Кошаркарите на Бостон синоќа поставија анти-рекорд во НБА плејофот по бројот на обиди за и промашени тројки
Во првиот натпревар од полуфиналната серија на Истокот против Њујорк, Селтикс се обидоа со дури 60 шутеви од далечина, од кои промашија неверојатни 45 обиди.
Дерик Вајт шутираше 5 од 16 за три поени, Џејсон Тејтум 4 од 15, додека Џејлен Браун имаше само една тројка од дури 10 обиди.
Претходниот рекорд го држеше Минесота со 40 промашени обиди за три поени во плеј-оф натпревар.

