Македонската ракометна репрезентација ги доби противниците за претстојното Европско првенство кое од 15 јануари до 1 февруари 2026 година ќе се одржи во Данска, Норвешка и Шведска. Избраниците на Кире Лазаров се најдоа во тешката група „Б“ во дански Хернинг, каде покрај домаќинот Данска за ривали ќе ги имаме и Португалија и Романија. Според системот на натпреварување, првите две репрезентации од секоја група ќе обезбедат место во главната рунда.
Author: saso
Селекторот на машката одбојкарска репрезентација, Јошко Миленкоски во позитивна атмосфера и оптимистички расположен ги пречека своите избраници попладнево во хотелот „Горан Пандев“ во Струмица. Најтрофејниот одбојкарски стратег на третото враќање на кормилото на сениорите го прифаќа предизвикот да го води тимот во Златната Европска лига, но и евро-квалификацискиот двомеч со Грција и Грузија преку кое „бркаме“ пласман на четвртото во низа Европско првенство. „Предизвик секогаш имало и ќе има, не само кај мене, туку и кај сите играчи. Пречекот беше одличен, расположението е на високо ниво, среќни што повторно ќе работиме заедно. Не очекува тежок распоред и едно долго лето,…
Женската одбојкарска репрезентација на Македонија, денеска го имаше првиот собир во Струмица пред настапите во Европската Сребрена лига. Во одлична атмосфера селекцијата го започнува темпирањето на формата за вториот настап во ова европско репрезентативно натпреварување. „Со девојките кои се дел од репрезентацијата веќе некое време градиме одреден систем на работа. Добро ги познаваме и противниците, мислам дека имаме шанси, тоа се некои репрезентации кои се на наше ниво. Очекувам да одиме чекор по чекор, таков ќе биде договорот и со девојките, чекор по чекор и ќе го видиме на крајот резултатот. Сигурен сум дека ќе се бориме за се –…
По две години пауза, македонскиот ракометен Куп својата завршница повторно ќе на има во Охрид. Завршниот турнир ќе ги нагости најдобрите ракометни состави во нашата земја, а тоа се домаќинот Охрид, Алкалоид, Еурофарм Пелистер и Вардар. Истиот е закажан за 31 мај односно 1 јуни. Првичниот план за одигрување на турнирот беше порано, но обврските на РК Алкалоид на меѓународен план ги променија нештата. Полуфиналните двојки пак ќе се одредат преку ждрепка која РФМ ќе ја одржи на 21 мај.
Фудбалската федерација на Македонија денеска објави дека продажбата на билети за финалето во Купот на Македонија започнува преку on-line платформата на ФФМ, https://eticket.ffm.mk. Цената на билетите е 100 денари (јужна и северна трибина) и 50 денари за западна трибина (наменета за навивачите на ФК Вардар). Во среда на 21 мај, Вардар и Струга ТЛ ќе тргнат во битка за освојување на националниот куп-пехар.
Фудбалерот на Нотингем Форест, Таиво Авонији е ставен во медицински индуцирана кома. Авонији заработи повреда на стомакот откако удри во стативата за време на ремито 2-2 со Лестер во 36-тото коло од Премиер лигата. Напаѓачот се обиде да го блокира центаршутот од Итон Еланг на крајот од натпреварот и се повреди сериозно. 27-годишниот фудбалер се врати на теренот, но набрзо беше принуден да го напушти. Нотингем Форест денес соопшти дека Авонији бил подложен на итна операција и дека „добро се опоравува“. Според „Дејли меил“, Нигериецот е во индуцирана кома. Лекарите велат дека во најлошите случаи, ваквите повреди можат да бидат…
Фудбалерот на Нотингем Форест, Таиво Авонији е ставен во медицински индуцирана кома. Авонији заработи повреда на стомакот откако удри во стативата за време на ремито 2-2 со Лестер во 36-тото коло од Премиер лигата. Напаѓачот се обиде да го блокира центаршутот од Итон Еланг на крајот од натпреварот и се повреди сериозно. 27-годишниот фудбалер се врати на теренот, но набрзо беше принуден да го напушти. Нотингем Форест денес соопшти дека Авонији бил подложен на итна операција и дека „добро се опоравува“. Според „Дејли меил“, Нигериецот е во индуцирана кома. Лекарите велат дека во најлошите случаи, ваквите повреди можат да бидат…
Македонската ракометна репрезентација од третиот шешир ќе ги чека противниците за ЕП 2026. Според системот со кој ЕХФ ги одредуваше шеширите, истите пред ждрепката која е закажана за во четврток треба да изгледаат на следниот начин. 1 Шешир: Франција, Данска, Шведска, Германија, Унгарија, Словенија 2 Шешир: Норвешка, Португалија, Исланд, Хрватска, Шпанија, Ф. Острови 3 Шешир: Австрија, Холандија, Ц. Гора, Чешка, Полска, Македонија 4 Шешир: Грузија, Србија, Швајцарија, Италија, Романија, Украина Групната фаза ќе се одигра во четири градови: Данска (Хернинг, Групи А и Б), Норвешка (Берум, Групи Ц и Д) и Шведска (Малме и Кристијанштад, Групи Е и Ф). Главната…
Возачот на Мерцедес, Џорџ Расел, го поддржа својот поранешен колега од тимот, Луис Хамилтон, кој нема многу успешна прва сезона со Ферари. „Луис е шампион, победник, а во сегашната ситуација не може да го постигне сето ова. Ако Луис се смееше од уво до уво во моментов, луѓето ќе се прашуваа зошто. Отсекогаш сум го почитувал Луис и отсекогаш ми се допаѓал како личност. И не е баш убаво да се види возач кој не ужива во трките. Прашањето е, зошто би требало да ужива во она што се случува? Впрочем, на Луис не му се важни парите, туку резултатите.…
Поранешниот англиски репрезентативец Гери Невил ја пофали работата на Микел Артета во Арсенал. „Да не освоиш ниту еден трофеј пет години, а сепак да бидеш менаџер на тим од Премиер лигата е големо достигнување. Мислевме дека времињата кога беше дозволено такво трпение се завршени. Мислам дека е добро бидејќи обично тренерот е под притисок. Ова е важно во смисла дека забележуваш напредок. Се гледа дека на Арсенал му недостига длабочина, сè уште им недостасува играч од средниот ред кој може да ја прими топката во одбраната, а Арсенал би можел да го види Зубименди како трансфер цел број 1. Парти…
