Последните проценки и на букмејкерите, но и на Формула 1 аналитичарите, велат дека оваа сезона ќе имаме нов шампион во најсилното авто-мото натпреварување. Според последните анализи објавени на стартот на оваа недела, победникот на трката за ГН на Мајами, Оскар Пјастри до крајот на сезоната ќе освои од 380 до 420 поени што за него ќе значат освојување на шампионскиот наслов. Неговото моментално водство, брзината на Мекларен и смиреното возење забележано како „минимална врева, максимална концентрација“ го позиционираат како главен фаворит да ја освои својата прва титула, освен ако не се случат поголеми изненадувања, сметаат аналитичарите.
Шампион кај конструкторите се очекува да биде Мекларен со околу 700 до 800 освоени поени. Нивниот состав на возачи и сигурноста на болидот ги прават јасен фаворит за одбрана на титулата од 2024 година.

