на Формула 1 аналитичарите, велат дека оваа сезона ќе имаме нов шампион во најсилното авто-мото натпреварување. Според последните анализи објавени на стартот на оваа недела, победникот на трката за ГН на Мајами, Оскар Пјастри до крајот на сезоната ќе освои од 380 до 420 поени што за него ќе значат освојување на шампионскиот наслов. Неговото моментално водство, брзината на Мекларен и смиреното возење забележано како „минимална врева, максимална концентрација“ го позиционираат како главен фаворит да ја освои својата прва титула, освен ако не се случат поголеми изненадувања, сметаат аналитичарите. Шампион кај конструкторите се…

Read More

Легендарниот менаџер на Арсенал, Арсен Венгер е против системот на УЕФА во кој победникот на Лигата на Европа се квалификува за Лигата на шампионите за следната сезона. Во првото полуфинале од Лигата на Европа, англиските тимови победија: Манчестер Јунајтед го победи Атлетик на гостински терен (3:0), а Тотенхем го победи Бодо-Глимт дома (3:1). Ова би можело да остави два англиски клуба во финалето, од кои едниот би се квалификувал директно во Лигата на шампионите следната сезона. Во исто време, Манчестер Јунајтед моментално го зазема 15-то место во англиското првенство, а Тотенхем е 16-ти. Венгер беше прашан дали смета дека е…

Read More